Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Вкупно гласачи
    195
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Не е спорно дека квалитетни луѓе се иселија низ годиниве и тоа е тешко надоместлив изгубен потенцијал за државата.
Спорно е оти секој кој што се иселил се доживува за таков, а не е.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
2.914
Сплет од сите горенаведени, се разбира почнувајќи од економски причини.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Најголема причина за иселување на младите лица се повисоките плати кои ги земаат во странство или скратено-парите!
Парите се главна причина за иселување,се останато е минорно! Дајте им на младинава тука по 50-60 иљади нето-плати за 8 часовно работно време и се прекувремено платено и да видите како лека-полека ќе се намали на минимум иселувањето на младите лица од државава! Заебете ги прикаските нема култура тука,у странство прдежите поубаво мирисаат и слични просерувања,да бидеме искрени-ќешот е главната причина и тоа што може за кратко време да си купат кола,да им останат пари на страна и слично на иселенициве наши
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Во која држава живееш?

Нема врска муабетот дека е само заради парите, во моментов се отселуваат илјадници кои имат добри примања.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.176

Тоа и ја сакав сега да пишам. Сега што ги гледам се претежно луѓе кои не се под тие спомнатите 50 - 60.000 МКД плата.
 
Поголем проблем што влијае на отселувањето е башибозукот кој влијае во институциите (главно здравство, судство, образование), шиптаpcкото самоволие, загаденост, и на некој начин помодарство и желбата да пробаат/искусат нешто поразлично.
Ако ги споредиш платите наспроти цената на недвижностите и оперативните трошоци не излегува многу математиката и надвор.
Има одредени бенефити, ама мислам дека се далеку од споредено со тоа што било пред 15-20 години, и западните плати имаат задоцнето споредено со трошоците.
Тие што се без посебни вештини надвор, и работат за минималец, може само да маткаат некого дека живеат подобро од Македонија. Пример таму кај тебе ако заработува 1600 евра, а плаќа стан од 1000-1200 евра ќе живее како куче.
 
Платите се едно иако никој што дошол овде и работи живее како куче. Државата дава толку помош што секогаш ќе имаш и за храна и покрив над главата. Па и да работиш на минималец државата дава пари што значи дека испод 2000Евра нето плата и не се исплаќа да работиш оти и без добиваш исто од државата. И твојот пример некој да е сам и да работи за 1.600 што би бил минималец, може ок да помине. Не плаќа стан 1000-1200 освен ако не е 4собен а за единец тоа е предимензионирано. Тоа е мит што тие што идат сега живеат мизерно. Може во друга прилика подетално да пишам само ќе дадам пример. Ако си 4члено семејство со две деца добиваш 500ЕУР детски надоместок, 500ЕУР на човек социјална помош, плус станот и парното платено. Одма си на 2.500 без да работиш.

Е сега за другото си во право. Долу ај што условите се ужасни (здравство, институции) проблем е и што голем дел од луѓето се арогантни према граѓаните ако им треба нешто. Дали во општина да вадиш документ, дали полиција ако те застане, дали во болница, да ти се одмилит што си дошол да побараш нешто. Близу е до нефункционален систем.
 
Не го зборувам само од аспект на фамилија, туку и за сами луѓе. Член од семејство живееше кратко во Франкфурт, за сам човек станот беше 970 евра месечно, и тоа пред 4 години, со инфлацијата не верувам дека е испод 1100 во моментов. Решение беше да го делиш со цимери, што барем лично јас не би го правел (си го платив својот данок на таа тема), или пак да седиш уџум па да патуваш по 1 саат во правец.

Кај фамилии, знаеш и сам дека не секогаш ќе имаат 2 плати, особено не со деца. Колку ќе ги кошта дневен престој, обрзование на децата (вклучително и факултети)?
Колку време ќе им треба да купат и исплатат стан таму со тие приходи од 2500 евра?
До која возраст ќе треба да работат за пензионирање?

Не се баш така розеви работите и надвор, реалноста е дека голем дел од нив цел живот нема да успеат да исплатат своја недвижност, ќе биде крпење да ги изучиш децата со факултети (што во МКД во моменто е живо џабе), и ќе рмбаш како будала до 68 години за да отидеш на пензија...
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.338

Факултетот во МК е све, само не е живо џабе. Споредено со платите, просечен студент во МК троши процентуално повеќе од своите приходи, отколку просечен германски студент. А слободно може да ги споредиме и факултетите таму и тука, да видиме на кој излегува поедуциран кадар. Да не зборам што опциите кај нас да работиш нешто на пола работно време се мизерни, и ќе земеш 9-10.000 месечно, што реално со нив ништо не можеш да правиш.

И во МК ретко кој исплаќа недвижност со својата потпросечна плата. Обично тоа е наследство од семејството.

Така да подобро да мизерувам во Германија, отколку да мизерувам тука. На крај краева и не е само парите, луѓето си одат и ради беззаконието, двојните аршини и корумпираноста. Не дека Германија е идеална, ама сигурно е многу подобра од МК, како опција за живеење.

Ако си на минималец, никој не ти вика дека мора да живееш во центар на Франкфурт. Има многу поубави мали гратчиња и села кои се добро поврзани со сите поголеми градови и установи низ Германија. Кај нас ако не живееш во центар на Скопје, или барем Скопје, речиси си осуден на пропаст. (Нема факултет во твојот град, нема асален клинички центар, голем дел од документациите се изработуваат во Скопје, а да не зборам и за можностите за работни позиции).

Да не зборам дека мој пријател плаќа годишна карта за јавен превоз 310 евра, каде што влегуваат автобуси, трамваи и приградски возови. Кај нас е за нијанса поевтино - 300 евра годишно, каде што како опција се автобусите кои не знам колку знаеш, најчесто и ги нема. А може и да дискутираме и за тоа какви се условите внатре.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Факултетот во МК е све, само не е живо џабе. Споредено со платите, просечен студент во МК троши процентуално повеќе од своите приходи, отколку просечен германски студент. А слободно може да ги споредиме и факултетите таму и тука, да видиме на кој излегува поедуциран кадар. Да не зборам што опциите кај нас да работиш нешто на пола работно време се мизерни, и ќе земеш 9-10.000 месечно, што реално со нив ништо не можеш да правиш.

И во МК ретко кој исплаќа недвижност со својата потпросечна плата. Обично тоа е наследство од семејството.

Така да подобро да мизерувам во Германија, отколку да мизерувам тука. На крај краева и не е само парите, луѓето си одат и ради беззаконието, двојните аршини и корумпираноста. Не дека Германија е идеална, ама сигурно е многу подобра од МК, како опција за живеење.

Ако си на минималец, никој не ти вика дека мора да живееш во центар на Франкфурт. Има многу поубави мали гратчиња и села кои се добро поврзани со сите поголеми градови и установи низ Германија. Кај нас ако не живееш во центар на Скопје, или барем Скопје, речиси си осуден на пропаст. (Нема факултет во твојот град, нема асален клинички центар, голем дел од документациите се изработуваат во Скопје, а да не зборам и за можностите за работни позиции).
Колку пари е годината во Германија?
Па Македонија 90% не ни работат за време на студиите, инаку во моментов ако работат сигурно нема да се под 20к.
Студентски дом и чат пат оброк надвор 100 евра, цел семестар 200 евра, 200-300 евра учебници и материјали, и тури уште 50че месечно излегувања значи цела година: 900 + 400 + 300 + 500 = 2100 евра, ете нека оди курбан уште нешто 10к евра. Ако си работел, гарант ќе ги извадеш овие пари.

Тука во АУС годината кошта околу 25 000 долари само факултет + уште 1700-2000 долари за студентски дома (годината 450000) и ако работиш фул тајм мака ќе мачиш да ги покриеш овие пари ако не добиваш нешто од дома.
Инаку факултетот не те прави попаметен, може само да си поспецијализиран во одредена област, што пак не е гаранција дека индустријата нема да се промени додека да завршиш.
Со години работам со странци, и ниту еден од тие што биле апла добри не бил поради факултетот, туку поради својата брилијантност.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.176
Ако зборуваме за Германија, без факултет одредени степени во професионалната кариера ти се недостижни. Многу ретко се дешава некој без факс да гура подалеку. Специфична е Германија за тоа и претеруваат. Од друга страна факултетот е безпари а зборуваме за факултети кои се меѓу најдобрите. Можеби не на ранг од Харвард и други елитни но потоа идат тие. Само треба да се погледне ка разните листи каде се рангирани. Ако немаш средства. државата нуди помош BAFÖG и треба да се врати само пола после кога заработуваш.

Убаво кажа и КаВа во големите градови сега да бараш стан е изгор. Ама имаш други опции. Доброто на Германија е дека не мора да жиивејш во голем град за да имаш добар живот и добри примања. И ред други помали градови се доста развиени и нудат добри работни места. Пример Оберкохен град со 10.000 жители ама концернот Zeiss тука го има седиштето.

Да не правиме муабет за ред други работи, не знам кај да почнам. На зима ги чистат улиците од снег. Ако викнеш брза помош за 5 минути се тука. Ако ти треба операција, не плаќаш ништо. Чиста природа, чист воздух. И многу други работи од секојдневието.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Во која држава живееш?

Нема врска муабетот дека е само заради парите, во моментов се отселуваат илјадници кои имат добри примања.
Итекако има врска муабетов,скоро се е заради парите,тие што тука земаат убава плата се иселуваат во странство ради дупло поубава плата,напрај мало испитување,прашај некој таков и ќе видиш дека сум во право! Е сега има и такви кои се иселуваат ради други причини,ама таквите се многу мал процент
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Итекако има врска муабетов,скоро се е заради парите,тие што тука земаат убава плата се иселуваат во странство ради дупло поубава плата,напрај мало испитување,прашај некој таков и ќе видиш дека сум во право! Е сега има и такви кои се иселуваат ради други причини,ама таквите се многу мал процент
Јас сум еден од тие што заминале, а правев неколку пати повеќе од што ми требаа за живот.
Еден куп колеги заминаа, а заработуваат по 2-4к евра на семејство, исплатени станови, коли, одмори повеќе пати во годината.
Дел од причините ти пишав погоре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom