Прашање за Христијанството III

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.903
Поени од реакции
5.032
Имам еден проблем подолго време, прошлата недела сонував некој сон некоја жена во сонот ми кажа да одам во црквата св Зоасим, ама таква нема има св Зосим во Србија во Тумане. Дали е тоа некој знак нешто?
Би било најкорисно ако го заборавиш сонот, оти демоните им се јавуваат на луѓето во сон и со тоа јавување отпочнува демонската манипулација со човекот.
Ако и сам забележуваш дека така насловена/посветена црква нема, односно ја има во Србија, дотолку повеќе заборави го сонот, оти ако почнеш да шеташ од црква до црква, некој од домаќините по црквите ќе те препознае како изманипулирана личност, која бесцелно се движи наоколу, а не добива ништо душокорисно.
За секој случај, посоветувај се со саглам свештеник или монах, за да добиеш точен совет непосредно, „тет а тет„, не преку форуми...

Инаку, самиот манастир во Тумане е редовно и масовно посетуван од полконици, што значи дека „има нешто„.
 
Член од
7 април 2022
Мислења
13
Поени од реакции
2

Ок фала ви многу.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Имам еден проблем подолго време, прошлата недела сонував некој сон некоја жена во сонот ми кажа да одам во црквата св Зоасим, ама таква нема има св Зосим во Србија во Тумане. Дали е тоа некој знак нешто?
Ако веќе мислиш да одиш и имаш време и финансиски средства оди до Црна Гора во Будва во манастирот Подмаине и барај го отецот Рафаило пошто според мене тој е новиот Јован Златоуст достоен со Божја дозвола како претставник на православието во неговото суштинско,природно и исконско битие...
 
Фала ви многу.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
Ова е повеќе субјективен заклучок, иако сме сведоци дека ,,...светот во зло лежи...", сведоци сме дека има и убави, прекрасни работи, креации..., дури и Господ одеше по земјава и ни даде решение да го спасиме светот и себе си...., и тоа секако се случува, само треба да се гледа и антиципира со духовни очи.
Оттука е и евангелскиот, библиски оптимизам, дека се ќе биде по Божјата волја согласно со позитивниот, благодарен човечки одговор на Истата(Божјата волја) за вечна радост и љубов на создаденото т.е. човекот и светот.:love:
Автоматски споено мислење:

@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
Ова е повеќе субјективен заклучок, иако сме сведоци дека ,,...светот во зло лежи...", сведоци сме дека има и убави, прекрасни работи, креации..., дури и Господ одеше по земјава и ни даде решение да го спасиме светот и себе си...., и тоа секако се случува, само треба да се гледа и антиципира со духовни очи.
Оттука е и евангелскиот, библиски оптимизам, дека се ќе биде по Божјата волја согласно со позитивниот, благодарен човечки одговор на Истата(Божјата волја) за вечна радост и љубов на создаденото т.е. човекот и светот.:love:
Имам еден проблем подолго време, прошлата недела сонував некој сон некоја жена во сонот ми кажа да одам во црквата св Зоасим, ама таква нема има св Зосим во Србија во Тумане. Дали е тоа некој знак нешто?
Она што е Црковна препорака е да сме на Литургија во парохијата кај што припаѓаме колку можеме во редовност, а посетувањето на духовни места секако е полезно, но не по императив и раководење по соновите, туку според можноста и желбата, во случајов ако имате можност и желба секако не е грешка да појдете во Тумане, но никако по "наметнатост" од сонот.:)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
... само треба да се гледа и антиципира со духовни очи.
Оттука е и евангелскиот, библиски оптимизам
Автоматски споено мислење:
Аххх, најтешката задача на човекот, да кажам и невозможна.
Факт е дека луѓето смртно се плашат од тагата и таа тагофобија оди дотаму што се би дале само да не бидат тажни.
Никогаш нема да сфатам кога за некој што починал, како утешение за семејството му велат -Така сакал господ!
Пред некое време слушам на ТВ во една емисија, гостин беше некој професор од теолошкиот фак. говори за смртта и како не би требало да плачеме за починатиот, напротив, треба да се радуваме,оти он одел во Божји раце :confused:
како може мајка што изгубила чедо да го сфати ова...како може она да се радува, можеме ли ние воопшто да бидеме оптимисти, па колку и да сме со духовни очи???
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.903
Поени од реакции
5.032
Аххх, најтешката задача на човекот, да кажам и невозможна.
Факт е дека луѓето смртно се плашат од тагата и таа тагофобија оди дотаму што се би дале само да не бидат тажни.
Никогаш нема да сфатам кога за некој што починал, како утешение за семејството му велат -Така сакал господ!
Пред некое време слушам на ТВ во една емисија, гостин беше некој професор од теолошкиот фак. говори за смртта и како не би требало да плачеме за починатиот, напротив, треба да се радуваме,оти он одел во Божји раце :confused:
како може мајка што изгубила чедо да го сфати ова...како може она да се радува, можеме ли ние воопшто да бидеме оптимисти, па колку и да сме со духовни очи???
Она кое за човекот не е можно, за Бога е можно.

Отворањето на духовните очи е последица од преумувањето/покајанието кое се случува кај верните, кога ќе се сретнат со Бога. Со тоа отворање на духовите очи (очите од (раз)умот), сите нешта се гледаат на поинаков начин, не на начин на кој истите нешта ги гледаат световните луѓе. Така, духовноста воедно значи и надминување на простата световна сентименталност па последично, смртта од ближниот не се гледа како крај на животот, туку како промена на начинот на битисување, каде душата од упокоениот продолжува да битисува, затоа што не е подлежна на смртта, како што е случајот со телото кое се погребува и распаѓа.

Друга и поважна е приказната што се случува со душата од покојникот и каде (!) се наоѓа таа после смртта.

Е да бе, лесно е да кажеш...:icon_lol:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Фала ви многу.
Едноставно, игнорирај све и иди тамо.

тоа ти е мое мислење, а ја сум многу попаметен од сите други овде
Автоматски споено мислење:

@Nik98

21ви август, бил Св Зосим, слава на Косово
ова е од овогодишната прослава

Па отприлика на неговиот ден си го сонувал. Иди и не се замарај. Прошетај се.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Аххх, најтешката задача на човекот, да кажам и невозможна.
Факт е дека луѓето смртно се плашат од тагата и таа тагофобија оди дотаму што се би дале само да не бидат тажни.
Никогаш нема да сфатам кога за некој што починал, како утешение за семејството му велат -Така сакал господ!
Пред некое време слушам на ТВ во една емисија, гостин беше некој професор од теолошкиот фак. говори за смртта и како не би требало да плачеме за починатиот, напротив, треба да се радуваме,оти он одел во Божји раце :confused:
како може мајка што изгубила чедо да го сфати ова...како може она да се радува, можеме ли ние воопшто да бидеме оптимисти, па колку и да сме со духовни очи???
Човекот неможе да се помири со трагичноста на смртта, тоа е спротивно на нашето битие во кое е вдахнат, кодиран вечниот живот зададен од Господ, но како што советува апостол Павле,,... немој да тагувате како незнабошците..., смртта на ближните неможеме да ја прифатиме, но со верата во Бога добиваме утеха (дека сепак се живи во Бога), и тоа дефакто се случува, како минува времето во кое сите се движиме сите во таа насока да го поминеме искуството на распадот, смртта добиваме не само утеха туку и смисла на нашето постоење, верувајќи дека Господ ќе не воскресене сите за вечен живот, радост ...
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2018
Мислења
124
Поени од реакции
111
Сакам да знам т.е некој теолог да ми каже што точно се случува тие 40 дена (6 недели) откако ќе почине човекот?
Зошто треба до 40 дена секој ден да се оди на гробот и да се пали свеќа и да се чита молитва за починати?
Скоро имав смрт на близок, па ова ни беше кажано од нашиот поп.
За тие 40 дека душата 20 пати преминува нешто-некаде?
Ве молам за сериозен теолошки одговор
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.903
Поени од реакции
5.032
Сакам да знам т.е некој теолог да ми каже што точно се случува тие 40 дена (6 недели) откако ќе почине човекот?
Зошто треба до 40 дена секој ден да се оди на гробот и да се пали свеќа и да се чита молитва за починати?
Скоро имав смрт на близок, па ова ни беше кажано од нашиот поп.
За тие 40 дека душата 20 пати преминува нешто-некаде?
Ве молам за сериозен теолошки одговор
Најкратко кажано:
- 3 дена по смртта, душата човекова е се‘ уште во овој свет и ги поминува местата на кои чинела добри дела-ако воопшто ги чинела. На крајот од тие 3 денови, душата се среќава со Христа Бога, на поклонение, прв пат.
- од 3-от до 7-от (9-от ден), душата ги посетува Рајот и пеколот. По 7-от (9-от) ден, душатата се среќава со Христа Бога, на поклонение, втор пат.
- од 7-от (9-от) ден до 40-от ден, душата ги минува 20-те митарства, на кои демоните и‘ ги читаат нејзините злодела, а анегилте нејзините добри дела. По тие 40 денови, душата се среќава со Христа Бога, на поклонение, трет пат.

По третата средба, Христос Бог и‘ одредува на душата времен престој, или во Рајот или во пеколот, доколку претходно (душата) не била одвлечена во пеколот од самите демони, при поминувањето на душата низ митарствата.
 
Второто прашање не го одговори, а и јас навистина не го знам...зошто мора секој ден до 40 дена да се оди на гроб?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.903
Поени од реакции
5.032
Второто прашање не го одговори, а и јас навистина не го знам...зошто мора секој ден до 40 дена да се оди на гроб?
...затоа што деновите меѓу 7-от (9-от) и 40-от се најстрашните за душата, во кои душата ги минува 20-те митарства, на кои и демоните и ангелите ги читаат злоделата и добродетелите кои душата, (заедно со телото) ги чинела во својот овоземен живот.

Значи, во тие денови, душата го поминува/преживува својот суд, и тој суд има однапред непознат исход (исходот го знае само Бог, не и душата на која и‘ се суди...) па токму затоа во тие денови, роднините и блиските треба да се молитвено настроени кон душата од покојникот, за да можат тие молитви, упатени од овој кон „оној„ свет (до и кон Христа Бога, Судијата на душата), да и‘ бидат на помош на душата, која во тие денови го преживува своето судење...

Така, не е во прашање само палењето свеќи во тие денови, туку и молитвеното однесување, како помош за душата од упокоениот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom