Викендов, накај 1 вечерта, стојам на пешачки кај Тутунски после Рампа. Од правец на кафаниве доаѓа залетано бмв, кочи едвај и застанува прв на средна лента, за право накај улицава кон Рамстор.
Гледам дечурлана внатре, некои татини синчиња. Одеднаш, на црвено, дава нагло гас и од десна лента фаќа кривина за накај Центар.
Од брзината колата му зашлајфува и собира странично три коли што си чекаат на семафор во средна лента за да одат кон Кисела Вода.
Вториот што го собра највеќе му го откорна ретровизорот и цела врата му ја наби. Можеше и полошо да помиме дечкото. Излезе одма надвор, ама овие не застанаа, избегаа одма и на нареден семафор кај Црвен крст поминаа на црвено.
Тоа се случува кога имаш селективност во казнување и држава во држава.
За случките што секојдневно ги просведочувам кога одам по Теодосиј Гологанов, не сакам ни да зборувам.
Бесни коли (воглавно браќава што се враќаат од безделничење на кафиња, кон Сарај) со 100ка тицаат по десна лента, возат цик цак, свират константно, поминуваат на црвено и тоа СРЕД БЕЛ ДЕН, на крај на работно време кога има најголеми гужви.
Нашиве кајганџии имаа случка кога еден од браќава ќе ги соберел со кола и кога му свирнале, застанал да се тепа, незнаејќи што го чека. Па кога му излегле 4-ца навивачи, не знаел каде да бега, молел, кукал, не знаев јас, вака така.
Али џабе, он секако ќе продолжи по своето, а ако не дај боже вратиш, ќе лапаш кривична.