Религиски вицови

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Како што забележав ова вицовите се претежно насочени кон исмевање на две нешта:
- самата философија на религијата во однос на смртта;
- кон свештеникот за да се покаже дека е само човек.

Ова последното ме потсетува на македонските богомили и нивната философија дека нема потреба од човек помеѓу тебе и божественото :)

П.С. Сори што сериозно ја разгледувам религијата и верувањата на луѓето. Премногу влијае длабоко религијата кај човекот, затоа така сум навикнат.
Нема ништо смешно кај религиите...
Tebe ocigledno telemata ti go unistila smisolot za humor.
Ocekuvav vic da procitam a ne ....aj da si molcam, popametno ke mi bide.
 
Паѓа авион, внатре 6 патници, православен, католик, евреин, муслиман, будист и телемит.
Единствен начин да се спасат им е да рипаат со падобрани. Едниот пилот им дели падобрани. Кога доаѓа до другиот пилот овој го прашува ,,абе имаме само 5 падобрани, а 6 души сме, ти не се спасуваш?”
А првиот му шепнува ,,Немај гајле, на телемитот му дадов ранец”.
 
Поставуваат нет во џамија, да имаат верниците интернет кога се надвор во двор
и го прашуваат оџата што лозинка да стават за да се ограничи пристап.
И Оџата им вели: Нека биде „АлахеЕден2345!“

:LOL:
 
Изградил попот црква, а неговиот прв комшија оџа – изградил џамија. Попот подигнал камбанарија, оџата изградил минаре. Попот купил БМВ, и оџата купил БМВ. Еден ден зел попот вода и тргнал да го мие автомобилот. Додека миел, го гледа оџата како со моторна пила го сече ауспухот на БМВ-то.
– Што правиш бе пријателе, му вика попот на оџата.
– Па, ако можеш ти твојот да го крштеваш, можам и јас сунет да го сторам!
 
И така бог на шестиот ден го создаде совршеното суштество. После за жената немаше баш време и и рече „ти ќе треба да се шминкаш“.
 
Што се добива кога ќе се спојат 4 свештеника?

Поп група.
Си била сфета Петкааа...
И дошле ву сфета троица на гости...

И биднале осам душе.

:icon_mrgr:

Ps. Овој е моја стара напушена измишљотина.
 
Еве една вистинска приказна,

Си бил еден човек и многу верувал во господ и сите метании ги правел, ги славел сите слави постел се исповедал. Арно ама се качил на Титаник да оди у Америка, И се десило што се десило дошле ванземаљци и го потопиле Титаник и човекот за среќа нашол некоја гума ама била дупната и почнала да диши и поминува чамец и луѓево сакаат да му помгнат, и овој:
- Не бе идете спасувајте други, мене Господ ќе ме спаси
Гумата скоро и да се издишала и поминува и друг чамец и пак го викаат да го спасат, а овој пак:
- Идете вие спасувајте други, мене Господ ќе ме спаси.
И така човекот се удавил и љут така оди директно кај дедо Господ, а дедо Господ, пошто голем верник одма го прима кај него и човеков љуто:
- Како бе така дедо Боже, јас сите метании ти ги правев, а ги мене ме остаи да се удаам во мачна смрт.
И дедо Господ вика: - Чекај да го земам китапот да видам што се десило. И врти врти врти страни дедо Господ, и ја наоѓа случката.
- Како бе не сум ти помогнал, ти фрлив гума, и ти пратив два чамци.
 
Шетале Исус, Буда и Чак Норис. Дошле до река, Чак Норис ја поминал одејќи по водата, после него ја изодел и Исус, Буда пробал исто но паднал во водата.
Исус: Не му кажа за камењата?
Чак: Кои камења?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom