Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Не постојат христијански народи. Постојат христијани како индивидуи. Народот не може да се дели по религии. Тоа се стари догматски идеи кои го поделија светот и сеуште се шири омраза на таа основа.
Сите Македонци се христијани? Јас не сум Македонец ако не сум христијанин? :) Каде така со тоа размислување?

Такви идеи создаваат проблеми. Пробај да го промениш тој став.

Секогаш се сомневај кога зборуваш со мене. Утре може да се сложам со тебе ако наидам на разумни аргументи, а не христијански догми кои осудуваат се што не е христијанство да биде „спасување“ од западот и новото време.

Ти реков по грешка избришано (од омраза кон факинг Кроули не сакаш да прифатиш едно признавање грешка од моја страна) - слободно сподели ја повторно жената христијанка да ја анализираме што тоа паламуди па ја уапсиле од чиста мира. За да коментираме „баш за тоа колку христијанството е супер“. Или зборува нешто лошо па сега не сакаш да ја споделиш?

Значи ти сакаш спас и помош за христијаните, другите што ти е гајле, нека страдаат штом не се христијани - тие не заслужуваат ништо бидејќи не се „едно со бога преку христијанството“?
Браво. Ми се допаѓа твоето „лице“ кон човештвото.

Не е измислен аргумент - ти барашае христијанство наспроти ЛГБТ и таа злобна западна идеја за слобода. Но сега не ти чини нешто што зборувам и лажни аргументи... нека ти биде, се додека знаеме дека христијанството во однос на светот не се враќа на голема врата освен при некоја голема војна - добри сме.

Лесно е мене да ми зборуваш каков сум... никогаш нема да бидам како тебе и тоа е добро и мора да го прифатиш тоа, бидејќи не постои бог или човек на Земјата што може да го промени тоа. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
Ти реков по грешка избришано (од омраза кон факинг Кроули не сакаш да прифатиш едно признавање грешка од моја страна) - слободно сподели ја повторно жената христијанка да ја анализираме што тоа паламуди па ја уапсиле од чиста мира. За да коментираме „баш за тоа колку христијанството е супер“. Или зборува нешто лошо па сега не сакаш да ја споделиш?
Чекај, отворено признаваш дека си ми го бришел постот, дека ме цензурираш заради тоа што немаш аргументи... Ама по грешка си избришал делот со Христијанката?
Ова како да признаваш дека си пукал во некој, ти си сакал во раме ама а по грешка во глава си го погодил. И после погодениот го обвинуваш дека шири омраза? :eek:

Значи ти сакаш спас и помош за христијаните, другите што ти е гајле, нека страдаат штом не се христијани - тие не заслужуваат ништо бидејќи не се „едно со бога преку христијанството“?
Браво. Ми се допаѓа твоето „лице“ кон човештвото.
Буквално секогаш го правиш ова, ми ги менуваш зборовите и потоа ја коментираш твојата конструкција. Тоа што реално го кажувам не го перцепираш.
Христијанството да ни помогне нам од христијанските народи, во одбрана од лгбт пропагандата на естаблишментот. Истото го кажувам во можеби неколку десетици постови.
... да читаш философија колку што го читаш Кроули - ќе знаеше дека тоа се нарекува strawman argument. Eдноставно ми го заменуваш аргументот со измислен аргумент и тоа го коментираш наместо мојот вистински коментар. Поназад се прашував дали злонамерност стои позади ваквите упорни местенки, сега веќе не се сомневам.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Чекај, отворено признаваш дека си ми го бришел постот, дека ме цензурираш заради тоа што немаш аргументи... Ама по грешка си избришал делот со Христијанката?
Ова како да признаваш дека си пукал во некој, ти си сакал во раме ама а по грешка во глава си го погодил. И после погодениот го обвинуваш дека шири омраза? :eek:


Буквално секогаш го правиш ова, ми ги менуваш зборовите и потоа ја коментираш твојата конструкција. Тоа што реално го кажувам не го перцепираш.
...критиката од @Хептаграм XI не ја извртува твојата изјава @Vanlok ,тој што коментира има право да даде свое видување на твојата изјава,нели?
...затоа и коментираме по темите на форумот,или?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
...критиката од @Хептаграм XI не ја извртува твојата изјава @Vanlok ,тој што коментира има право да даде свое видување на твојата изјава,нели?
...затоа и коментираме по темите на форумот,или?
Не може да биде „негово видување“ суштински да ми ги менува изјавите. Не може да каже како да сум кажал нешто што јас никако не сум го кажал. Јас велам дека на христијанството гледам како можна корисна алатка против социјалниот инжинеринг на естаблишментот.

