Како мислиш да си го зголемат угледот? Со притискање и отворање на устав по втор пат? Има две варијанти за одговор на ова што го зборуваш, едната е дека Калето врска нема што прави па мисли дека ќе го зголемат угледот и покрај квалитетното шамарање што и го правеа(прават) на државава вклучително и новото навидум отворање на уставот, другата варијанта е дека ич не им е галје за угледот. Ја викам дека е втората, ако беше првата немаше најверојатно да гледаме комунисти во собрание и Груевски како најпопуларен политичар.
Не е дека Американците не знаат што треба да се направи туку и на нив просторот за маневар им е многу многу ограничен. Каква било вистинска помош за да си го зацементираат влијанието туку директно ќе ги доведе во конфликт со Грција, Бугарија и Косовската мафија. Држави/групации кои во моментов на геополитички и финансиски план им значат далеку повеќе. Но пак од друга страна не смеат и да дозволат комплетно да пропаднеме зошто тоа може да им отвори еден мал милион проблеми во регион во кој контролата во моментов не им е најцврста, а и ќе им се отворат некој преседани зошто сме официјално членка на НАТО.
Еве земи го проблемот сега со бугарите во уставот, кои им се опциите:
- Уставни промени не се случуваат до крајот на 2023 кога завршува скринингот. Македонија не отвара преговори и во 2024 се оди на избори. Каква било илузија за ЕУ е мртва и угледот и на Америка и на ЕУ ќе отиде во дупка. Притоа си отвараат и проблем и со Бугарите и со Косовската мафија дека ете не притиснале да им се исполнат желбите, а последователно и барем две од тројката ДПНЕ-СДС-ДУИ нема да ги дочекаат следните избори или ќе ги дочекаат во катастрофална состојба и политичката криза ќе започне по локалните 2025.
- Уставни промени се случуваат со помош на гласови од ДПНЕ. ДПНЕ се претвора во зомби партија, СДС си продолжува со распаѓањето на власт додека анти-Америчкото и анти-ЕУ расположението оди низ плафон. Во 2024 имаш сигурна политичка криза во Македонија.
Навистина немаат каква било асална опција ( не дека ги жалам). Ако идат про-Македонија се судираат со Грција/Бугарија/Косово, ако идат про Грција/Бугарија/Косово ја уништуваат државата што може да им отвори катастрофални проблеми. Ако се неутрални, нивните политички играчи кои ги преставуваат се такви имбецили што им го уништуваат угледот секој ден, а не смеат да одат против нив и да создадат нови зошто истите работат и за трети страни ( Грција/Бугарија/Косово/Германија/Англија/Турција/Холандија) и каква било пресметка со нив ќе биде и судир со тие трети страни.
И плус на лошата ситуација тука си имаат и далеку поголеми проблеми на глобално ниво одколку со нас да се занимаваат сериозно. И заради тоа седат неутрални и си купуваат време. А локалниве имбецили истото го користат да дивеат што повеќе и уште толку повеќе им прават проблеми.