@Kolosek и јас размислував слично но во меѓувреме разбрав дека работите не се едноставни и бинарно црно/бели.
Луѓето функционираат во заедници, кои освен што служат за експлоатација од поединци и групи (религиозни, политички, итн) тоа се и заедници за бранење на интересите на луѓето во нив. Затоа што сродни слични луѓе кои живеат на ист простор секогаш имаат заеднички интереси.
Освен тоа на луѓето им е потребно чувство за припадност, за заедништво. Од тој аспект религиите се корисни, потребни всушност.
Па макар и ако се практикуваат повеќе од социјални побуди (како јас на пример). Традицијата и традиционализмот во основа не се лоши работи, се разбира освен ако не го кочат развојот... Нормално, тука влегуваме во опасност oд злоупотреба на разбирањето на развојот. Ако под „развој“ некој подразбира промовирање на западни „вредности“ кои доведуваат уништување на традиционалните вредности и со тоа доведуваат до зголемен морталитет, бела чума, потреба од доселување на културно (и секако) некомпатибилни имигранти, и општо уништување на матичната култура... Тогаш тоа не е развој туку девалвација и самоуништување.
Ова е разбирање кое доаѓа со искуство.