Да можеа брзо да ги штанцаат, ќе ги штанцаа одамна со оглед на тоа дека тенков е промовиран пред 7-8 години заедно со уште три-четири други оклопни возила. Негде има проблем, дали во дизајнот или во неможноста да се произведува во големи бројки со висок квалитет, таму лежи зајакот.
Проблемот лежи во тоа што додека некое оружје е прототип, ќе се наоѓаат безброј проблеми кои ќе треба да се отклонуваат со тек на време, да се менува, надоградува. Имаше тука некој постирано статија со сите проблеми што се соочила Арматата од кога е излезена и што менувале во дизајнот.
Џабе ќе иштанцаат цела серија ако таа не биде успешна на бојното поле. Нема после цела да ја повлекуваат назад и редизајнираат.
Затоа најдобри се покажани оние оружја кои се модернизирани, отколку оние кои се нови, на тотално друга платформа направени.
Т-72 и Т-90 од советско време со модернизираниве верзии со ознаките се тотално различни тенкови по тоа со каков капацитет располагаат. И сигурно се далеку подобро решение моментално од Арматата.
Исто е и со авионите. Су-24, 25, 34, Миг - 29, Ту - 160 сите им се модернизирани. Само лаик мисли дека тоа се истите авиони од 70-те.
Новиот Сухој Пак - Да не е тестиран, и војнава одлично им доаѓа за такво нешто. После кога ќе го усовршат до перфекција, не е проблем да го штанцаат, капацитети имаат и тоа повеќе од доволно.