Мило ми е што сите се обидувате да ги најдете и добрите страни во тие личности... Меѓутоа како што кажав во еден пост погоре, моментално сум опкружен со токму такви личности и на моја среќа или жал имав прилика да видам неки од тие личности од таа друга страна. И искрено, таа друга страна точно дека е можеби напатена девојка со голем страв, меѓутоа таа страна е сепак онаа која во првиот случај ја натерала девојката така да се однесува.
Што се однесува на делот за непријатните однесуваања, паааа животот на сите луѓе им приредува непријатни изненадувања и сепак не сите се оддалечуват од реалниот свет. Можеби на почетокот е само невино девојче кое е исплашено од последиците на околината, меѓутоа со текот на времето таа маска се шрипива на лицето и неможе да се извади. И таа личност останува онаква каква што е...Подла, себична, злобна и користољубива...
Како што веќе напоменав, ниту едно непријатно изненадување не е толку навредливо за девојките на оваа возраст (мислам на ппубертетот), за тие да го имаат тоа однесување...
А и да ги тргнеме сите фактори на страна, па со тоа што самите го одбрале тој начин на живот, значи дека се спремни да го живета така остатокот од животот. Постарте кажале, човекот учи додека е жив. Меѓутоа психологијата и социологиката докажале дека личноста се оформува во периодот на пубертетот...
Е сега кога ќе сумираме се што досега кажав како нешто кое лично сум го видел и искусил, можам слободно да кажам дека ниту еден човек не е она што се претставува дека е, но засекогаш останува она што тој ќе го презентира на другите, безс разлика на неговите скриени мотиви или причини...