СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Ау, дно пробиваат Србиве на Арена, не знам зошто толку им сметаат успесите на Хрватска. Погледни како го коментира голот на Канада (како Дуле Савиќ да дал гол), а како коментира на головите на Хрватска, како да се наоѓа на погреб.

Te чуди што Срби и Хрвати не се сакаат?
 
Не знам што се чудите за Лукаку, веќе сезона и пол не игра фудбал човекот, во Челзи лани 10 утакмици дали изигра што се вика, а годинава во Интер 4-5 преку сила. Во Челзи беше скаран со Тухел и не играше, а во Интер е константно повреден цела полусезона затоа што не е физички спремен. Еве го и сеа, не може поише од 30-40 минути да изигра, а и кога ќе биде во игра е језив, нема контрола над топката, нема експлозивност, апсолутно ништо нема. Мислам ок, језиви утки имаше али се е тоа поврзано со немање самодоверба и недоволна физичка подготвеност. За жал ја и летоска немав никаков голем хајп за него зашо очекував да не е во форма ради сите срања во Челзи а го знаеме какво пичлеме лигаво од персона е, а он ме заеба и се надмина себе си.

Џабе крши стакла, треба сеа да седне да го запоти газот ако сака да се врати во форма и да биде барем дел од играчот што беше пред 2 сезони во Интер.

Белгија огромно разочарување на турнирот, уз Данска секако, али за мене Белгија е поголемо зашо имаат квалитетни поединци и се очекуваше барем групи да пројдат ако ништо друго.

Хрватска веројатно го има најслабиот пар бекови на првенството, Јурановиќ и Соса се криминалци и нека молат бога да не налетаат на некој ко Мбапе или Винисиус зашо мозокот ќе им го извадат. Од друга страна Јошко Гвардиол едноставно бруталира и си куца нули до неговото име што се тиче следниот летен преоден рок. Уникатен играч е за денешни услови, штопер левак што знае со топка, има одличен пас и визија за играта, може да повлече и на противничка половина ако има потреба, у дуел игра јак ко бик, може и на лев бек да покрие, знае и во 3ка и во 4ка во одбрана да игра, затоа не е чудно што изминатово лето се вртеа 90+ милионски суми за него. Кој ќе го лапне од гигантиве ќе заврши голема работа со него.
 
Пола метро корнер не виде.:pos: Најлоша арбитража ова светско во последните 5 првенства, земајки ја во предвид технологијата шо ја имаат при рака.
 
А срамот да испаднеш од Мароко е поголем
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom