Русија - смена во надворешната политика?

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.124
Па и Салернитана да се пресели во Македонската прва лига, ќе освојува секоја година титула, а во Италија ќе се бори за опстанок во Сериа Б.
Oк и како оваа глупа констатација го негира фактот дека Русија и Белорусија имаат солуција и дека не треба да чекаат на Уефа ?
Автоматски споено мислење:

Пак ќе ти кажам си ме помешал односно ме стави во некој ќош без да ме читаш што пишувам. Русија и Русите се многу повеќе од еден Путин. Никому ништо, секој си има по некоја дамка. Затоа и смешно е кога играње во Азиски купови се покажува како алтернатива. Испаѓа како Австралија што учествува на Евровизија. Сите знаат дека не им е тука местото.
Иначе и Австралија веќе 15 години игра со азијците квалификации за светско и игра на азиските купови. Зошто нејзе не ја исмевате ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.388
Русија, како и да е, треба да е дел од европските натпреварувања, но нема фрка може да игра и во Азија. Таму игра и Австралија која не е во Азија, а не играат Азербејџан и други, кои се во Азија.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.124
Тотално не си ја разбрал поентата, ништо чудно ни страшно. Пак ќе ти кажам: Русија до сега во своја желба играше во Европа затоа што е дел од Европа. Да игра во Азија ни ќе биде по нивна желба ни ја одсликува реалноста. Едноставно го прави срамот очигледен. Може ете како втора алтернатива да игра во Австралиски континент, со кано овде ќе си навивате - ти за Русија тој за Австралија. Па ќе реди Русија трофеи.
Автоматски споено мислење:


Да, уште да освоеше Европско и така ќе беше.
Русија не се понижува туку бара солуција. Од каде тоа дека престиж е да се игра во Европа ?
Ене ги Бразил и Аргентина не играат во Уефа и што им фали кога пак се најдобри.

Иначе Австралија игра во Азија.
Автоматски споено мислење:

Тотално не си ја разбрал поентата, ништо чудно ни страшно. Пак ќе ти кажам: Русија до сега во своја желба играше во Европа затоа што е дел од Европа. Да игра во Азија ни ќе биде по нивна желба ни ја одсликува реалноста. Едноставно го прави срамот очигледен. Може ете како втора алтернатива да игра во Австралиски континент, со кано овде ќе си навивате - ти за Русија тој за Австралија. Па ќе реди Русија трофеи.
Автоматски споено мислење:


Да, уште да освоеше Европско и така ќе беше.

Ссср имаат освоено европско.
Ссср имаат освоено европско.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Иначе и Австралија веќе 15 години игра со азијците квалификации за светско и игра на азиските купови. Зошто нејзе не ја исмевате ?
A jas ne ja ismevam Rusija. Samo kazuvam kako e sporedbata da igras vo LSH i vo Aziskite natprevaruvanja. Koja e razlikata vo kvalitet, igracki kapacitet itn. Inaku, dosega jas ne slusnav da baraat Rusite nivnite ekipi da ne igraat vo LSH ili LE

I vtoro, zosto da ja ismevam Avstralija, pa normalno deka ke igra tamu, Avstralija ne e vo Evropa pa da mozi da se natprevaruva na Evropsko tlo.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.124
Се чудам да не сум залутал на спортската секција, ама го гледам насловот и јасно ми е дека дискусијата залутала.

Ова овде е егзистенцијална војна за Русија, и кој од вас смета дека фудбал влегува во тој опис - треба да си ги среди малку приоритетите и контактот со реалноста.
Дебатава јас ја отворив што постирав политички пост поврзан со спорт. Најмалку спортскиот аспект беше доведен во прашање. Поентата беше дека "целиот свет" од 54 европски федерации ги изолираа Русија и Белорусија и дека тие одма си најдоа солуција во азиската зона на натпреварување.

"Демокративе " одма се најдоа загрижени за тоа како ќе им опаднел квалитетот на фудбалот ако играле во Азија.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Oк и како оваа глупа констатација го негира фактот дека Русија и Белорусија имаат солуција и дека не треба да чекаат на Уефа ?
Автоматски споено мислење:


Иначе и Австралија веќе 15 години игра со азијците квалификации за светско и игра на азиските купови. Зошто нејзе не ја исмевате ?
Za Avstralija toa e unapreduvanje, za Rusija degradacija.
Автоматски споено мислење:

Русија не се понижува туку бара солуција. Од каде тоа дека престиж е да се игра во Европа ?
Ене ги Бразил и Аргентина не играат во Уефа и што им фали кога пак се најдобри.

Иначе Австралија игра во Азија.
Автоматски споено мислење:


Ссср имаат освоено европско.
Prestiz e sekako. A deka Brazil i Argentina ne se del od UEFA ima pricini - ednata geografska a drugata deka si imaat jaki ligi i se del od kvaliteten kontinentalen sojuz. Inace ako zboruvame za klupsko nivo, togas Evropskite klubovi se totalno dominantni.

Vidi:

1671460492914.png

Inace da, UDSSR ima osvoeno 1960ta, ama toa sepak bese UDSSR.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.686
Поени од реакции
33.855


Русија го менува надворешно политичкиот вектор


Војната во Украина ги расчистува дилемите што ги имаше Русија во последниве дваесетина години на надворешно политички план. Руското раководство многу пати досега изразуваше жалење поради тоа што Западот воопшто не ги зема предвид нејзините барања за гаранции на безбедноста и за соработката воопшто. Но сега веќе нема жалења. Се најавуваат промени. и географски и геополитички. Можеби не промени, туку повеќе реализација на најавите за одење кон Исток со голем багаж. Се менува надворешно политичкиот вектор.

Во октомври пишувавме во „Фактор“ дека, ако се суди според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Русија е решена да го напушти Западот. Урнатите мостови меѓу него и Русија нема да се обновуваат. Во воведното излагање пред новите, млади кадри, кои ќе се вработат во руското министерство за надворешни работи, тогаш, Лавров беше јасен. „ Нема ниту желба, ниту смисла да се сочува претходното присуство во западните земји. Нашите луѓе работат во услови, кои тешко можат да се наречат човечки. Им создаваат постојани проблеми, закани со физички напади. Главно – таму нема работа, откако Европа реши да се затвора за нас и да ја прекине секоја економска соработка. Со сила мил не можеш да бидеш. Земјите од таканаречениот трет свет( во Азија, Африка, латинска Америка), спротивно, имаат потреба од дополнително внимание“, нагласи рускиот министер за надворешни работи.

Минатата недела во Москва се одржа традиционалната средба „Примаковски лекции“. Станува збор за дебатен клуб во чест на поранешниот руски дипломат, министер за надворешни работи и премиер, Евгениј Примаков. Човекот кој практично го најави пресвртот на политиката на Русија кон Западот, посебно кон САД. Дента кога САД и сојузниците од НАТО почнаа, без согласност на ОН, да ја бомбардираат СР Југославија, Примаков, кој беше во авион на пат да ги посети САД, нареди враќање на авионот во Москва. Примаков е и творецот на тројката Русија, Индија, Кина (РИК), која денес е попозната како БРИКС, откако кон неа се приклучија Бразил и Јужна Африка. Денес има цела редица држави кои сакаат да станат дел од „петорката“, која може да стане клуб составен од 15 до 17 земји. Меѓу нив се Иран, Египет, Саудиска Арабија. Примаков е втемелувачот на идејата за мултиполарност.

НЕДЕЛИВОСТ НА БЕЗБЕДНОСТА
На собирот во Москва зборуваше и Лавров. Според него мултиполарноста е процес кој ќе трае – тоа е долга историска епоха. А сега во светот одат борби кои сакаат да го забрзаат од една и да забават тој процес од друга страна. „Западот не се срами., кога му е од полза и потребно да „наплаќа данок како хегемон“ да користи средства и методи за да ги достигне тие цели“. Смета Лавров. Тој неколку пати ги повтори ветувањата на Запад дека НАТО нема да оди на Исток, дадени на генералниот секретар на КПСС, Михаил Горбачов и на претседателот на Русија Борис Елцин. Спомна и мемоари на западни политичари од тоа време во кои се потврдува давањето усни гаранции. Па дури и тврдењето на некој британски политичар дека тие биле давани за да не се исполнат, само за да се смири ситуацијата. Што за Лавров е знак за чесност. Тука тој го спомна и премиерот на Британија Тони Блер, кој се извини за „лажењето“ дека во Ирак е најдено оружје за масовно уништување, кое подоцна се покажа лажно, но штетите и последиците се чувствуваат до ден денес.

Лавров ги спомна и писмените обврски потпишани на највисоко ниво на Самитот на ОБСЕ во Истанбул, каде што била фиксирана темата „неделива безбедност“. Во Истанбул неделивоста на безбедноста била формулирана како основен принцип за работа на ОБСЕ во согласност со кој ниту една земја, ниту една организација не може да ја зацврстува својата безбедност на сметка на наштетување на безбедноста на други. А во документот исто така има и став дека ниту една организација нема право да претендира на доминантна улога во сферата на безбедноста на пространството на ОБСЕ. Според Лавров НАТО сега сака да доминира во цел свет. Нуди нови концепти и неделивост(!) на безбедноста од евроатлантскиот до тихоокеанскиот регион. Според него НАТО сега конечно се враќа на почетната улога, кога е формирано, само што наместо СССР станува збор за Русија.. Наводно првиот генерален секретар генерал Исмеи за целите за создавање на НАТО рекол :„ Да не се дозволи СССР во Европа, да се обезбеди американско присуство во неа, а Германија да се држи под контрола“. И сега работите се такви што ова може лесно да се реализира. Од Балтикот до Средоземно море има ѕид од членки на НАТО. Така што Русија е речиси надвор од Европа. Цела Европа, а не само Германија е под американска контрола.
Русите забележуваат дека се појавува тенденција кон „приватизација на секретаријатите на меѓународните организации“. Слични работи се јавуват и во ОН. Им се даваат функции кои не им припаѓаат. На пример, во Организацијата за забрана на хемиското оружје. Но, за Русија многу важен е односот на ОБСЕ. Тоа е организација составена од европски држави, САД и Канада. Погоре рековме дека неделивоста на безбедноста е формулирана како основен принцип за работа на ОБСЕ во согласност со кој ниту една земја, ниту една организација, не може да ја зацврстува својата безбедност на сметка на наштетување на безбедноста на други. Но ОБСЕ денес, според Лавров, не посветува на тоа доволно внимание. Полскиот министер за надворешни работи, кој е актуелен прв човек на ОБСЕ, на неодамнешното заседание на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Лоѓ, изјавил дека принципот на консензус на кој се темели организацијата е неменлив. Но според Лавров ова не важело кога требало да се праша и Русија за некои работи. Околу Украина. Туку се преземени „времени мерки“ за да се спроведе линијата на Западот.

ПИСМО ДО БУЈАР ОСМАНИ
Лавров зборуваше и за „проекти на ОБСЕ“, кои се користат за подготовка на новинари „на вистински начин“. За Лавров тоа е „мина“, повеќе од мина со забавено дејство. Сега ја поставуваат Полјаците. Исто и лани колешката од Шведска Ана Линде во целост го игнорирала фактот дека сите претседатели на ОБСЕ треба да бидат чесни „брокери“. Принцип решен уште во 2002 година на министерското заседание во Португалија. Лавров вели дека му напишал писмо на Бујар Османи, бидејќи Македонија од 1 јануари ќе претседава со ОБСЕ. „Му честитав за претседателствувањето и забележав дека тој тоа ќе го работи во тежок период за иднината. Неговите претходници создадоа лоши преседани – не само што ги злоупотребуваа, туку ги игнорираа обврските на претседавачите. Изразив надеж дека тој ќе чувствува одговорност не само за тоа како Северна Македонија ќе раководи, туку и за судбината на ОБСЕ. Како одговор тој ми напиша дека „го памтиме решението на Советот на министри од 2002 година во Португалија, но имаме уште и обврски кон ЕУ и нашите национални закони“. Се’. Е тоа е ОБСЕ?“


Рускиот министер за надворешни работи сега вели дека Русија ја преформатира својата работа. „Ни велат дека му го вртиме грбот на Западот, а тој сам прекина соработка со нас градејќи ѕид. Работиме со оние кои се подготвени за тоа. Ако на Запад дојдат на раководни места во земјите или структурите, создадени во Европа, во САД, луѓе способни да гледаат подалеку од двогодишните изборни циклуси и длабоко (наместо да имаа желба за ставање во затвор нечиј син или да докажат нечија несопсобност за работа и со ништо друго да не се занимаваат – алузија на Џо Бајден и неговиот син Хантер), ќе бидеме подготвени за сериозен разговор.
Дотогаш во Русија ќе се остварува преориентација на нејзината надворешно политичка и надворешно економска активност. Русија не сака повеќе да останува со илузиите дека Западот нема да ги злоупотребува механизмите на ММФ, СТО, игрите со доларот, еврото. Според Лавров глобализацијата на американски начин, најверојатно е завршена и ќе треба да се преживеат уште некои процеси од неа, кои останале. Но паралелно со тоа се гради нов финансиски и логистички систем, кој не треба да зависи од каприците и чувствата на супериорност на нашите поранешни западни колеги. Имаме вистински партнери. Тоа се БРИКС, ШОС, ЕАЕС, ЗНД. А ОДКБ е важен механизам кој придонесува за обезбедување безбедност во нејзиниот дел од постсоветското пространство. „Има со кого да работиме и на кого да се потпреме.

ИНДИЈА И БРАЗИЛ ВО СБ НА ОН
Американците сега одат низ цел свет и велат дека Русија загубила, дека нема смисла да се зазема страна на оној кој губи, дека тие ќе победат, никој да не се грижи. Па, знаат дека нивните земји имаат последици од санкциите, но не треба да и помагаат на Русија да ги заобиколува санкциите“, рече Лавров. Сето ова е проблем на западната цивилизација и нивниот систем за светски поредок, кој се потпираше на принципите на глобализацијата, покренати од Американците. Лавров смета дека ако утре одново се појави нешто што нема да му одговара на Вашингтон, тогаш тој, без да се замисли и без да се вознемирува, дури и за своите сојузници, ќе внедри нови приоди.

Русија, сега, како ќе и ги затвораат контактите со Запад, нема намера да „трча и да моли“ да се премислат. Таа и натаму ќе продолжи да работи на Запад и покрај притисоците врз нејзините дипломатски кадри. А оние протераните од западните дипломатски претставништва ги испраќа во други држави, на Истокот. ЗНД, Африка, Латинска Америка. Се засилуваат одделите за меѓународните организации, како ОН, на пример. Зајакнувањето на претставништвата на Истокот е олеснето со фактот што Западот „persona non grata“, објавил стотици дипломатски соработници. Кои во најголем дел се искусни, образовани, способни дипломати. 95 проценти од нив веќе се вработиле на нови работни места.
Во својата нова надворешна политика Русија, како што произлегува од зборовите на Лавров, ќе го поддржува членството на Индија и на Бразил во Советот за безбедност на ОН. Пријави и заинтересирани за тоа место се и Германија и Јапонија, но Москва смета дека предност имаат Индија и Бразил. Индија денес е една од водечките земји, според економскиот раст, можеби и водечка. Таа има големо дипломатско искуство, авторитет и репутација во својот регион, а е и членка на редица меѓународни структури во Јужна Азија, ШОС. Таа е и еден од половите до мултиполарниот свет. Исто важи и за Бразил. Кога станува збор за тоа како треба да се одрази мултиполарноста во рамките на реформираниот СБ на ОН. Јапонија се’ уште не ги признала резултатите од Втората светска војна. Нема мировен договор со Русија. Германија ги признава резултатите од војната, се извини. Но, според Лавров, сега таму се раѓа многу специфична форма на расизам, се култивира русофобија, а тоа алармира. Така е во цела Европа, со ретки исклучоци, но од Германија има посебни барањата.

ВЕРТИКАЛА СЕВЕР-ЈУГ
Русите сакаат и ЕУ да биде еден од половите во мултиполарниот свет. Но Индија, Бразил, земјите од Персисикиот залив, регионални сојузи од Латинска Америка имаат поосновани факти да бидат рамнопревен дел од многуполарниот свет. Ако ЕУ сака да биде дел од тој свет таа треба да ги слуша Американците помалку, бидејќи таа има свои посебни интереси. И покрај фактот дека постојат различни интереси меѓу ЕУ и САД, Унијата нив не може да ги заштити. Тоа го покажа и посетата на Емануел Макрон на САД. Пред одење се крена врева околу американските мерки кои ја оштетуват европската економија, но тој таму предеше како маче.

За менување на векторот на руската надворешна политика зборуваше деновиве и рускиот академик Александар Динкин. Тој е заложник на идејата руските дипломати од земји на ЕУ да се префрлаат во Средна Азија, во земји од постсоветското пространство. Во Балтикот , на пример, Русија не треба да има три амбасади во трите земји. Доволна е една, а во другите две да има конзулати. Или, пак. Амбасади и во Мадрид и во Лисабон. Професионалните дипломати од таму да одат на нови задачи. На постсоветското пространство сега на дипломатски пат се многу офанзивни Кина и САД, кои изградија нови амбасади. Русија не треба да ја повтори судбината со Украина. Динкин смета дека Русија сега треба да замине од хоризонталното прифаќање на местото на Русија во светот и да премине на вертикално, според меридијаните. Во наредните две децении тоа е неизбежно , но и неопходно. „Ако порано мислевме на пространството од Лисабон до Владивосток, сега треба да се мисли на пространство од Мурманск до Шангај. И напорите на надворешната политика треба да се фокусираат токму на таа вертикала Север-Југ“, вели Динкин.

Менувањето на правецот на руската надворешна политика го поттикнува и фактот дека и Путин е воден за нос од Западот. Тој нема право да се лути на Михаил Горбачов што немал писмен договор за неширење на НАТО на Исток. И него Франција и Германија, заедно со Украина го лажеле. Станува збор за признанието на канцеларката Ангела Меркел за Минските договори и немањето намера за нивно сериозно спроведување. Погоре Лавров спомна еден англиски политичар кој искрено, како сега Меркел, признал во своите сеќавања дека се ветувало неширење на НАТО, само за да се смират работите. Меркел, пак, дури не најде за сходно да се извини за тоа, бидејќи резултатот од неспроведувањето договорите се стотици илјади жртви и разурната Украина. Таа,односно и Германија се сочесници во смртта на стотина илјади Украинци.
Рускиот претседател Владимир Путин е разочаран од однесувањето на Меркел. „Јас сепак сметав дека другите учесници во преговарачкиот процес беа искрени со нас. Но и тие не мамеле. Тој сега дури смета дека воената операција требало да биде направена порано. Признанието на Меркел му доаѓа како оправдување за инвазијата. „Ние сметавме дека сепак ќе се договориме во рамките на Минските договори...Но сега се поставува прашањето за доверба. Таа и така сега е на нула, но после ваквите изјави се поставува прашањето, како да се договара, за што, и може ли со некого да се договара, а каде се гаранциите? Тоа е прашањето. Јас не еднаш сум велел дека ние сме отворени за договарање. Но сега сме натерани да се замислиме за тоа со кого имаме работа“?

Со САД претседателе Путин. Тие кога ќе кажат, тогаш ќе има и разговор и договор. А дотогаш Русија нека ја префрла тежата на својата надворешна политика во други насоки и правци. Онаму каде што ја сакаат.


Мирче Адамчевски
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.686
Поени од реакции
33.855
Dmitry Soin, a specialist in psychological and information operations, a veteran of special services:

[1/4] "Many misunderstand the acuteness of the moment and reduce what is to the war against Ukraine and the Nazis or maybe to the battle for the "Russian world". All of it is true. But in fact this is is a battle for civilizational choice.

