Shakespear
Need moar drugs
- Член од
- 25 јули 2015
- Мислења
- 2.418
- Поени од реакции
- 2.043
Што има врска кој го основал Фолксваген кога денешните сопственици немаат врска со нацизмот? Или некако некој им ги праќа тие пари во пеколот?Разбудени во замислениот свет, паднати во длабока кома во вистинскиот свет.
https://off.net.mk/off-cafe/tviter-ja-uchi-alisa-milano-shto-e-ironija
Твитер ја учи Алиса Милано што е иронија
27 ноември 2022 - 11:44
Актерката и политички активист, Алиса Милано во саботата се пофали дека Теслата ја заменила со електрично возило на Фолксваген, и тоа во борба против „омразата и белата надмоќ“ и фирмите што купуваат рекламен простор на Твитер. И не ѝ ја простија површноста.
Твитер е, нели сега, на Илон Маск, кој е и сопственик на Тесла.
„ Ја вратив Теслата “, твитна Милано на платформата на Маск.
„ Ја купив електричната кола на Фолксваген. Многу ми се допаѓа. Не знам како можат огласувачи да купуваат простор на Твитер. Производи од компании што јавно се наддаваат на берза на исто место со омраза и бела надмоќ не ми е некој победнички бизнис модел. “
На Твитер корисниците не им требаше многу да се закачат за информацијата и да истакнат дека Фолксваген е основан и изграден во Германија во 1930-те години, кога Хитлер беше канцелар.
Видете како се радува канцеларот:
Главно ѝ се смеат конзервативци, веројатно затоа што на дел од левичарите им е незгодно, а дел се еднакво удрени со мокра чорапа, ама:
„ На Алиса Милано не ѝ се бендисале Твитер-профилите што Маск ги пушта на неговата платформа, па ја фрлила Теслата и ја заменила со возило направено од компанија основана од буквални нацисти, затоа што се бори со белата надмоќ. Не знам што да кажам. “
Инаку, Маск го купи Твитер во октомври за околу 44 милијарди долари и се завети дека ќе го направи платформа за слобода на говор за сите. Објави и анкета „дали Трамп треба да се врати откако го избркаа“ и 51,8% од корисниците се изјаснија со „Да“.
Сите нормални сакаме да се бориме против белата надмоќ, фашизмот и шовинизмот. Само штета што највидливите претставници ни се вакви.
Еве ни Маск не го основал Твитер, не значи дека Твитер ќе биде оценет според кој го основал туку кој тековно го срушува.
„Иронијата“ што вие овде не ја сфаќате е дека Фолксваген одамна бил украден од рацете на нацистите и сега е либерална фирма ко сите други.
Автоматски споено мислење:
“We live diversity”
“We live diversity.” Elke Heitmüller, Head of Volkswagen’s Diversity Department, and two of the organizers of the “we drive proud” network, Thore Masekowitz and John Frattoloso, explain how Volkswagen employees at all levels, including the Board of Management, make this a reality. ...
www.volkswagenag.com
Последно уредено: