Најуспешен градоначалник на Скопје

Кој скопски градоначалник направил најмногу за Скопје / кој најдобро ја извршувал својата работа?


  • Вкупно гласачи
    103
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.896
Поени од реакции
37.010
Се си мислев дека има ваква тема зашто се сеќавам дека еднаш коментиравме или ги рангиравме претходните скопски градоначалници, ама всушност испадна дека тоа било во темата за последните локални избори. Сведоци сме на една актуелна ситуација во која скопскиот татко (во случајов мајка) некако како да ги подизгуби конците во менаџирањето на градот, а со таа реторика одеше на избори - дека таа била менаџер и дека успешно ќе го менаџирала. Во меѓувреме, по повеќе од една година на функцијата, мој впечаток е дека не дека Скопје тапка во место, туку оди наназад: поголем хаос со јавните претпријатија никогаш немало. Секојдневно има протести, раскинување на договори со приватни претпријатија, стопирање на веќе почнати проекти или проекти за кои веќе се добиени пари и сл. Хаосот е најалармантен во јавниот превоз - токму таму каде го ветуваше најголемото предизборно ветување: дека ќе има бесплатен јавен превоз. Спротивно на тоа, имаме ситуација каде прво ЈСП штрајкуваше за неисплатени плати, потоа приватните превозници на кои им ги раскина договорите за работа, за на крај од ЈСП да се жалат дека веќе немаат гориво за автобусите (иако од управата тоа го демантираа). Дали станува збор за тотален fail на кормилото, или двете водечки партии во државава ја опструираат нејзината работа, не знам, за тоа може да се разговара во коментари. Но како и да е, факт е дека во моментов Скопје е далеку од „добро менаџирано“.

Па, да видиме: кој според вас беше најдобриот скопски татко? Кој направи најмногу, кој најмалку? И каде е Данела Арсовска во целата таа слика, на кое место на ранг-листата би ја ставиле?

Анкетата нека биде активна еден месец, до 31.12.2022, кога ќе видиме кој поранешен (или сегашен) скопски градоначалник мислите дека најдобро ја завршил својата работа.

Нешто повеќе за Скопските градоначалници:

1669998672658.png
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Дата на раѓање: 27 декември 1946, Скопје
Статус: женет, три деца

ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Говори англиски, полски, руски и српско-хрватски јазик

СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА
  • Член на Бордот на Меѓународната кризна група (МКГ)
  • Корпоративен член на Советот за надворешни работи на САД
  • Корпоративен член на Глобалната бизнис коалиција за борба против СИДА
  • Член на Советодавното бизнис тело, работен состанок II на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа
  • Член на Парламентарното собрание на ЦЕИ
  • Основач и член на Форумот за Македонија 2001
  • Основач и член на Форумот за евроатланска интеграција на Република Македонија (ФЕИМ)
  • Основач и член на Граѓанското движење на Македонија
  • Претседател на Ракометната федерација на Македонија
ПРИЗНАНИЈА И АКТИВНОСТИ
  • Добитник на наградата “Климент Охридски” за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност (2004)
  • Основач на Фондацијата “Трифун Костовски” во рамките на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
  • Функцијата на фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публакации и уметнички колекции од национален интерес
  • Ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица”, заштитничката на Скопје
  • Сопственик на ракометниот клуб “Кометал Ѓорче Петров“ кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција
  • Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал“
  • Спонзор на “Пелистер Кометал“, повеќекратен државен шампион во ракомет во машка конкуренција
  • Основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија
  • Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања
  • Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници
  • Спонзорирање на заштитата и обновата на културно - историски споменици
  • Спонзорирање на светилишта на Македонската православна црква. Има помогнато во санацијата на “Св. Софија” во Охрид и “Св. Пантелејмон” во Велес, на конаците на “Св. Јован Бигорски”. Има донирано во црквите “Св. Трифун” во Кучково, “Св. Петар и Павле” во Јурумлери, Скопско, ”Св. Климент и Св. Петка” во Штип, Соборниот храм “Рождеството на Света Богородица Трорачица” во Крива Паланка. Во овој контекст треба да се спомене и помошта за џамијата во Центар Жупа.
  • Донирање во значајни акции и објекти во Скопје (улица “Водњанска”, Кеј “13 Ноември”, булевар “Маркс и Енгелс”, споменик на Мајка Тереза, инфраструктурни работи во неколку училишта, гимназии, факултети и села), како и во други градови во земјата
РАБОТНО ИСКУСТВО
  • Основач на Кометал Трејд (Kometal Trade Gmbh) - Виена, Австрија (1991). Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар
ПРЕДХОДНО ИСКУСТВО
  • Прво вработување во Технометал - Македонија” во Скопје (1971)
  • Претставник на “Технометал - Македонија” во канцеларијата во Варшава
  • Вработување во швајцарската фирма “Ситко” во Виена (1989)
  • Претставник на “Ситко” во канцеларијата во Варшава
  • Член на Собранието на Република Македонија со статус на независен пратеник
1669998658125.png
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Роден е 1956 година, во Скопје, Република Македонија.
Семеен човек , сопруга Душанка, ќерка Климентина.
Хоби, се занимава со кошарка и фудбал, а претходно и со карате.

ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Машински Факултет во родниот град 1980 година.

РАБОТНО ИСКУСТВО
  • Од 1981 - 1996 година работи во МЗТ ХЕПОС како раководител на компјутерскиот центар.
  • Во периодот 1996 - 1998 година ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи, притоа ја затвора фирмата и се насочува кон политиката.
  • Во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Во 2002 година е избран за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба каде со своите работни задачи и надлежности како градоначалник ја зајакнува локалната самоуправа и нејзиното раководење.
  • Во април 2005 година е избран за градоначалник на општина Гази Баба на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во април 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • На април 2013 година е избран за втор мандат за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во 2009 година е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • Во 2013 година повторно е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • Поранешен претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • 4 години е член на генерално собрание на мрежата на национални локални власти во југоисточна Европа - НАЛАС.
  • Поранешен член е на Комисијата за исполнување на критериуми за 2 фаза од фискална децентрализација.
  • Поранешен член е во Националниот комитет за Европска унија.
  • Поранешен член е на Националниот Совет за Рамномерен Регионален Развој.
  • Поранешен член е во Комитетот за урбана експанзија и справување со отпад.
1669998743556.png
Петре Шилегов е роден на 12 јуни 1969 година во Скопје.

Средно образование завршува во тогашното средното училиште „Борис Кидрич’’, а дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј‘‘ во Скопје во 1995 година.

Две години подоцна, во 1997 година, го положува правосудниот испит и професионалната кариера ја започнува како адвокат во адвокатска канцеларија „Петре Шилегов” од 1999 година.

Во 2005 година бил претседател на Второстепената државна комисија за жалби по јавни набавки. Од 2013 година е потпарол на Социјалдемократискиот сојуз на Македонија се до 2016 година кога е избран за потпреседател на партијата.

На парламентарните избори во 2014 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Втор последователен мандат како пратеник добива на парламентарните избори во 2016 година и оваа функција ја извршува до октомври 2017 година.

Во рамки на Собранието на Република Македонија своевремено е активен член во повеќе собраниски комисии и совети меѓу кои претседател на Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и други.

По победата во првиот круг на локалните избори во 2017 година го започнува својот мандат како градоначалник на Град Скопје со што станува прв градоначалник на Град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Градоначалникот Шилегов во април 2018 година е избран за прв потпретседател на NALAS (Network of Associations of Local Authorities of South East Europe), мрежа на 14 асоцијации кои претставуваат околу 9000 локални власт директно избрани од електорат кој брои повеќе од 80 милиони граѓани на југо-источна Европа.

Петре Шилегов е оженет и татко на две деца.
1669998852729.png
Taa e родена Скопјанка, сопруга и мајка. По професија правник со дополнителна едукација на Универзитетот Оксфорд и Шефилд. -Мојата професионална определба успешно се надополнува со бранењето на интересите на Сојузот на стопански комори со којшто раководам од 2014 година. Од 2018 година сум во раководната структура на Светската федерација на комори каде има 12.700 членови и сум една од четирите жени кои се носители на таа функција во светот. Како личност и како претседател на Сојузот се залагам за поголема општествена одговорност на приватниот сектор во земјава, а за досегашната работа добив награда од Светскиот форум на бизнис ангели како најдобар пример кај жените во деловниот свет во Југоисточна Европа, соопшти Арсовска на својот ФБ профил каде ја сподели својата професионална биографија.

Таа е дел од меѓународната мрежа на експерти во Г20 каде работи на креирањето на политиките за интегритет и усогласување на регулативата на најсилните економии во светот и е една од основачите на Македонската асоцијација на жени претприемачи.

Пред две години Арсовска беше избрана за член во Бордот на Глобалниот комитет на жени лидери предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела. Во овој комитет членуваат Колинда Грабар Китаровиќ – поранешната претседателка на Хрватска, Аменах Гуриб Фахим – поранешната претседателка на Маурициус, како и Мари Кристин Огли – претседателката на Светската асоцијација на жени претприемачи.

Од 2020 година, со согласност на Владата Арсовска е почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип за да се зголеми соработката меѓу двете земји на економско ниво посебно во делот на источна Македонија.

Во 2019 година ја покренува иницијативата за учество на жените во климатска акција каде директно се преземаат мерки во институциите и приватниот сектор за намалување на загадувањето. Член е на Гриновет проектот каде се вклучени 4 држави за развој на образованието за екологија со цел да се обезбедат услови за континуирано спроведување на зелена, инклузивна и одржлива економија. Член е и на партнерската кампања на Обединетите нации за Деловен климатски хаб каде во 78 земји малите и средните претпријатија почнаа активно намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени.

P.S. Претпоставувам дека „рачето на Данелчето“ како што самата милува да се изразува нема допрено до форумов, па да добијам бан тука, зашто за едно прашање: „до каде е бесплатниот автобуски превоз?“ на нејзиниот фејсбук page, бев експресно баниран. :P
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.994
Единствен плус на Данела и се отказите што ги подели. Минуси и се проблемот со љангурите, сообраќајниот хаос што е присутен откако е заседната и секако, најголемиот минус е невраќањето на споменикот на Аднон Лазов Ќосето, со што ги разочара Скопјани.

Најдобар градоначалник не верувам дека би имало зашто Скопје само по себе е грозна паланка од град што плаче за нов Пиколомини.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.340
Поени од реакции
5.455
Коце да не го усереше Центар може и ќе беше најдобар градоначалник. Знам дека за патна инфраструктура при крајот на Трифун почна да се прават многу проекти и продолжија во почетокот на Коце, ама послем се забега со Скопје 2014.

Арсовска најлоша до сега, го засени и пијаницата Шилегов. Овој барем го среди делот од Визбегово, пластичарска, Автокоманда па се до излез на Скопје. Оваа само се расправа по медиуми.

Гласав за Пенов. Врска немам каков бил, млад бев, ама некако тој период Скопје ми делуваше најдобро. Послем тоа почна да гради кој кај ќе стигне и го добивме овој урбан хаос.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Пенов, два мандати протурка, не е тоа за џабе, памтам дека Водњанска ја среди, нешто што не можеа пред него да го завршат (така се зборуваше). Луѓе од било која партија го гласаа, дека сработуваше.
За тие пред него ништо не памтам.
За тие после него, Коце како да беше поангажиран, ама веројатно и премногу, па редеше палми кај што не им е место. Се трудеше кејот на Вардар да го среди, направи и некакво игралиште што не проработе, можеби и заради тоа што од другите партии го исмеваа заради тој проект.
За Трифун памтам дека си лапна неколку фирми кога беше градоначалник, а не памтам нешто да сработил, тој и не влезе за друга причина на тоа место, се чини.
Шилегов ќе го памтам како градоначалник што бил најарогантен со скопјани, ништо друго не ми останува во сеќавање.
Арсовска, кој знае дали добро менаџира, а ја сопкаат?
Излезе на виделина математика која вели дека приватните автобуси од здружението на превозници на Ленин за 4 години пријавиле продадени само 2 карти во градскиот превоз. Прашање е дали возачите не ги пријавувале или Ленин си крадел? Тука е основата за неплатените фактури заради кои штрајкуваат.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.340
Поени од реакции
5.455
Мене не ми е јасно какво е тоа продавање карти кај приватниве за кое Арсовска збори. Во приватниве никогаш не си можел да купиш карта. А и да ,, продале карти ,, колку карти дневно би биле тоа? Никој нормален не би платил карта на тој начин. Ако немаш никаква карта си плаќаш со телефон и тоа е тоа.

Според мене ЈСП се длабоко заглавени и Даниела за да најде оправдување за раскинување на договорите излезе со најглупата лага.

Втора работа, што е со новиот договор со Пуцко Петрол? 100ден фиксна цена на нафта за наредни две години, а како што разбрав на ова има и данок плус. Ова не е крадење по некој милион годишно, ова е крадење милиони на дневно ниво.
На крај ние ќе го платиме тие пари кај Пуцко со зголемување на цената на билетите.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.533
Поени од реакции
87.646
Првиве тројца не сум ги фатил убаво за да ги проценам.
Ристо Пенов како низ магла ми беше онака мех...
Трифун беше тотално неспособен
Коце беше онака ОК, ама премногу му идеше по газот на Грујо, тоа го уништи
Шилегов беше samo urbano lugjentsa, големо дно
Данела очигледно дека ја кочат двеве партии, ама пак се гледа дека е bitch карактер, па ќе биде по нејзино па макар и цел град нека страда, hardcore stuff.


Ако веќе мора да се бира, глас за Коце...ако не мора, ондак никој.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.896
Поени од реакции
37.010
Излезе на виделина математика која вели дека приватните автобуси од здружението на превозници на Ленин за 4 години пријавиле продадени само 2 карти во градскиот превоз. Прашање е дали возачите не ги пријавувале или Ленин си крадел?
Ама какви се тие карти што се купувале кај приватните превозници? Карти продава исклучиво ЈСП. Јас сум побарал многу пати во приватен автобус билет за 1 возење, никогаш немале и секогаш сум плаќал со телефон.
Автоматски споено мислење:

Според мене ЈСП се длабоко заглавени и Даниела за да најде оправдување за раскинување на договорите излезе со најглупата лага.
Баш! Нема никаква логика ова со картиве.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.739
требаше Камиказа да го гласаме. Сега место бесплатен превоз, се кладам дека нема да има никаков превоз за многу скоро.
Камикаца плус и вециња по кеј ќе наредеше.
 
Ф

Флеш

Гостин
Камикаца плус и вециња по кеј ќе наредеше.
За бесплатен превоз никад нема да има додека Јсп или не стане профитна или се продаде тоес приватизира .Јсп е у гроб буквално. Било кој ветува,треба да покрие гориво,потрошни делови,плати и даље. Нема пари. Основна работа како резервни делови немаат автобусите. Се крпи од други автобуси Тој што е истрошен иде на сечење.А парите од отпад никој не знае каде идат. Доволен факт е што само 3ца вработени направиле далавера од 500.000 евра. Кај се уште 1.000 .

Пола се паразити .

Синдикатот им е Сдс, а управа од зависност од власта. Никад ќе нема бесплатен ,да се овозможи треба стабилни пари и приход постојан . Јсп е мртво . Државна инфлација е 20 посто со нагорно уште. Никад
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.340
Поени од реакции
5.455
За моменталната состојба на ЈСП треба да се вратиме назад во времето на Коце. Тогаш се идеше со глава во ѕид дека порано биле двокатни морало и сега. Па се зедоа денешниве шифоњери кој нормално трошат многу и за кој нема делови бидејќи се од другата страна на светот и ги возиме само ние.
Да се гледаше тогаш во иднина ќе земаа нормални автобуси кој ќе трошеа многу помалце.

Вака беше и со полициските крајслери. Не можеа да ги напијат со нафта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom