Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
А тоа што Мирољуб вика дека све тоа се демони.
Или не е вистина тоа
Мирољуб е „сам свој мајстор„, кој изнесува ставови по својот памет, се повикува на самиот себе криејќи се зад Светото Писмо, не живее во покајание, не пости, не се исповеда, не се причестува, не живее литургиски...

П(р)ојавата на демоните во реално време има свои препознатливи особености, кои се целосно спротивни на учењето и делувањето кое Христос ни го остави преку Апостолите и преку Црквата.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
А кои се тие особини?
Инаку мислам Мирољуб е Веган (пости нон стоп)маа да по изгледот не ми делува баш така.
Е сега празници и светци и икони не признава вика тоа биле......да не кажам што...
И како тоа Исус православен кога Израел се мнозинство Евреи....
ПС.За што помага литургија,причест исповед...
Мислам Мирољуб во едно видео кажуваше дека тоа све е измислено од црквата за земање пари..за исповед
Пример убиство 100 златниц
Прељуба 20
Итд
 
Последно уредено:

Ќе ти одговорам подоцна, оти поставуваш многу прашања во еден допис па ќе ми треба малку време за одговарање...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
А кои се тие особини?
Основно оружје кое го користат демоните е лагата. Кај ќе наидеш на лага или на полувистина, сметај дека зад неа стојат демони, кои преку конкретни луѓе, делуваат во Светов. Лагата може да биде искажа од конкретен жив лик или пренесена од одреден медиум, што на крајот му доаѓа исто...

Демонското влијание врз човекот се пројавува преку сонот (добивање лажна порака/слика во сонот или доживување страв при спиењето...) или преку демонопседнати ликови, кои чинат безмислени чуда, јавно, пред собрани луѓе, со намера да ги фрапираат собраните, глумејќи ликови кои поседуваат надприродни дарови.

Демонската пројава оди до таму што демоните им се појавуваат на луѓето во видлив (об)лик од некој од познатите ликови во Црквата, како што е Мајката Божја па до ликот од самот Христос.
Автоматски споено мислење:

Инаку мислам Мирољуб е Веган (пости нон стоп)маа да по изгледот не ми делува баш така.
Да го тргнеме на страна Мирољуб, кој е „провален„ од Србските православни верници како „православен старозаветен евреин„...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Е сега празници и светци и икони не признава вика тоа биле......да не кажам што...
Иконите се „прозорец кон Рајот„. На иконите се прикажуваат ликови од Светии односно Богоугодници, кои се наши молитвени застапници пред Христа Бога.
Иконите имаат и чудотворна моќ, секако за оние кои се вера се обраќаат кон Светиите за помош во секојдевниот (верски) живот.

Тоа што Мирољуб нешто признава или не признава, тоа е само негов став, кој за Црквата е небитен.

И во старозаветната скинија беа извезени ликови од 2 ангели, така да прикажувањето ликови од Небесата не е спротивно на Втората Божја Заповед.

Ако Бог нешто заповеда, таа Заповед по автоматизам е праведна. Ангелите од скинијата беа прикажано токму по непосредна Божја инструкција, не по нечија измислица.
Автоматски споено мислење:

И како тоа Исус православен кога Израел се мнозинство
Поимот „православие/ортодоксија„ потекнува од 3-от век, со цел Црквата да покаже дека да држи вистинската и точната вероисповест, споредено со другите тогаш постоечки религии.

Христос дојде најнапред да ги повика Евреите на покајание и на спасените, но токму Евреите Го распнаа Христа, иако токму Евреите знаеја дека Месијата ќе се роди помеѓу нив, согласно пророштвата од Стариот Завет. Христос не беше дојден по Еврејскиот мерак па Евреите го сторија она кое го чинеа и кон сите свои Старозаветни пророци-„распни го!„.

Пред вознесението, Христос ги прати своие Апостоли да ги научат сите народи (не само Евреите!) и да ги крштеваат во името од Троичниот Бог.
Автоматски споено мислење:

ПС.За што помага литургија,причест исповед...
Литургијата е празнично-неделна Богослужба по црковните храмови, каде свештениците и верниците се собрани и заедно молитвено насочени кон Бога и кон Небесата.