Russia, when it declared it commitment to the traditional values, traditional religions, family values, opposed itself to the globalists' strategy of the united world. Now Russia is an obstacle. And the assessment of the scale of what's happening, its probable duration and the acuteness should be based precisely on this. Ukraine is just a battlefield."
t.me/thecoppermountain/1572


[2/4] We are witnessing a total compromise of regional leaders. Various freaks or some "original" old men like Biden are elected to the first positions in various countries. Also people of the Macron type or comedians like Mr. Zelensky and so on. Why is this done? That's in order to compromise the very idea of a national leader. Today he is there, tomorrow he is not. People immediately forget about him because the next one appears. This is preparation for the transition to a global management system

An important detail of this strategy is that the person is brought to power already having a lot of serious compromise on him. The person comes to power, there is a euphoria of a change of power, and, after a short period, scandals arise associated with this person. Besides Zelensky, let's take Biden. How long has the scandal with his drug-addicted son been lasting? The same chain of events happens to the European leaders. The population should think that they are ruled by some idiots are freaks and it's okay to part with them
t.me/thecoppermountain/1573


[3/4] Any religion that does not recognize the rules of the game - the rules of transgenderism, of transculturalism - will be dumped on the sidelines. There are thousands of mechanisms, including repressive ones like in Ukraine, to do that.

The other aspect of the globalization process is the destruction of national spiritual systems. Look at how much compromising material has been poured on the Catholic Church. Gigantic work has been done there. The Catholic Church is now associated with pedophiles, corruption, maniacs. This is constantly being promoted! Now we see many churches have been put up for sale, people just stopped attending them!

There have been attempts to discredit the Russian Orthodox Church. A huge amount of compromising materials has been fabricated and put on the Internet on various media and so on. It's done so people would stop going to church in Russia as well.

This applies to all the world religions. People are meant to think: Why do we need to go to church? Why do we need to go to a mosque? Why do we need to go to a Buddhist or Hindu temple if we can do it all without it? There will be some kind of electronic, adapted for the Internet religion with a few general postulates, and it will be enough!

The same happens to political systems: party leaders are also freaks. Parties do not have the trust of the population. People understand that parties are created in order to make money and to launder money. The gigantic media industry is working on it. Special services, created by the transnational corporations, are digging out dirty compromise on everyone, so that, at the end, people see that everyone is smeared with, excuse me, ****, and no one can be trusted, no one should be followed, everything is empty and aversive. That's when the globalists offer a helpful hand.
t.me/thecoppermountain/1574


[4/4] This war is used for the agenda as well. The picture of maximal destruction and loss should emphasize that national governments cannot fulfill their function of establishing peace, harmony and mutually beneficial relations. Therefore they should be replaced with a global government that can do all of that.

ln psychology, there is the idea of negative and positive reinforcement with negative reinforcement being much more powerful. The fear of death, the fear of illness, of losing a loved one, the fear of losing status and money - through these fears we can do anything with people.

And if we broadcast it through all media: the Internet, television, radio; if we frighten people with mass death, hunger, destruction, bloody wars, then this begins to produce massive anxiety and fear. Fear is a necessary condition for building a new world order: total control will be explained through fear.

But planning is one thing, and implementation is another. Now there is Russia as the main stumbling block that disrupted these plans. It is logical to expect more aggressive behavior from the globalists.

The struggle is getting tougher; it requires more and more effort. Of course, in the West, the central player is the United States of America. The West is gathering everyone who can be gathered with anti-Russian rhetoric. They openly say that Russia has challenged the established world order - these are official statements. And another message is that Russia should be punished for this, it should suffer a strategic defeat and some even say that Russia should be dismantled.

Yeltsin gave clear guarantees to the West that Russia would never resist Western interests. And now the process of Russia's revival is perceived by the West as a deception.

Dmitry Soin, a specialist in psychological and information operations, a veteran of special services

@thecoppermountain
t.me/thecoppermountain/1575
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
"Демокративе " одма се најдоа загрижени за тоа како ќе им опаднел квалитетот на фудбалот ако играле во Азија.
Пак ќе речам. Едно е да играш селска лига а друго ЛШ.

Едно е да играш за Челзи или ЦСКА Москва и да играш против Реал, а друго за ЦСКА Москва против Јонгженгшо...Ама ако мислиш дека е исто терај со главата во ѕид, па можи ќе го турниш...Кад тад....

