Ни треба еден клуб како Алкалоид за македонските играчи да се развијат. Кире ќе може цела сезона да ги спреми за репрезентацијата. Не смее само да се форсират одредени играчи, и никако не ми е јасно како на пример Танкоски не е земен. Јагуриновски одигра солидно вчера но немам голема доверба во него.
Пелистер и Вардар се клубови со европски амбиции и не можеме да очекуваме тие да развиваат играчи за репрезентацијата. Ама, секој домашен играч што игра таму треба да е репрезентативец.
Јас не би се согласил баш. Треба најмалку 3-4 јаки клубови и играчите да се распоредени меѓу нив. Целта мора да биде и со домашни играчи да се има европски амбиции, а не обратно. Исто така нема поента сите играчи да се напикаат во еден клуб. Европски Вардар, Пелистер и Алкалоид + доста солидни Пролет, Бутел, Охрид и Тиквеш е добар концепт но треба првите 3 клуба сите да имаат по 4-5 репрезентативци, а и другите 4 по уште 2-3 млади потенцијали. Јас сум поддржувач генерално на концептот на Алкалоид, но има ризик да ја претераат, како што ми изгледа. Многу погрешно би било ако ја истераат приказната во насока да ги уништат останатите - тоа е погрешна стратегија за македонскиот ракомет. Сите екипи треба да си имаат по неколку темелни македонски играчи околу кои би ја граделе екипата + талентирани младинци од школата + по некој странец за комеплтна екипа (ако мора да го има, супер ако може и без странци).
Алкалоид веќе има основа во "армијата играчи" што ги има собрано. Пелистер исто може да има основа во браќата Атанасијевиќ, Ѓорговски, Танкоски, Белистојаноски, Кузманоски, Велковски, а зошто да не и враќање на Филип Кузмановски. Вардар моментално има добра основа во Стоилов, Талески, Манасков, Георгиевски, Томовски, Карапалески - но не сум сигурен дека ќе опстојат во ваков состав и дека ќе ги задржат.
Пролет во моментот е поинтересно екипиран од било кога претходно, но со најавените заминувања на клучните играчи Јагуриноски, Аларов и Џонов - не знам каква е иднината - според мене треба да привлечат некој од помладите таленти кои ќе немаат минутажа во "големата тројка". Бутел, Охрид и Тиквеш и сега се премногу зависни од странци и тука ќе мора да се поработи на зголемување на квантитетот на квалитетни домашни играчи.
Во секој случај мислам дека на првенството сега ќе се види дека е подобро да бидеш важен играч со минутажа во помал клуб - макар и во македонско првенство, отколку играч што ја грее клупата во некоја странска лига.
Се надевам и дека идната сезона ќе видиме 4 клуба во европски купови, со подолг престој, а не само епизодни улоги или како оваа сезона суспендиран Вардар. Е сега уште да сфати РФМ дека не се исплати манипулирање на ваучер системот за ситни плус пари на сметка на безвезен систем и да создаде сериозна прва лига од 8 или 10 екипи...
П.С. Немам никакви информации, но ми личи дека зимава ќе се водат битки за двата реално најважни македонски играчи во моментот - Талески и Кузмановски - без разлика дали за плејоф или за идната сезона.