Поминат е тој воз кај нас, а со давање на станови и слични глупости само се произведеш проблеми, кај што сум сега давале „субвенции“ пред 20тина години, секоја будала налупала деца и ги оставила да се снаоѓаат на улица, погоди со што се занимаваат најголем дел од нив
Друга работа кај увоз на готова сила се: потребата од способен кадар веднаш, и цената за градење на тој кадар. Тие западните земји увезуваат спремен кадар затоа што: друг го образувал, кај друг носел бурек и учел занает, тие го земаат во најдобра возраст и тој придонесува од прв ден.
Не навлегувам што прават во Русија, не навлегувам што прават во други земји, јас го зборувам само од аспект на просперитет за државата и одржување на чекор со светот.
Ако Македонија сака да привлече странски инвестиции, и да ги задржи тие што се веќе дојдени таму, потребно е што побрзо да го образува тој народ што е останат/ преквалификува согласно потребите, да донесе што е можно повеќе кадар и да состави тимови кои постојано ќе бркаат инвеститори и да им се нуди: ниски даноци, финти за перење на парите, тотални даночни ослободувања, бесплатно давање на земјиште за градба на фабрики со условување да ги градат домашни компании и тн (битно е да влезе што е можно повеќе кеш од надвор).
Затоа и зборував дека Украинците се идеални бегалци за кај нас, словенско христијанско население со кое гарантирам ќе поминеме подобро отколку со шипците, и да се прашувам јас би организирал групи кои ќе направат анализа на тие што се бегалци и понуди за државјанство/смештај/работа по итна постапка.