Ти имаш 3.5 најверојатно ќе.Хмммм... едно прашање до дечкиве кои се греат со јапонциве на модулација од 200w. Дали температурата на издув е повисока од 25 степени? И дали можеби паѓа пот од што е топло? Па тогаш за да дува топол воздух треба брзината на издув да биде екстремно ниска, па ако сака нека е климата и свети Тошиба.
Јас имам Грее Амбер Нордик 12ка. Во условите во кои работи, најниско модулира на 400w, со Т на издув од околу 40 степени. Максимална температура на издув има достигнато 62 степени на надворешна температура околу 0, ама тогаш повлече 2.5kw. Максимално сум задоволен од климата. Купена е за 57000 денари минатата зима. Дека троши за едно дваесетина проценти повеќе од овие врвниве, тое е точно ама овој конкретен модел и грее повеќе од нив, бидете сигурни. Монструозно моќна клима
Мојот јапанец кој е 6.3к модулира и на 250w температурата е -34степени на 360 температурата е 42 степени и тоа со 620м3 издув..
Инаку овде можеш да го ставиш фанот и на 1020м3 но климата сама го регулира фанот..
Кога потрошувачката ќе падне на 360w издувот од 880м3се намалува на 640м3 а кога ќе дојде испод 250w се намалува на 500m3 модулира од 90w па до 2800w
Така да пријателе немаш никогаш ладен воздух оти се оди автоматски..
Инаку има перфектна модулација оти кога ќе падне на 350степени постојано модулира и по одреден период оди 380,390,410, ,450 и го пали помалиот фан а потоа паѓа и помалиот фан..
Потрошувачка за денешен ден за 10чада работа во 70м2...





