Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.397
- Поени од реакции
- 33.512
Сите овие се твои конструкции (дигресии и релативизации).уривањето на еден хегемон носи друг. Твојата логика вика дека ако пропадне САД ќе цветаат кокичиња насекаде, еднорози ќе серат виножита, а телото на Џими Хофа ќе биде пронајдено.
патетика
Ти навиваш со надеж дека после падот на Бахмут, САД ќе се самоукине и се ќе биде супер за нас
Ако не е САД хегемон, ќе биде Кина, или Русија, или некој друг....Никој од нив нас, не не сака, пак ќе го јадеме немиен. Дури и по претпоставка дека сите хегемони ќе ги снема, ги нема САД, Русија, Кина и Франција или ВБ, ние пак сме опколени со држави кои не ни мислат баш најдобро, минимум по еден спор имаме со сите моментално, има како хиени да ни се нафрлат.
Не знам која школа тебе те учела дека е убаво да имаш непријатели, или дека непријателот на твојот непријател е твој пријател, ама не се сеќавам во историјата тоа да профункционирало барем еднаш. Ако не учиме од историјата ќе ни се повтори.
Титова клапа нас не учеше дека треба да бидеме пријатели со сите и да балансираме од двете страни, ама тоа функционира само ако имаш што да понудиш, како што имаше СФРЈ, Македонија нема ништо со што може да се ценка, згора на се, ние и тоа малку што го ценевме, си го дадовме по набавна цена.Никој со нула не не множи, а ти сакаш да изиграваме геостратешки играч во некаква си војна на моќ. Затоа сме на ова дереџе, и затоа за коор не не бива.
Пак ќе речам, учи од историјата. На балканот најпаметно изиграа Грција и Албанскиот народ, како народ не како држава.
Грција завземаа страна рано после ВСВ, не здробија нас, ни силуваа цивили, гореа живи луѓе, извршија геноцид, сега имаат државиште. Влегоа во должничка криза и ЕУ ја држеа за јајца, друг им ги плати долговите. Влегоа во НАТО рано и границите им се загарантирани. Да не беа Турција и Грција во ист сојуз, до сега турците ќе ги прегазеа како ФАП жаба.
Грција имаат едно чудо социјална помош дури и за богати, цели острови им се пишани како слепи за пари да цицаат од ЕУ. Живеат како бубрег во лој, оти стратешки паметно изиграа и одбраа победничка страна.
Албанците после падот на комунизмот отидоа all-in со американците, душата си ја даваат за америте, ама во константен подем се 30 години. Направија втора албанска држава за 20 години, нешто што 60 години претходно беше незамисливо. Веќе на наша сметка градат трета држава. Не дупат во здрав мозок како сакаат. Сите знаеме дека Груби е агент, сите знаеме дека Али е агент, сите знаеме дека Таљат е дезертер и агент, каде се они, каде сме ние?
Кои избори ги направивме ние? навиваме за противникот на хегемонот? кој ни е нас крив освен самите ние?
Јас воопшто не коментирав кој би ги менувал САД како хегемон (и какви импликации би имало тоа). Ама ако веќе шпекулираме тогаш шансите се дека кога САД ќе престанат да бидат хегемон, никоја една поединачна држава нема веднаш да ги замени. Русија нема економија а Кина нема воена моќ, а трет кандидат засега нема. Шансите се дека во догледно време тоа ќе биде некој лабаво формулиран сојуз против САД, не само од Кина и Русија туку и пошироко БРИКС+.
Втора варијанта, дури и да ги заменат Русија или/и Кина извесно е дека кој и да е, нема да ги заменат САД како shugar daddy на Шќиптарите а посебно не Русија, против која нивни волонтери во моментов активно војуваат во Украина.
Буквално сеедно е што ќе се случи од наведените опции - пошто она што е најважно е дека во сите варијанти Шќиптарите извесно ќе се најдат сами против повеќе непријатели кои сите заедно ќе имаат потреба од решавање на заедничкиот децениски проблем. Тоа е важното, а дали веднаш ќе има нов хегемон и кој/како што, тоа е проблем за подоцна. Проблемот кој сега е најважен па било како и да се гледа, е дека со паѓање на САД нашиот внатрешен непријател извесно ќе го изгуби грбот и конечно ќе дојде време за плаќање на сметките.
(едит)
Знаејќи го ова и гледајќи што си напишал - некако не се изјаснуваш недвојбено јасно дали ги подржуваш американските интереси или не. Не игнорирам дека декларативно кажа не, но во пракса со последниов пост нешто друго кажуваш.
Како да избегнуваш дефинитивно да се изјасниш. Тие релативизации за дипломатија/титова клапа/итн - тоа е за дипломати. Ние овде само дискутираме што е добро а што лошо за Македонија, не носиме никакви конечни одлуки. Не знам што да ти кажам ако барем од овој аспект не можеш да се согласиш дека интересите и акциите на САД се штетни за нас и дека нивното слабеење може само да ни помогне - па по ѓаволите со шббкбб Русија/Кина калкулации за кои немаш доволно познати варијабли (а ионака повеќето пресметки се дека нема да биде полошо од ова сега).
Последно уредено: