Момак, те читам во 3-4 постови и сфаќам дека поима немаш како работат медиумите. За правата за емитување на 1001 Ноќ А1 платил преку 200.000 Евра и тие пари планира да си ги врати преку реклами. Истото е и со сите програми и телевизии. Сакаш да гледаш квалитетна програма (без разлика ти што не ја гледаш 1001 Ноќ, 55% од жените над 25 години ја гледаат и без разлика тебе што не ти се допаѓа, таа е најгледаната програма во последните 12 години во мкд) а телевизиите да не даваат реклами за тоа? Земи ДВД и гледај си ако не ти се допаѓаат нашите програми, немора да замараш за едно те исто. Во Македонија има со закон одредено дека во 1 час може да има 12 минути реклами и нормално е секоја телевизија да ги искористи. Знам дека пролив фаќа од реклами, али уште повеќе фаќа од најавите на програмите, и тоа не ретко се случува да иде најава за филм кој моментално се дава (ТВ Сител)
За ХРТ 1, хрватскиот закон не дозволува рекламирање на националата ТВ како на останатите медиуми, туку има посебни точки со кои се одредува во кои претходно определени програми може да одат реклами, така ич не ти е на место таа споредба. Ама затоа присети се на Нова и ОБН...А1 и Сител за нив беа мали деца кога се однесува просторот во рекланиот блок и притоа таму кај нив одеа буквално копи/пејст рекламни блокови.
Логиката е таа, доколку сакаш програма што нешто вреди тогаш телевизијата треба да плати (ќе се зачудиш какви се не суми се плаќаат за лиценци за емитување) а нормално телевизијата не е основана со цел, тебе или мене да ни биде по кеиф, туку заради профит. А бидејќи нема друг начин на финансирање на телевизијата (сумата од таксата од совет за радиодифузија која се дели за приватните тв е смешна) тогаш телевизијата нормално е дека ке пробува да продава што повеќе реклами за да си направи профит