Трупер, гледај сега вака... Здрав разум (не западна пропаганда) кажува дека руската страна не е таа што прави злосторства и масакри врз цивили. Ај да видиме. Марионетска власт донесена и контролирана од САД: Чек. При промената на власт 2014-та извршени еден куп злосторства врз руски цивили, меѓу кои и оние во Одеса со задавената со телефонски кабел бремена жена во административна зграда, запалена со живи луѓе а тие што скокаа дотепувани со бејзбол палки и смеење (мрско ми е да линкам слики и статии): Чек. Наци силеџии како енфорцери на фронт и надвор од фронт, ги тепаат/убиваат сите што сакаат да избегнат воена обврска, па и политички противници: Чек.
Толку за „модус операнди“ на украинската страна, односно поточно - нивните американски хендлери. Итн, итн, толку примери има да книга може да се напише.
Ма мрско ми е да се убедувам вака ад носиум за веќе испроцесирани преџвакани работи, посебно не со такви како тебе. Јасно ми е дека или не си кадарен да се прашаш Cui bono, или па намерно не сакаш да рамислуваш и да анализираш кој ќарува од постоење на настани како тие во Буча, како тие во Купјанск, Лиман, Доњетск, итн, итн.
Некој што може да размислува, ќе се зачуди како е можно во гратче помало од Струмица два дена да не најдат на сред улица десетици масакрирани жители. Па прво украинската војска го чешлала градот за проверка од руски војници и техника, немало ни теоретски шанси да го прочешлаат градот а да не ги најдат убиените. Мислам ајде ти се молам. Се снимаат со телевизии со камермани/новинари како е ослободен градот, изјави даваат, а пар улици подоле има искасапени трупови кои никој не ги наоѓа цели два дена. Приказни за консументи на пропаганда, неспособни за размислување.
Тогаш кога се дешаваше тоа во Буча, а според датумот секој може да види дали ТИ тогаш си бил овде на темава, ние што ги следиме работите јасно видовме која страна спречуваше меѓународна истрага во Буча, и што тогаш извести Амнести. Знаеме. А хартија трпи се, па сега што пишува и тоа е јасно.