Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Русија скоро една цела година не може да се справи со Украина а ти ми зборуваш за Славјанка и некаква помош. Русија како најголема воена сила не може ЕДНА ГОДИНА да се справи со држава како УКРАИНА. Дали се разбираме?
Без помошта од Запад војната ќе завршеше максимум до јуни/јули ако одиме во техникалии. Имаш НАТО команди центри по Германија и Полска каде раководат со војнава. Цело време во меѓународниот простор на Црното Море летаат НАТО авиони за надбљудување што и на flight radar се гледаат, цело време западнит сателити снимаат и информациите се веднаш пренесуваат на украинците и имаш НАТО војници што раководат со одредени оружја како ХИМАРС-ите.

Инаку и јас го делам мислењето дека во одредени ситуации се ептен посраа русите и падна митот(на тие што веруваа) за супер силната армија. Моето убедување е дека секаде каде има остатоци од комуњаризам неможе да биде професионално и ефективно. Тоа на северот беше бламажа и аматеризам од командата па колку сакат нека пишуваат реферати за некакви феинтови. Кога тоа ќе го исчистат од нивните командни структури на секое ниво ќе бидат далеку поефективни. Само тоа нема да се случи никогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: y2k
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Русија скоро една цела година не може да се справи со Украина а ти ми зборуваш за Славјанка и некаква помош. Русија како најголема воена сила не може ЕДНА ГОДИНА да се справи со држава како УКРАИНА. Дали се разбираме?
Русија не војува со Украина луд...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
За тебе и другарите и холомодорот испадна не постоел, а има и такви што пишат дека холокаустот над евреите бил измислица, секакви пациенти има.
За мене хлодоморот не постоел?

Јас веројатно имам највеќе текст тука, на форумов, пишувано за хлодоморот. Рука у огин ставам дека не си прочитал ниту еден мој пост за тоа. Само така може да се објасни ова твое тврдење за мене, околу хлодоморот.

За да дискутираш на вакви теми треба барем минимално да бидеш запознаен со состојбата. Не може да не знаеш оти ние испраќаме воена помош на Украина, или да тврдиш за мене дека сметам оти не постоел хлодоморот, кога баш спротивното го пишувам цело време.

Што е следно?
Тенеке е многу проруски ориентиран?
САД нема никаква врска со војната во Украина?
Русија нема нуклеарни боеви глави?
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.561
Русија не војува со Украина луд...
Не почнувај пак. Ми се повраќа од објаснувањето со тебе со кого и зошто војувала Русија. Најголемата воена сила во светот се претвори во најголема комедија :)
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213

Кое е твоето мислење за холомодорот - геноцидот врз украинскиот народ од страна на русија тогашен ссср?
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Не почнувај пак. Ми се повраќа од објаснувањето со тебе со кого и зошто војувала Русија. Најголемата воена сила во светот се претвори во најголема комедија :)
Дечко, да војуваше Русија со Украина, војната за не повеќе од 3 месеци ќе беше завршена.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Западот ако се окуражи па и воено да интервенира во Белорусија после нејзиното вклучување во конфликтот практично ќе имаме нова светска војна. Мислам дека Лукашенко би барал нуклеарна гаранција од Русија во случај некој да се обиде да го чепне од надвор.
Nemora da bide aktivna i ne veruvam deka toa ke go pravi tuku ke im dade na Ukraincite raketi za podolga distanca ili ke gi ohrabri da gagjaat tamu negde povnatre.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Кое е твоето мислење за холомодорот - геноцидот врз украинскиот народ од страна на русија тогашен ссср?
Исто како и за атомската бомба фрлена врз Хирошима која уби 2 милиони Јапонци.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.182
Многу голема коцка би било тоа за Лукашенко. Мислам дека отпорот дома кон таква војна би бил многу поголем него ли во Русија. Исто така не гледам која е добивката за Белорусија од таква војна.
ова нема да биде таква војна село за село, него брза молскавична операција што ја планираат русите изгледа. Практично повторување на тоа во февруари, но овој пат со многу повеќе војска и артилерија.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Русија скоро една цела година не може да се справи со Украина а ти ми зборуваш за Славјанка и некаква помош. Русија како најголема воена сила не може ЕДНА ГОДИНА да се справи со држава како УКРАИНА. Дали се разбираме?
Украина е (беше) држава од 44 милиони луѓе. Значи не недостига топовско месо за регрутација. Во Украина се вложени огромни средства од страна на западот, практично Украина моментално воено е најсилна држава во Европа, веднаш после Русија. Војската на Украина е тренирана од НАТО, оружјето и е на НАТО, и целата логистика, што е всушност нјаважно, е од НАТО.

Така да кога ќе напишеш не може да се справи со една Украина, малку е смешно.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
За мене хлодоморот не постоел?

Јас веројатно имам највеќе текст тука, на форумов, пишувано за хлодоморот. Рука у огин ставам дека не си прочитал ниту еден мој пост за тоа. Само така може да се објасни ова твое тврдење за мене, околу хлодоморот.

За да дискутираш на вакви теми треба барем минимално да бидеш запознаен со состојбата. Не може да не знаеш оти ние испраќаме воена помош на Украина, или да тврдиш за мене дека сметам оти не постоел хлодоморот, кога баш спротивното го пишувам цело време.

Што е следно?
Тенеке е многу проруски ориентиран?
САД нема никаква врска со војната во Украина?
Русија нема нуклеарни боеви глави?
Oвој ти е северофирмски комуњар, онаа школа на твитер мунгоси што добија на популарност 2013та - 2016та со вакви насочувања на друга насока и обиди да бидат смешни. Гледаш дека цело време тропа дека се негира хлодоморот иако никој не го негира тоа туку се пишва за неговото тврдење дека е смислен геноцид од русите. И тој упорно вози дека ти негираш страдања и хлодоморот. Тоа е намената на овие северофирмски комуњари кога веќе никој не ги рецка нивните глупости учени од разни Џабир Дерали, Жарко такозвани сеир.мк што сега имаат некакви институти за проверка на факти и разни глупости да лапаат пари преку невладини. Нема поента од дискусија кога гледаш намерно тера со терање на дискусија во друга насока или пробува да ти наметне вакви работи.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Кое е твоето мислење за холомодорот - геноцидот врз украинскиот народ од страна на русија тогашен ссср?
И да се надоврзам, наративот низ цела русија е дека украински народ и нација не постои и дека и дека териториите на украина се дел од русија.

Тој наратив е 100% ист со наративот на секоја фашистичка држава во моменти кога се води војна и окупира држава. Ни сами не знаете за што всушност навивате.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
И да се надоврзам, наративот низ цела русија е дека украински народ и нација не постои и дека и дека териториите на украина се дел од русија.

Тој наратив е 100% ист со наративот на секоја фашистичка држава во моменти кога се води војна и окупира држава. Ни сами не знаете за што всушност навивате.
Знаеме многу добро.
Тој наратив е сесрдно подржан од ЕУ и се применува прилежно во случајот на Македонија и Бугарија.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
ова нема да биде таква војна село за село, него брза молскавична операција што ја планираат русите изгледа. Практично повторување на тоа во февруари, но овој пат со многу повеќе војска и артилерија.
Ако го повторат тоа на северот пак како во февруари / март подобро и нека не пробуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom