Тоа значи дека русите конечно ќе измрзнат, така кажа Тенеќето, дека немале волнени чорапи и бунди.
Знаеш сите го спомињаат ова со историјата, ама историјата сама по себе не е непогрешлив патерн. Безброј земји во минатото биле познати по нешто, за на крај да завршат како сосема трето.
Тоа биле други генерации Руси во сосема друго опкружување. Не може овие да ги процениме според нив.
Русија сите војни кој ги водела ги започнувала слабо, Петар Велики таму 1700 и некоја кога се тепал со швеѓаните кај Нарва иако изгубил 80000 војници рекол дека ќе се обидуваат колку и да треба (или така некако рекол колку што се сеќавам) и во следните години го тепале швеѓаните, за по 10 години да ја преебат и да стават крај на доминацијата на Шведска како огромна воена сила во Европа.................
Така да рано е да се каже дека Русија ја губи војната кога нема изгубено многу војници, да прават нејасни работи, се повлекоа од Харков иако лесно можеа да го бранат, се повлекоа и од Херсон, можда потешко за бранење ама имаа доволно време да однеста војска, првин почнаа со ептен малку војска, па ја пуштија пола на одмор, за подоцна да и текне да прават мобилозација.
Сега почнува нова фаза од војната, како што гледаме се носи војска во Белорусија, се носи војска и на линијата на фронтот, нели пред некој месец се зборуваше од амерички генерали дека јануари февруари ќе имале и милион војска спремна за напад, па еве го месец дава ќе почекаме да видеме дали ќе мрдне работата или ќе си остане вака како што е.