Русија не се понижува туку бара солуција. Од каде тоа дека престиж е да се игра во Европа ?
Ене ги Бразил и Аргентина не играат во Уефа и што им фали кога пак се најдобри.

Иначе Австралија игра во Азија.
Да те просветлам, бидејќи гледам дека пишуваш и во теми за футбал, а тоа е основата на фудбалот. Исто како да се декларираш за писател а не ја знаеш азбуката.

UEFA = Union of European Football Associations, значи здружение на ЕВРОПСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ФЕДЕРАЦИИ. ФИФА е на целиот свет, а скоро секој континент си има башка унија. Ако Бразил и Аргентина се во Европа па нејќат да се дел од УЕФА, тогаш цел живот сум живеел во заблуда мислејќи дека Бразил и Аргентина се земји кои се наоѓаат во Јужна Америка :toe:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Поздрав до сите русофили на форумот (да не ги тагирам, ќе се препознаат)
FB_IMG_1673186029231.jpg
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.686
Поени од реакции
33.855

Article 106
Pending the coming into force of such special agreements referred to in Article 43 as in the opinion of the Security Council enable it to begin the exercise of its responsibilities under Article 42, the parties to the Four-Nation Declaration, signed at Moscow, 30 October 1943, and France, shall, in accordance with the provisions of paragraph 5 of that Declaration, consult with one another and as occasion requires with other Members of the United Nations with a view to such joint action on behalf of the Organization as may be necessary for the purpose of maintaining international peace and security.

Article 107
Nothing in the present Charter shall invalidate or preclude action, in relation to any state which during the Second World War has been an enemy of any signatory to the present Charter, taken or authorized as a result of that war by the Governments having responsibility for such action.



Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН и даваат право на Русија, како правен наследник на победникот во Втората светска војна, да преземе какви било активности, вклучително и воени, против Германија, Унгарија, Австрија, Романија, Бугарија, Финска, Хрватска, Словенија. . , Чешка, Летонија, Естонија, Литванија и Украина за обиди за оживување на нацизмот.

Нирнбершкиот трибунал ги осуди на кривична одговорност сите оние кои се бореле против Обединетите нации и извршиле геноцид. Најголемиот геноцид беше извршен врз советскиот народ. Повелбата на ОН, членовите 106 и 107, им дава право на победниците од Втората светска војна - СССР, САД, Велика Британија и Кина (и сега Русија, како правен наследник на СССР) - да преземат акција против земјите што се бореле против нив за да ги спречат акциите кои имаат за цел да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна.

Конкретно, дозволена е употреба на воена сила против овие земји. За да го направите ова како една од членките, треба само да ги известите другите три победнички земји, но не мора да не добиете согласност од нив. Освен тоа Русија, како правен наследник на СССР, исто така може да употреби сила против државите кои сакаат да го обноват системот Јалта-Потсдам во Европа. Русија може да ги запре обидите за оживување на нацизмот во Германија, Унгарија, Романија, Австрија, Бугарија, Финска, Хрватска, Словенија и Чешка (која е правен наследник на протекторатот на Бохемија и Моравија).


Текстов е од германски анонимен извор. Членовите 106 и 107 се во Повелбата на Обединетите нации, која всушност е основачки документ на Обединетите нации како институција.




Ова беше спомнато и претходно на форумов, ама никој не ги покажа конкретните делови и членови во повелбата на ОН кои дозволуваат спроведување на руска специјална операција во Украина ПРОТИВ НАЦИЗМОТ.

Паника и хистерија во 3, 2, 1.... БУМ! :D
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Паника и хистерија во 3, 2, 1.... БУМ! :D
Паника и хистерија во 3, 2, 1..... Се паднав од смеење, колку може човек да гребе под дното, да бара уште едно дно...

Пази, зародиш на нацизам со на чело Евреин.

Па ако го немаше олку глуп, требаше да го измислат....
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Секој нов обид да се оправда Русија е се' посмешен... Едвај чекам да видам што глупост ќе измислат следно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom