Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Среќа Митревски ќе игра на СП. Во нападот сме супер - течни, убави акции за мерак! Гледам напредок кај Младеновиќ, многу побрзо игра (памтам кога играше на кадетското СП и беше доста успорен). Во одбрана мора многу подобро, а Томовски денес катастрофа - ниту една топка не фати (Кизиќ само една).
 
Како без голман да сме отидени, само една одбрана на Кизиќ. Имаме брза игра во напад, уште одбраната да профункционира и ќе бидеме добри.
 
Kire Lazarov vrsi mnogu dobra rabota a I opsto celiot strucen stab, se dvizime vo prava nasoka samo da se prodolzi taka, za edno 3 godini ako se odviva se vo ova tempo ke se vidi rezultatot. Plus imame odlicna podloga na igraci I so profesionalec trener kako Kire ke bideme samo podobri, mozda e I dobro sto Savrevski ke igra vo Alkaloid ke go sredi Kire I na fizicki I na psihicki plan. Deluvame dosta dobro u napad.... Steta golmanot imase samo 2 odbrani a da bea 10 I ke pobedevme denes. Igrame super rakomet...
 
Мора и малку среќа да не послужи, Хрвативе дефинитивно имаат прелесна група, 2 Арапски Африкански екипи, Мароко и Египет, заедно со Америте, додека на нас Вајлд Кард Низоземска и Норвешка.
 
Да го имавме Митревски денес ќе беше тесно.
 
Напад ОК, одбрана криминал. Двајцата голмани по една одбрана дали имаа. Па колку и лоша да беше одбраната мораше барем 5 одбрани да соберат. Да се надеваме дека беше лош ден.
Со Митревски и Талески треба да има голема разлика, ако не Холадија лесно ќе не реши. Можда со нив би требало да играме одбрана Младеновиќ-Талески-Кузмановски-Јагуриновски.
Денеска Стојковиќ не се покажа баш зрел. А и стара болка во одбрана, никој не излчегува на фаул. Ја оставаме топката во слободен проток.
Од друга страна страна во напад имаме напредок. Доста ротации и комбинаторика на бековите. Не одиме по секоја цена на пивот, имаше и акции за крило. До душа само на лево ама и тоа е нешто.
Младоновиќ напраденат ама па Серафимов нигде го нема. Јагуриновски полека ама сигурно станува прва опција. Очекував Серафимов да биде ама правилна одлука на Кире. Сепак не е Алкалоид пред се :).
Со Талески ќе бидеме друга репрезентација. Во одбрана по сигурни, во напад добиваме шут од 9 и разновидност. А и Кузмановски ќе биде порастеретен.
Од ови би требало да отпаднат Саврески, Џонов, Петров и Цветан/Петар.
Од ова денес, а и поразот на Аргентина од Романија, дава надеж за пролаз.
Само храбро дечки :oeoeoe:
 
Само второто го фатив, и од то шо изгледав Фитиљот изигра страшно добро и беше лидер на тимот.
Во одрбана имаме проблем на позициите на Серафимов и Костески, многу лесно одпадват од игра и прават вишок на нивна позиција.
Нападот ни беше изненадувачки добар, реално некој играчи како на пример Младеновиќ дури играа над нивното ниво + сепак игравме ГОСТИ против една Хрватска од која дури и во ерата на Кире сме губеле со двоцифрена разлика од нив.
Штета на крајот 58-59 мин имавме напад за да намалиме на -3 но направивме техничка грешка во напад.
Верувам дека можеме да ги добиеме Аргентинциве па и Холандија зошто да не, сепак не се ни Франција нит Данска за да се отпишеме пред време со нив.
 
Во првото полувреме не беше лош Атанасијевиќ, постигна одличен гол со шрауба, но брзо го извадија од игра.
Како одигра во второто полувреме?
Од тоа што го видов во првото полувреме, воопшто не делувавме лошо во нападот, сепак тоа е Хрватска, со многу искусни тешкаши во одбраната.
Ние покажавме воиграни акции, брза игра која никогаш до сега ја немаме практикувано, Кире е одличен селектор за оваа репрезентација, ќе видиме колку играчите ќе го спроведат тоа на терен, друга ќе беше приказната да имавме и ние еден Мартиновиќ во ростерот, ќе киневме и по десната страна, нешто што очајно му фали на овој ростер.
Серафимов беше дно, Јагуриновски солидно одигра во напад, а не беше лош ни во одбраната, играч е на факинг Тинекс пролет, јебига.
Одбраната е проблематична, многу лесно не пробиваа, шутеви од 9 метри без поставен никаков блок, мора нешто да се смени.
На квалификациите двојката Талески и Стојковиќ делуваше беспрекорно, Турција првиот гол го постигна во 15 минута, ако овие двајца одиграат на тоа ниво, многу по лесно ќе поминеме.
Но сепак тоа е СП, немаме за противник репрезентации од типот на Турција за да поминеме лесно, би требало Талески да го подигне квалитетот во одбраната, а и во нападот.
Утре нека се истурат врз Израел, па со подобра самодоверба да се иде на СП.
:oeoeoe:
 
Не успеав да ја изгледам цела, ги пропуштив првите 10-15 минути (ако има некаде снимка кажувајте), но од тоа што гледав, ептен е забележлива побрзата игра, што носеше до некои полесни голови во транзиција кои реално сме ги немале во минатото и затоа многу се мачевме во напад на моменти.

Клучен фактор ќе бидат изгубените топки и ротацијата. Ваков стил на игра не се игра 60 минути со иста постава како што сме терале на времето. Ротации ќе мора да има. Ќе видиме дали имаме 16 играчи спремни и физички, но пред се ментално за СП (на ова второто сум малку скептик). Ова може да го играме, но само под услов да не ја губиме главата во "бркотницата". Оти ако почнeме со подарени топки во рака сите ќе не растурат со класични контри.

За разлика од нападот, кој беше сосема солиден, одбраната беше катастрофална. Без фаули, со многу простор оставен на крило заради грешки во згуснување и преземање. Реално многу слабо. Згора на тоа и голманите ни беа катастрофа. Со толку лоша голманска партија нема што да бараме против било кого на СП.

Во секој случај за очекување е еден чекор напред во однос на минатото првенство. Објективно гледано, минатата генерација финишира во 2018та. 2019-2021 беа еден вид транзициски години, каде во првите две го извадивме максимумот од тоа што го имавме, но едноставно тој максимум не беше на некое високо ниво, а во 2021 бевме тотален хаос во кој не знаевме што сакаме (и тоа првенство е во секој случај дно на нашата репрезентација во последните 15 години). После колапсот на СП 2021, на ЕП 2022 до некаде изнудено заради повреди и ковид но ја почнавме приказната со новата генерација. Без разлика што сега ќе се раскажуваат флоскулите за "нова генерација", објективно тоа почна на минатото првенство. Тогаш требаше да играат Кире, Столе и Миркуловски, но Кире се повреди, Столе изигра само 21 минута на еден од трите натпревари, а Миркуловски собра вкупно 41 минута. Се на се иако подмладени одигравме коректно првенство и покрај трите порази. Тогаш добро почнавме но постепено паѓавме.

Сега мислам дека ќе бидиме за нијанса подобри од лани, барем во играта. Што значи тоа од аспект на резултати е тешко да се прогнозира. Реално ја имаме најтешката група за поминување. Во било која друга ќе бев оптимист дека ќе минеме во втора фаза. Во оваа не сум баш сигурен иако се нешто ми се чини дека овојпат некако ќе ја поминеме групата. Добро би било да поминеме. 6 квалитетни натпревари не се мала работа. И во president's cup ќе има дури и натпревар повеќе - 7, ама конкуренцијата е сосема различна. Нас ни требаат натпревари против главно европски квалитетни екипи, дуели со САД, Белгија/Бахреин и Алжир какви би не очекувале во следната фаза ако не успееме се подобри од ништо, но не е тоа тоа.

Норвешка е апсолутен фаворит нема дилеми, но меѓу Холандија, Аргентина и Македонија е навистина тешко да се погоди кои две ќе поминат. Малку повисок рејтинг заради резултатите од последните 2 првенства имаат Холандија (10 на ЕП 2022) и Аргентина (11 на СП 2021) и веројатно ќе влезат како благи фаворити, но не сме и ние до толку за потценување, отприлика шансите се 70/70/60 меѓу овие три репрезентации - 2 ќе поминат во main round. Холанѓаните имаат 2 ѕвезди во Стеинс и Смитс, но имаат релативно просечен остаток од екипа. Ниски, супер брзи бекови - прашање е како нашата неискусна и релативно слаба одбрана ќе се справи со нив - тука е мојата главна загриженост за Холандија. Аргентина од друга страна, е покомплетна и поискусна екипа, со квалитетна прва постава. Многу борбени, играат шпански систем со аргентинска енергија. Позитивно е што немаат многу натпревари годинава, но овие добро се познаваат, се сомневам дека уиграноста ќе биде проблем.

Штета е што една од овие екипи ќе отпадне во првата фаза, а екипи како Мароко, Зеленортски Острови, Чиле и Бахреин ќе поминат (а се објективно послаби од сите три), но што е тука е. Системот е таков каков што е. Фактот што вајлд картите одат во последен шешир е стандарден проблем.
Автоматски споено мислење:

Инаку ако се сите здрави, според досега виденото, очекувам составот да биде:

Митревски / Томовски
Манасков / Кузманоски
Георгиевски / Костески
Пешевски / Маркоски / Стојковиќ
Талески / Младеновиќ / Џонов (Атанасијевиќ)
Кузмановски / Ѓоргиев
Јагуриновски / Серафимов

Кизиќ и Павле Атанасијевиќ како 17ти и 18ти на трибини. (Атанасијевиќ и Џонов претпоставувам ќе бидат изротирани и ќе добијат двата шанса). Можеби и Петров и Петар Атанасијевиќ има шанси да патуваат и да настапат ако испаднеме по првата фаза.
 
Последно уредено:
Во 3 Чешка игра со Холандија додека во 6 Аргентина со Шпанија, верувам дека ќе се интересни натпревари за анализа на противникот.
ПС Цветан вчера играше?
 
Во 3 Чешка игра со Холандија додека во 6 Аргентина со Шпанија, верувам дека ќе се интересни натпревари за анализа на противникот.
ПС Цветан вчера играше?
Ќе има пренос некаде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom