@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори..
.Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
Незнам од каде ти е идеата дека религиите треба да го воздигнат човечкото кај човекот?
Јас ги гледам како мрежи во кој се фаќаат човечките души.Фрлил мрежа некој рибар(пророк) ја проширил со свој апостоли и чекаат(време) да се фатат луѓето.
Да,имаат некој патокази,но тие се да се оформи самиот пророк во некој кој ќе го помине истиот пат како пророкот.Просто кажано, религиите се како утроба која ќе расте со се поголем притисок(зла),па кој го издржи притисокот и помине низ тесно за да се "роди" пак оној истиот кој зачнал..
Твоето прашање е од сосема друга природа..
Ме потсети на еден текст од 3 Книга Ездра која иде вака..
50. Тогаш го запрашав и реков: <„Штом веќе ми го откри патот, тогаш дозволи ми да Те прашам: мојата мајка, за која ми говореше, дали е уште млада или се приближува кон староста?»» 51. Ми одговори и рече: <„За тоа прашај ја онаа што раѓа, и таа ќе ти одговори. 52. Речи н: зошто оние што се раѓаат сега не прилегаат на оние што се родени порано, и зошто се тие помали на раст од другите? 53. Таа ќе ти одговори: едните ги родив во цветот на мојата младост, а другите се родени на старост, кога утробата моја почна да ја губи својата сила. 54.
Сега разбери: зошто сте вие помали на раст од оние што се родени пред вас; 55. а оние што ќе се родат по вас, ќе бидат уште помали од вас; созданијата веќе остареа, младешката сила веќе им одминала.»
И Ездра слично прашува,зошто толку зло по светот.Одговорот е во времето кое како мајка ги раѓа душите човечки.Нејзината сила ослабува,секоја генерација е се послаба и послаба- духовно.
Тука религиите ја имаат улогата на обновување,на ново време,нов почеток...новото време кое ќе го роди во цутот на својата младост она што ти го викаш човечното во човек.
Значи тоа човечното се раѓа,а не прави.Вие сте тоа што сте,ништо повеќе!
И повторно ќе се фрли мрежата,ќе се уловат човечките души , ќе се намножува злото-зголемува притисокот и пак да се роди оној истиот.И така во круг!
Религиите се генаратор на притисок,истиснувач!