Смислата од литургијата е примањето на осветените дарови (лебот и виното, претворени во крв и тело Христови) за оние членови во Црквата кои соодветно се подготвиле за примање на Светата Причест, преку претходен пост и претходно исповедање на своите гревови пред своите духовници/исповедници.

Во Црквата, се спасуваат само оние кои се споиле со својот Бог и Спасител...
Автоматски споено мислење:

Мислам Мирољуб во едно видео кажуваше дека тоа све е измислено од црквата за земање пари..за исповед
Пример убиство 100 златниц
Прељуба 20
Итд
Во римо-католичката црква, извесно време Папите ги излислија т.н. индулгенции, каде за одредена сума од уплатени пари кон свештеството, покајникот можел да ги откупи/плати своите гревови.

Такво нешто во Источната православна Црква не постои, но затоа постои исповеста, изведена пред свештник, во невидливо присуство од самиот Христос.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
И како би знаел некој што се реални пораки од светци а што од демони....
Како знаеш кога гледаш сон поврзано со светец не е демон...
Ево баш ме занима твое мислење за будизам, хиндуизам и ислам општо
Автоматски споено мислење:

А зошто вео земји каде што се атеисти нема ми демони ни ангели пример северна Кореа...
Зошто страдаат само сиромави верници...зошто ме страда Сорос,Бил Гејтс,оваа кралицата од Велика Британија, Рокфелер цела фамилија живеат по 100+ години,Roschilds, зошто нив ништо не им се случува каде е бог да ги казни нив ...или богати не казнува...кармата не фајќа каде што има пари бидејќи све се средува си пари
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
И како би знаел некој што се реални пораки од светци а што од демони....
Пораките од Светиите се пораки од духовна и душокорисна содржина.
Пораките од демоните се манипулаторски и се духовно-душевно штетни по човекот.
Автоматски споено мислење:

Како знаеш кога гледаш сон поврзано со светец не е демон...
Светиите се јавуваат во сон само кај поединци кои се достојни за такво јавување, а таквите достојни поединци се многу ретки меѓу луѓето па затоа се ретки и пораките во сон, добиени од Светиите.

Демонската појава во сонот редовно е проследена со доживување страв од оној кој спие. а демонските пораки во сонот изобилуваат со закани и со казни кон оној што спие, ако не биде послушен во исполнувањето на заканите добиени во сонот.
Автоматски споено мислење:

Ево баш ме занима твое мислење за будизам, хиндуизам и ислам општо
Сите религии, кои се засновани на човечко мудрување а не на ојбава од Бога кон луѓето, се религии во кои се вмешани деноните, а такви се и наведените религии во твојот допис.

Ако едно религиозно учење нуди лаги, полувистини или учења кои се однесуваат само на овосветовното битисување а не не‘ насочуваат кон Бога и кон Небесата, таквите религии се тешка измама насочена кон родот човечки.
Автоматски споено мислење:

А зошто вео земји каде што се атеисти нема ми демони ни ангели пример северна Кореа...
Земји, односно народи кои веќе се демонски окупирани и се наоѓаат под непрекидно демонско влијание, немаат „потреба„ од пројава на демони меѓу нив.

Односно, народи кои се некрстени, кои не го слушнале Евагелието Христово, кои не живеат покајнички, имаат демоноидно однесување и демоните ги манипилираат како што сакаат.
Автоматски споено мислење:

Зошто страдаат само сиромави верници...зошто ме страда Сорос,Бил Гејтс,оваа кралицата од Велика Британија, Рокфелер цела фамилија живеат по 100+ години,Roschilds, зошто нив ништо не им се случува каде е бог да ги казни нив ...или богати не казнува...кармата не фајќа каде што има пари бидејќи све се средува си пари
Не страдаат само сиромашни верници (не се сиромашни само вериниците, оти ако ги читаш житијата на Светиите, ќе увидиш колкумина од нив биле материјално богати по своето родителско потекло!), страдаат сите, и сиромашни и богати, но на специфичен начин, не на универазлен, кој би бил ист за сите, и за богати и за сиромашни.

Најбогатите семејства на Светот имаат друг вид страдања, кои јавно не се достапни (од „разбирливи„ причини...). Добар дел од нив се инцестоидни, за да не отиде богатството во нечии туѓи раце, туку богаството да биде задржано во рамките од едни и исти фамилии, па затоа им се раѓаат фалични потомци, или пак на дел од членовите од нивните фамилии им се случуваат „чудни„ несреќи со фатален крај...

Тоа што богатите привидно не страдаат, тоа значи дека сам Бог или им дава „фора„ да се поправат и покајат или сам Бог веќе им подготвил казна, после нивната телесна смрт.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Јас иако сум православен...не се слагам баш со ова...пошто нема логика...
Ислам,будизам,хиндуизам се демонски религии според тебе????
А што мислиш за адвентистите?

Па јас не верувам дека една Русија се разбира повеќе од цела Азија....
ПС.Како може човек крстен небитно од која вера, да убива,да кради и Др.
Што ти крсти се биди си верник, а на страна прави си што сакаш...нема тоа "врска",како што би рекол Мирољуб
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Јас иако сум православен...не се слагам баш со ова...пошто нема логика...
Немаш обврска да се согласиш со мене...
Автоматски споено мислење:

Ислам,будизам,хиндуизам се демонски религии според тебе????
Не „според мене„, туку според учењето од верата која ја исповедам.
Автоматски споено мислење:

Ислам,будизам,хиндуизам се демонски религии според тебе????
А што мислиш за адвентистите?
Уште една од многуте протестантски фракции, кои се множат експоненцијално...

Адвентистите појќе личат на старозаветни Евреи отколку новозаветни рисјани.
Автоматски споено мислење:

Па јас не верувам дека една Русија се разбира повеќе од цела Азија....
Големината од земјата или од народот не се фактори кои влијаат на вистината.
Господ и‘ се јави на Црквата, односно првично им се јави на Евреите а преку Апостолите и на сите народи кои го прифаќаат Евангелието Христово, не на Азијатите.
Автоматски споено мислење:

ПС.Како може човек крстен небитно од која вера, да убива,да кради и Др.
Што ти крсти се биди си верник, а на страна прави си што сакаш...нема тоа "врска",како што би рекол Мирољуб
Крштевањето само по себе не причина за нечие придржување до основните морално-етички начела.
На пример, најголемиот дел од Македонците се крстени, а тоа крштевање на го практикуваат во своите животи, оти таков им е кеифот...
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.292
Тоа што богатите привидно не страдаат, тоа значи дека сам Бог или им дава „фора„ да се поправат и покајат или сам Бог веќе им подготвил казна, после нивната телесна смрт.
Господ ги направил со хендикеп ако можам така да се изразам,немаат љубов во себе кое е само по себе казна од раѓање до крајот на животот...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Господ ги направил со хендикеп ако можам така да се изразам,немаат љубов во себе кое е само по себе казна од раѓање до крајот на животот...
Повеќе е до нив самите, до нивниот избор, не толку до Бога.

Ако за материјално богатите Мамон (им) е бог а не живиот Бог, тогаш ќе си ги сносат и трпат сите последици кои произлегуваат од таквиот избор.

Но, додека се живи, имаат и можност за „реизбор„ и за покајание, оти после смртта, таквата прилика нема да постои.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.210
А кои се тие особини?
Инаку мислам Мирољуб е Веган (пости нон стоп)маа да по изгледот не ми делува баш така.
Е сега празници и светци и икони не признава вика тоа биле......да не кажам што...
И како тоа Исус православен кога Израел се мнозинство Евреи....
ПС.За што помага литургија,причест исповед...
Мислам Мирољуб во едно видео кажуваше дека тоа све е измислено од црквата за земање пари..за исповед
Пример убиство 100 златниц
Прељуба 20
Итд
Prestani da bides zabegan i naiven.
Miroljub e meme, a pravoslavie se uchi vo crkva, pobaraj razgovor so otec i najdobro ke ti se odgovorat prasanjata.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Од толку зборување ништо не кажа освем дека Мирољуб не дава пари во православната црква.....
Поздрав
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.210
Од толку зборување ништо не кажа освем дека Мирољуб не дава пари во православната црква.....
Поздрав
Epa problemot e do tvoite kognitivni kapaciteti.
Otecot objasnuva deka Miroljub ne e pravoslaven hristijanin.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Hahaahha што има врска тоа...затоа Мирољуб вика или живееш исправно или не....сите се исти пред господ без разлика на вера, нација,боја на кожа и друго...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom