Брука во КАМ маркетите

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.622
Поени од реакции
37.585
...ги читам коментарите, меѓу машки членови, да ти е милина која смиреност и дебатирање на некое нормално ниво, ама ако се вмеша женско со свое мислење, ќе им излезе цел лошотилок и злоба од душа за секунда, бркајќи го женскиот член од подтемата со разни негативни епитети, јест да Кајгана е мушки форум, ама интересен е фактот зошто женските членови иако се ретки овде, наместо да ги “чуваат“ фрлаат со дрвја и камења и најлошото им излегува од душа по нив! :toe:

... инаку следно коментирање на ова тема би била грижата на вработените за продуктите на Кам околу рокот на траење, дали по рафтовите се внимава дека некој производ веќе е со изминат рок и истиот да се отстрани или останува дополнително и покрај поминат рок!?
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.842
ги читам коментарите, меѓу машки членови, да ти е милина која смиреност и дебатирање на некое нормално ниво, ама ако се вмеша женско со свое мислење, ќе им излезе цел лошотилок и злоба од душа за секунда, бркајќи го женскиот член од подтемата со разни негативни епитети
Оф душичка, се загрижила за женските. Добро е да се знае дека и @Византиецот е женско со свое мислење, од сега ќе пазиме како се понашаме и према неа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.622
Поени од реакции
37.585
Оф душичка, се загрижила за женските. Добро е да се знае дека и @Византиецот е женско со свое мислење, од сега ќе пазиме како се понашаме и према неа.
... нема што да се „пазите“, све што е природно и излегува од вашата душа е и искрено, јас само го потенцирам психолошкиот момент и ме интересира што ве тера на таква злоба и ништо повеќе.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.553
Поени од реакции
916
@miki80 ај да не го тупеме за некој работи што знаеме како и што функционираат.

Мене онаа што интересира дали платите во КАМ се онакви какви ги рекламира, еве ти кажи отприлика колку зимаш, колку зема к-15, дали ви платија тринаеста плата, како имате одмори, дали за празници работите и ви даваат празнична дневница ете тоа ме интересира.
Платите не се какви се рекламираат..од 22 (почетна) нагоре се до кај 26-27..некогаш и појќе ама ретко. К15 е за чудо колку се рекламираат по фејсбук 33000...одмори има (2 пати годишно поделени се) и кога ти го дадат т.е како ти се падне одморот. Празници работаме (освен божик, велигден). Иако се фалат дека се платени воопшто не се (ниту празник ниту работа во недела), е сеа ќе тврдат луѓе дека се плаќа ама не е баш така (иако на хартија е СЕ платено). Се случувало 2 месеци да има иста плата а едниот месец со празник другиот без, исти сати .све исто ама платата различна. кам пример не е тоа што се фали по фејсбук и инстаграм, затоа кубурат со луѓе општо и посебно во магацин зсо пакувачи на роба.
Автоматски споено мислење:

Абе друже ако е толку зезнато, а ти си способен да најдеш подобро, дај отказ.
зезнато до в крај е..дали ако се е поскапено човек не треба да јаде? Мора да крај да се турка некоја работа, за сите се работи не за мене иако мислиш дека е све за мене
Автоматски споено мислење:

...ги читам коментарите, меѓу машки членови, да ти е милина која смиреност и дебатирање на некое нормално ниво, ама ако се вмеша женско со свое мислење, ќе им излезе цел лошотилок и злоба од душа за секунда, бркајќи го женскиот член од подтемата со разни негативни епитети, јест да Кајгана е мушки форум, ама интересен е фактот зошто женските членови иако се ретки овде, наместо да ги “чуваат“ фрлаат со дрвја и камења и најлошото им излегува од душа по нив! :toe:

... инаку следно коментирање на ова тема би била грижата на вработените за продуктите на Кам околу рокот на траење, дали по рафтовите се внимава дека некој производ веќе е со изминат рок и истиот да се отстрани или останува дополнително и покрај поминат рок!?
Секоја недела се проверуваат роковите, секогаш има по некој прозивод што може да се Шверца со датумот...за други маркети незнам како е процедурата
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.964
Поени од реакции
42.682
... нема што да се „пазите“, све што е природно и излегува од вашата душа е и искрено, јас само го потенцирам психолошкиот момент и ме интересира што ве тера на таква злоба и ништо повеќе.
нема злоба бијонс, твоето понашање е неприкладно, све што човек не треба да прави ти правиш, па се чудиш после кога некој те напаѓа. Не глуми жртва кога не си.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.356
Поени од реакции
10.257
Секоја недела се проверуваат роковите, секогаш има по некој прозивод што може да се Шверца со датумот...за други маркети незнам како е процедурата
Имам приметено неколку производи, обично на вакумираните сувомеснати во продавниците на Стокомак, печатот на датумот на производство да не се гледа убаво или е некако замрљан.
Можно ли е да се прават такви дубари и да си играат со здравјето на луѓето, продавајќи производи со поминат рок?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Чекајте малку, к15 во кам е 33 000 денари или не капирам нешто?
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.565
Поени од реакции
22.266

Нема шанси такво нешто во Македонија да се деси. Никогаш.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.966
Поени од реакции
8.626
Тие муштерии идат во Веро бидејќи има поголем избор на едно место. Значи со едно паркирање, завршуваат работа, значи заштедуваат на време, енергија, гориво и сл, а и имаат доволно финансии да му ја мислат за секој денар.
Не знам за каков избор се таму дојдени, ама сеедно...

Иначе во Македонија и 2000 евра да имаш плата, што 95% од луѓето ја немаат, не спаѓаш во тие што имаат доволно финансии да не му ја мислат за секој денар.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426
Чекајте малку, к15 во кам е 33 000 денари или не капирам нешто?
Така изгледа само што ете го давале на два пати, Мики изгледа одамна нема работено во другите па затоа си мисли дека другите даваат подобра плата, на крајот ќе излезе дека КАМ кајголема плата даваат.

И за Веро да спомнм нешто, едншка одам до ВЦ таму имаше од чистачките (ќе видете зошто сум ги запамтил) и се поврткав низ маркетот дете од село не видело маркет (се шалам имам 4 од големите ланци на километар) и на разгласот викаат хегиничарките да се јават во канцеларија, по некое време излавам и ги гледам и овие си одат иако беше рано и нема шанса смената да и завршила, сакам да кажам дека ептен дека си го чуваат персоналот и дури на сред работно време ги летаат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
...ги читам коментарите, меѓу машки членови, да ти е милина која смиреност и дебатирање на некое нормално ниво, ама ако се вмеша женско со свое мислење, ќе им излезе цел лошотилок и злоба од душа за секунда, бркајќи го женскиот член од подтемата со разни негативни епитети, јест да Кајгана е мушки форум, ама интересен е фактот зошто женските членови иако се ретки овде, наместо да ги “чуваат“ фрлаат со дрвја и камења и најлошото им излегува од душа по нив! :toe:
Прво се пишува поттема, а не подтема, има едначење по звучност, а второ на мета се само грст форумџики, не затоа што се жени, туку поради нивниот начин на дебатирање односно нивниот начин на однесување. Зрачат со надменост и препотенција или коментираат на секоја можна тема каде оставаат крајно несодржаен коментар, само колку да се искоментира или влегуваат пречесто во вербални конфликти, а не во класични дебати. На мета се и неколку машки форумџии, поради истиот критериум, а нечесто и поради нивните нетипични ставови. Зошто најголем дел од форумџиките воопшто не се напаѓани? Зошто воопшто и да не се навредувани? Секако, може да има индивидуални навреди и испади кон нив, но тие се преретки. Еве, ти си класичен пример за водење неограничени и непотребни вербални конфликти, често пати преминуваш и на лична основа, бараш правда на секоја педа на форумов, секако и сите модератори многу те мразат и само те дискриминираат. Луѓето тоа го перцепираат како напорност, а не како упорност.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.553
Поени од реакции
916
Чекајте малку, к15 во кам е 33 000 денари или не капирам нешто?
Единствена работа што е точна
Автоматски споено мислење:

Така изгледа само што ете го давале на два пати, Мики изгледа одамна нема работено во другите па затоа си мисли дека другите даваат подобра плата, на крајот ќе излезе дека КАМ кајголема плата даваат.

И за Веро да спомнм нешто, едншка одам до ВЦ таму имаше од чистачките (ќе видете зошто сум ги запамтил) и се поврткав низ маркетот дете од село не видело маркет (се шалам имам 4 од големите ланци на километар) и на разгласот викаат хегиничарките да се јават во канцеларија, по некое време излавам и ги гледам и овие си одат иако беше рано и нема шанса смената да и завршила, сакам да кажам дека ептен дека си го чуваат персоналот и дури на сред работно време ги летаат.
Во тек сум и за другите маркети што е како е, малтретирањето во кам што го има го нема во ниеден друг маркет, инаку к15 го даваат на 3 пати
 
Attachments

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.565
Поени од реакции
22.266
Единствена работа што е точна
Автоматски споено мислење:

Во тек сум и за другите маркети што е како е, малтретирањето во кам што го има го нема во ниеден друг маркет, инаку к15 го даваат на 3 пати
Попуст при пазарење добивате?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom