Легендарни фудбалери од минатото (до почетокот на 90-те)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.083
Поени од реакции
62.202
Барав, барав, и не најдов слична тема. Ако згрешам нека изгорам.

Ја отворам темава за да подискутираме и овековечиме со видеа легендарни фудбалски имиња кои никогаш не сме ги гледале на ТВ во живо, ама сме слушале или читале многу за нив. Фудбалери кои важат за „легенди“ во светски или регионални рамки.

Ќе почнам со ова фантастично видео на кое налетав пред некој ден, а кое се вика Pele did it first, во кое Пеле прави работи кои подоцна ги прават и Меси, Роналдо, другиот Роналдо, Зидан, Кројф, Роберто Карлос и други...


Се надевам на релаксирана дискусија, темава не е за GOAT или за споредба кој е подобар од кого, туку за постирање убави работи како видеото погоре и за уживање во класичен фудбал.
 
Последно уредено:
Ќе почнам со ова фантастично видео на кое налетав пред некој ден, а кое се вика Pele did it first, во кое Пеле прави работи кои подоцна ги прават и Меси, Роналдо, другиот Роналдо, Зидан, Кројф, Роберто Карлос и други...
Или Гаринча, зависи до хајпот. :D


Пеле дефинитивно го има одбележано тој фудбалски период, 50 и 60тите се тотално негови години и затоа многу малку се збори за играчи како Гаринча на пример кој своевремено важел за најбоље техничар и дриблер.
 
да подискутираме и овековечиме со видеа легендарни фудбалски имиња кои никогаш не сме ги гледале на ТВ во живо

Ако не сте ги гледале Мидо, Батистута, Баџо, Кафу и Сидорф, колку години имате бе? 8?
 
Ако не сте ги гледале Мидо, Батистута, Баџо, Кафу и Сидорф, колку години имате бе? 8?
Не е дека не ги гледале туку едноставно не читаат, има една тема за заборавени фудбалери. Језиво.
 
Гинтер Нетцер, еден од најдобрите пасери и дриблери што заиграле фудбал, заборавен ради тоа што никогаш не заиграл за голем германски клуб, а и не се прославил во Реал Мадрид. Има освоено светско со Западна Германија, генерацијата на Бекенбауер...

 
Кога сме кај таа славна генерација на Менш што газела у Германија во 70тите, членови на златната Западна Германија од 74 се и Јуп Хајнкес и Берти Фокс.

Хајнкес играл у напад, најчесто на крилна позиција пошто централниот дел бил резервиран за Герд Милер. Поише го знаеме како тренер на Баерн иако човекот има успех и со Реал Мадрид.
Како играч со Менхенгладбах има освоено све, со Германија покрај Светкото злато од 74, има и Европска титула 2 години претходно.

Берти Фокс, десен бек играл, незаменлив 10 години у репрезентација, преку 15 у Менш.
9 пати се нашол у тимот на сезоната во Бундес лига. На 2 светски првенства бил во ол-стар тимот, 2 пати е прогласуван за најдобар играч во Германија.
Еден од најдобрите десни бекови во историјата на Германија.

Бил селектор на Германија каде има титула од Европското 96та у Англија.
 
Људи толку ли е тешко бе да го прочитате постот?
Ај сашко го разбирам има 12 године па не го гледал Сидорф, ама другиве, постирате играчи што играле до пред две године што се вика.
Убоо ви пиша иосоно, играчи што не сте ги гледале.

Играч кој да не го ебале повреде ќе остаел уште поголем печат на фудбалт, иако и со прилично кратка кариера и ден денес се смета за еден од најдобрите напаѓачи у историјата



Играчиште !

Иначе морам да го стаем и Сафет Папе Сушиќ, од татко ми омилениот играч. Сум глеал миљон клипови од него, човекот како магнет да имал у тоа ногете, каква контрола над топката имал денешниве дефанзивци би го убиле од фаули

 
Ги префрлив Мидо, Сидорф, Кафу... во темата за заборавени фудбалери. Не дека се заборавени туку за да не ги бришам. Ја преименував темава за да биде појасно за сите, значи играчи кои играле активно до почетокот на 90-те, значи само Анчо ги гледал на ТВ. Играчи за кои треба да откопаме стари видеа и да се едуцираме малку.

Со други зборови, класичен фудбал, vintage football или како сакате. Пеле, Марадона, Кројф, Платини итн... се надевам дека се разбираме.
 
Да не заборавиме дека и ние сме имале големи имиња во фудбалскиот свет во тие години, кои играле во Југословенската лига.

Бидејќи нашите клубови сеуште функционираат како да сме во минатиот век, без никаква организација, план и финансии, па така научна фантастика би било на пример ФК Вардар да извади видеа монтирани во чест и посветени на клубските легенди како:

Кирил Дојчиновски

Дете на Вардар, стандарден првотимец кој подоцна преминал во Црвена Ѕвезда и таму ги направил најголемите успеси. Еден од двајцата Македонци кои заиграле на Светско Првенство заедно со

Дарко Панчев

Исто како и кај Кирил, и кај Дарко не може да се најдат некои видеа од голови во Вардар, освен оние стари репортажи за одредени кола во Југословенската лига па така да се убоде нешто, меѓутоа повеќето му се од времето во Ѕвезда. Популарниот Кобра е можеби и најдобриот напаѓач во Југославија во тоа време и топ 5 во Европа. Ќе ми остане запаметена една изјава мислам дека беше од Савичевиќ каде што кажува за финалето во Бари 91ва, кога се мислеле кој да го шутира последиот пенал, и кога вика "А кој друг него Панчев". Доволно говори каква мудоња бил на теренот.

Васил Рингов

Популарниот Рингов Стар во Хрватска, член на златната генерација на Вардар и еден од двајцата носители на играта. Тандемот Рингов-Панчев бил еден од најдобрите во тоа време. Класично крило, брз дриблер што не проаѓал у сопствена половина 90 минути.
 
Најголемите виртуози на фудбалската игра кои играле на Балканот и двајцата ја имаат истата трагична судбина да загинат во сообраќајни несреќи.

Драган Манце

19821107tmmance.jpg

Георги Аспарухов - Гунди

768x.jpg
 
А и збор два три пет ако може да се пише пошто не е поентата да ги набројуваме само, ќе зеам сеа ако не ќе набројам 1500 играчи и ќе ја затворам темава.
Добро би било и збор два ама ајде да не се ограничуваме... би сакал видеа да се постираат, од лепење слики може да видиме само колку биле грди. А да ја наполниме темава со добри стари видеа би била мерак за вртење, само да не се полни со спамање, лека полека.
 
Томи Лоренс, голман на Ливерпул што бранел 14 години, сосема случајно го среќаваат на улица во Ливерпул и го прашуваат на времето за еден меч од ФА куп дали се сеќава, он им вика дека играл баш на тој меч.:place:

 
Последно уредено:
Кога се зборува за успесите на Бразилската репрезентација, пред се на светските мундијали, секогаш првото ударно звучно име е Пеле. Покрај Пеле, дел од златната генерација на Бразил, кој два пати го има кренато победничкиот пехар на светските првенства (во 1958 и во 1962 година) е Диди, играч од средниот ред на репрезентацијата на Бразил. За жал, видеото е со слаба резолуција.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom