... посебно етиката е моментално катастрофална во здравството, никој не почитува во прв ред професионалната униформа која би значело бел мантил за тие со високо образование (лекари, фармацевти, стоматолози), што би значело зелена или плава униформа за во операциони сали, сина униформа за сите медицински лица со средно и надоградено образование, болничари со отворена сива боја униформа и хигеничари со темно плава боја.
... денес сите медицински лица на своите работни места се облекуваат како сакаат со шарени капи со разноразни обоени униформи или костими, со залепени вештачки нокти, со несоодветна силна шминка и разно разни пирсеви и нападни обетки, мажите со долги бради и разни намерно истакнати тетоважи, на све личи само на здравствен работник на работно мето во давање на услуга на пациент, се изгубија сите критериуми на изглед на медицинско лице , а да не пишувам за однесување како на кванташки пазар, без обраќање со авторитет, посебно обратно, лекарите кон медицинските сестри како да се тие нивна имовина, а за моралот тоа е друга приказна, мито и корупција онака директно веќе нема ниту дискретно побарување - онака „дај или нема здравствена услуга“, изгубени се сите вредности, критериум што значи едно медицинско лице.