Тој кажува дека:
Значи ти сакаш спас и помош за христијаните, другите што ти е гајле, нека страдаат штом не се христијани - тие не заслужуваат ништо бидејќи не се „едно со бога преку христијанството“?
Јас упорно, можеби десетина пати го поправам (разлистај наназад ако не си следел) дека религијата ја гледам како алатка против лгбт пропагандата, против мулти-култи перењето мозок. Тој упорно ми ги врти зборовите:
...христијанство наспроти ЛГБТ и таа злобна западна идеја за слобода.
Можам да цитирам барем десетина вакви негови лажни конструкции. Но зошто да замарам, секој може да пролиста наназад и да провери самиот.
Пази, ни на мене ни на никој што го познавам не му сметаат геј луѓето да си прават што сакаат, само без да не замараат нас другите. Но за Хепта „слобода“ не е они да прават што љубат едни на други, туку „слобода“ е кога дури и против наша волја некој нам мнозинството 24/7 ни го пере мозокот со пропагандата на лгбт култот.

Мислам дека нему проблемот му е што мнозинството за кое зборуваме се христијани, наместо христијани да беа на пример следбеници на Кроули - веројатно поинаку ќе гледаше на работите.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
@Vanlok Живееме во време во кое се "води војна" за душата и таа е во предност пред телесната пошто оваа модерна војна е повеќедимензионална..во меѓувреме во тебе се јавува отпор и духот не ти ја прифаќа состојбата и ситуацијата околу тебе и бара акција односно начин на одбрана и ја тоа го разбирам..меѓутоа постојат и сили исто во неколку димензии кои те одвраќат од "борбата" и ти сугерираат да се откажеш и предадеш и да му се препуштиш на бранот да те поклопи и да те стопи во масата...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Суштински ми ги менува изјавите. Јас велам дека на христијанството гледам како можна корисна алатка против социјалниот инжинеринг на естаблишментот.

Тој кажува дека:


Јас упорно, можеби десетина пати го поправам (разлистај наназад ако не си следел) дека религијата ја гледам како алатка против лгбт пропагандата, против мулти-култи перењето мозок. Тој упорно ми ги врти зборовите:

Можам да цитирам барем десетина вакви негови лажни конструкции. Но зошто да замарам, секој може да пролиста наназад и да провери самиот.
Пази, ни на мене ни на никој што го познавам не му сметаат геј луѓето да си прават што сакаат, само без да не замараат нас другите. Но за Хепта „слобода“ не е они да прават што љубат едни на други, туку „слобода“ е кога дури и против наша волја некој нам мнозинството 24/7 ни го пере мозокот со пропагандата на лгбт култот.

Мислам дека нему проблемот му е што мнозинството за кое зборуваме се христијани, наместо христијани да беа на пример следбеници на Кроули - веројатно поинаку ќе гледаше на работите.
...никој нема на оваа планета ексклузивно право да наметнува норми на однесување и некои стандарди @Vanlok
...јас лично сметам дека секоја единка има право да си ги негува и чува своите убедувања и верувања,но само за себе
...интелектуалниот дуел на мислења,религии и ставови е секогаш продуктивен,и не смее да служи како оружје за лични навреди
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Чекај, отворено признаваш дека си ми го бришел постот, дека ме цензурираш заради тоа што немаш аргументи... Ама по грешка си избришал делот со Христијанката?
Буквално секогаш го правиш ова, ми ги менуваш зборовите и потоа ја коментираш твојата конструкција. Тоа што реално го кажувам не го перцепираш.
Сега ти тоа што мене ме обвинуваше дека го правам, го правиш ти - си додаваш аргументи. Сонце :)
Кај мене се е отворено. По грешка избришано дел од пост и ти реков да го објавиш повторно тој дел, моја грешка, веднаш ти реков... Не смее човек да погреши :)

Не ти ги менувам зборовите, ти ја виткам мислата и ти покажувам дека лажеш за христијанството дека ќе спаси било кој... и ти самиот потврди дека сакаш христијанството поточно толпата да те спаси тебе од она што го мразиш во светот... омразата не е добра ствар.
Лажеш свесно, несвесно, пристрастно или не - небитно, битно дека лажеш. Бидејќи не го ниту разбираш христијанството, тоа ти е некаков „аманет“, наследство што мислиш дека некој ти го оставил, така?

П.С.
И реков претходно:
Сподели повторно да јас слушнат сите христијанката што „слободна мисла има“ и зошто ја апсат. Не е тешко да ја објавиш повторно... не треба да се плашиш дека ќе ја критикуваме, голема работа... ништо нема да и биде :)
Автоматски споено мислење:

@Vanlok Живееме во време во кое се "води војна" за душата и таа е во предност пред телесната пошто оваа модерна војна е повеќедимензионална..
Се сложувам за повеќедимензионалноста!
Автоматски споено мислење:

Не може да биде „негово видување“ суштински да ми ги менува изјавите. Не може да каже како да сум кажал нешто што јас никако не сум го кажал. Јас велам дека на христијанството гледам како можна корисна алатка против социјалниот инжинеринг на естаблишментот.
А ова бре сине:

Христијанството да ни помогне нам од христијанските народи, во одбрана од лгбт пропагандата на естаблишментот. Истото го кажувам во можеби неколку десетици постови (освен ако и нив не си ги избришал), не ги кажувам твоиве конструкции.
Како тоа христијанство бараш да ти помогне во социјалниот живот, помеѓу различните од тебе? Кои народи? Македонскиот народ сеуште ќе го броиме христијани? Не ми одговори на тоа... се губиш. И се нервираш без врска... како да веднаш ако јас не ти коментирав, ете го христијанството кај ти помага тебе и на христијанските народи...

Во манастир си? Не си.
На Земјата си? Да, по некоја логика.
Има премногу духовни учења? Да.

Христијанството не може да помогне никому во општеството освен преку духовно созревање, ако е возможно тоа. Што зборував претходно наназад. Но ти религијата не ја гледаш од таа страна, за тебе како да е тоа шеријатски закони по се изгледа.

Ти си небитен како го гледаш христијанството. Битно е оние кои се на врвот на тоа христијанство како гледаат, а и нормално и други авторитети од други религии :) Ти го повика да ти помогне, сега колку може - ќе видиме.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
...никој нема на оваа планета ексклузивно право да наметнува норми на однесување и некои стандарди @Vanlok
...јас лично сметам дека секоја единка има право да си ги негува и чува своите убедувања и верувања,но само за себе
Во ред, но во тој случај што мислиш дека сега се случува?
Пропагандата која денес насекаде без престан се случува по сите медиуми. Преку телевизијата, преку филмовите и сериите, преку virtue signalling на социјалните мрежи, преку секој аспект на поп културата... Нели тоа буквално е „наметнување норми на однесување и стандарди“.
Автоматски споено мислење:

По грешка избришано дел од пост и ти реков да го објавиш повторно тој дел, моја грешка, веднаш ти реков... Не смее човек да погреши :)
...
Сподели повторно да јас слушнат сите христијанката што „слободна мисла има“ и зошто ја апсат. Не е тешко да ја објавиш повторно... не треба да се плашиш дека ќе ја критикуваме, голема работа... ништо нема да и биде :)
Видеото го добиваш веднаш штом ќе бидеш љубезен да објасниш зошто е бришен постот. Таму на постот убаво пишува дека цензуриран заради офтопик, но сега кажуваш дека „по грешка“. Двете работи се напишани од тебе, ама не може и двете да бидат точни.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Во ред, но во тој случај што мислиш дека сега се случува?
Пропагандата која денес насекаде без престан се случува по сите медиуми. Преку телевизијата, преку филмовите и сериите, преку virtue signalling на социјалните мрежи, преку секој аспект на поп културата... Нели тоа буквално е „наметнување норми на однесување и стандарди“.
...се случува она што се случува со човештвото после секоја индустриска револуција,а тоа е дека одредена категорија од човештвото ќе отиде курбан за сметка на идните и нови генерации
...и тоа што ти го чувствуваш е сосема нормално,бидејќи се коси со сите твои појмувања на истата
...што не значи дека не е исправна,нели? :)
...и нема никаков заговор во тоа
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
...се случува она што се случува со човештвото после секоја индустриска револуција,а тоа е дека одредена категорија од човештвото ќе отиде курбан за сметка на идните и нови генерации
...и тоа што ти го чувствуваш е сосема нормално,бидејќи се коси со сите твои појмувања на истата
...што не значи дека не е исправна,нели? :)
Имаш огромна контрадиција во ставовите. Нема да се дрзнам јас да судам што, ама или ова горе цитираното, или ова долу цитираното... Едното е погрешно. Не може и двете да се точни. Според тебе кој е точен а кој е погрешен, горниот или долниот цитат?
...никој нема на оваа планета ексклузивно право да наметнува норми на однесување и некои стандарди @Vanlok
...јас лично сметам дека секоја единка има право да си ги негува и чува своите убедувања и верувања,но само за себе
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Имаш огромна контрадиција во ставовите. Нема да се дрзнам јас да судам што, ама или ова горе цитираното, или ова долу цитираното... Едното е погрешно. Не може и двете да се точни.
Според тебе, кое е точно а кое е погрешно, горниот или долниот цитат?
...нема контрадикторности @Vanlok
...никој не те тера со сила да менуваш ставови,но и не ти дава право да го “ставаш на крст„ бранот на нови идеи,ставови и мислења
...најтешка е револуцијата во нашите глави кога човештвото прави голем чекор нанапред :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
...нема контрадикторности @Vanlok
...никој не те тера со сила да менуваш ставови,но и не ти дава право да го “ставаш на крст„ бранот на нови идеи,ставови и мислења
...најтешка е револуцијата во нашите глави кога човештвото прави голем чекор нанапред :)
Не знам дали можеш да се дистанцираш и да се прочиташ што пишуваш.
Кажуваш: Никој нема право да ти наменува ништо, но сепак ти (и мнозинството со тебе) треба да си легнете на брашно кога ви наметнуваат - и тоа не било што, туку уништување на вашите основни човечки вредности.

