^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 5.763
- Поени од реакции
- 8.023
КОСТАРИКААААААААААААААААААААААААААА
Da se potsetime na biserov balkanski. Bujna imaginacija.Фудбалски точно објаснето и дефинитивно стои тоа што го кажа за Германија, ама читав денес дека после поразот имале собир каде што секој кажал што има да каже и излегле од тој собир со заедничка цел - мора све да се остави на страна и мора да се победи Шпанија,имаат добра и млада екипа и мора да се покаже карактер.
Кимих прифатил да игра во одбраната бидејки тоа е најразумно за да се донесе цврстина и воедно он стварно беше добар на бек.Наредно светско без Милер и Ноер , Кимих треба да ја добие капитенската лента , покажува атрибути на лидерство.Плус дечкото на собир за тоа како ке се изрази револт за некои работи првенствово им плеснал на сите дека на крајот треба све на страна да се остави и да се фокусираат само на спорт.
Гундоган игра добро и стабилно , може да се носи со улогата(иако Кимих е подобар) и заедно со Горецка ке бидат носители на играта.Напред Сане се враќа и тоа ке е клучот мислам за следната утакмица.Он е мадафака сезонава , најдобри 3 месеци од кога игра фудбал а има големо фудбалско знаење.Сане-Мусиала-Гнабри се многу уиграни и опасни , цитирајте ми ја реченицава ако не бидам во право.Пред нив веројатно ке биде Фулкруг и класичен шпиц е најдобро решение за ситуацијава.Не е Бензема реално , ама со причина е повикан од Ханзи Флик.Да не заборавиме дека ни Клосе не беше Роналдо и Пеле, ама пак е број 1 на листата.
Многу е потценета а Германија има после толку време феноменални креативци во офанзива.
Мусиала е next-big-thing , момчето е милина да го гледаш , таква леснотија сум видел само кај Меси,магија има во нозете ,му се лепи топката и е екстремно непредвидлив.Доволно е да се каже што неговиот талент е високовреднуван во репрезентацијата а има само 19 години.Идеално време е и светот да го види Џамал Мусиала.
Сане созрева фудбалски и талентот што го поседува излезе сезонава на виделина и го прави тоа играч од светска класа.Гнабри е во форма и он кога е во форма е убиец буквално , сегде го има , придонесува во играта и дава многу голови.
Шпанија се јаки ама Германија и на подобри екипи им нанела тешки порази.Минатото првенство стварно беа лоши и си ги заслужија сите критики ама ова се потценети.Постои поголема можност за пораз/нерешено(мислам Шпанија е мокна и тоа е јасно) и ке ги стават во тешка позиција ама оваа екипа е квалитетна да го направи невозможното.
Јас лично имам некое чувство дека ке им нанесат тежок пораз кој психички ке ги бутне Шпанците.Никогаш не сум отсуствувал од работа непотребно , ама во недела сум болен , шанси нема да ја пропуштам утакмицата.
Се надевам дека нема да си го гризнам курот.
Deutschland uber alles.