Вакви контрадикторности се многу воочливи и кај Хепта. Повеќе пати сум ги нагласил.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Не знам дали можеш да се дистанцираш и да се прочиташ што пишуваш.
Кажуваш: Никој нема право да ти наменува ништо, но сепак ти (и мнозинството со тебе) треба да си легнете на брашно кога ви наметнуваат - и тоа не било што, туку уништување на вашите основни човечки вредности.

Вакви контрадикторности се многу воочливи и кај Хепта. Повеќе пати сум ги нагласил.
...можам да ти покажам колку се убави боите на шумата во есен,но не можам да ти ги дадам моите очи да ја видиш исто како и јас
...само можиме да се сложиме дека е шарена,нели?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Никој не може да ти наметне денес ништо во врска со религиите. Читам како политички партии повикуваат да не се палеле огнови, тоа било немакедонски, пагански... сеуште се игра на тие карти од гадовите и се игра со чувствата на луѓето! Проклети гадови!

Никој не може да наметне на пример религија и таа да е најисправна, најдобра, највистинска нај нај што и да е... самиот бираш, самиот знаеш што ти бара највнатрешното во тебе и тоа никој не може да го уништи - реков ниту богови ниту човек на Земјата.

Посебно не религии кои имаат дијаметрално спротивни религии кои постојат денес.

Битно е денес да се знае дека се е дозволено но не се е полезно за секој.

Тебе се ти е контрадикторно бидејќи праволиниски си туркаш едно та исто - омраза кон ЛГБТ и секој друг што нема проблем со ЛГБТ има контрадикторни ставови, а уствари се обидуваме нежно да те воведеме во новото време: да прифатиш дека има ЛГБТ и дека нема ништо лошо во тоа.
Или ти смета што ги гледаш на тв? :) Да не ги даваат на тв што... ниту на улица нека ги нема...
Верници што се геј ниту во цркви да не одат - тие се грев, така создадени од... некој... или искушение им е ова на Земјата?
Комплицирани се овие прашања кога ќе се поврзат со религите и духовното...
Автоматски споено мислење:

...можам да ти покажам колку се убави боите на шумата во есен,но не можам да ти ги дадам моите очи да ја видиш исто како и јас
...само можиме да се сложиме дека е шарена,нели?
Тешко дека можеш да му покажеш ако носи темни наочари.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.770
Поени од реакции
34.025
...можам да ти покажам колку се убави боите на шумата во есен,но не можам да ти ги дадам моите очи да ја видиш исто како и јас
...само можиме да се сложиме дека е шарена,нели?
non sequitur :)
Ги игнорираш работите кои сметам дека јасно ти ги кажувам.


Не се работи за разлики во гледање на работите. Се работи за прифаќање и неприфаќање на реалноста. Но тоа што ти (и Хепта) го гледате како реалност не е реалност за мнозинството на луѓето. За мнозинството, се работи за наметнување и репресија врз слободите на живеење на животот според вредностите со кои се родени во матичната култура.

Не ми е јасно само во кој универзум сте виделе мнозинство без отпор да се согласи на самоуништување (од културен аспект). Навистина очекувате ова вака глатко ќе помине? Дека нема да има отпор (и се што иде со тоа), дека сите заедно и среќно се фатат раце под раце и ќе пеат „кумбаја“ додека си ги менуваат вредностите во ова што се наметнува од западот?


Во ниедна масовно прифатена религија не го проповедаат ова за што зборувате, согласување со радикална насилна промена на вредностите и културата на мнозински дел од луѓето. Се фино што преферирате духовни тематики, но без навреда - сметам дека не би ви сметало да прочитате и малку историја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom