Кој е насловот на песнава? (Барам песна)

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
И јас ја барам ова песна. Shazam не успеа да ја најде.
Да не знае некој како се вика песната?
Денес случајно слушнав една македонска песна на едно радио но не го знам нејзиниот наслов и изведувач и запомнав само краток дел од текстот се надевам некој ќе може да ми помогне. Дел од текстот: ''Немил сон овој ден немил трик твојот лик''
 
Македонска рап песна, нонстоп ја даваа ноќе на Капитол и Спортското радио... Не го памтам текстот, али рефренот идеше некако Ха Де Ха Два О (HD H²O) и потоа пак мрмљаше
 
Барам доста позната народна песна, најверојатно е новокомпонирана, според гласот ми изгледа како Смиља Митревска, но не сум сигурен, се прегледав од Смиља и не ја најдов.
Денес ја слушнав повторно, ова е што запамтив, некои зборови се може и погрешни:
"
кога една мала ружа би знаела
не би душо свенала

ноќва сум сама јас
ѕвездо свената
-------
----јас овената

за само малку љубов
за добро и за лошо
--------------
"

Ај ве молам како насловот на песната текстот беше

"Димо Димо Димитријо пусти бекријо...."

Фала
 
Барам име на стара македонска техно песна, почнуваше со семпл од радио: Добро утро скопјани, пред вас е нов ден. Слушнете ја оваа приказна за Скопје, градот на нашиот живот.
Фала.
 
Барам име на стара македонска техно песна, почнуваше со семпл од радио: Добро утро скопјани, пред вас е нов ден. Слушнете ја оваа приказна за Скопје, градот на нашиот живот.
Фала.
Ама ова не е техно.
 
Дечки ај може некој ќе ми помогне. Песната е од машки вокал, македонска, забавна, околу 84-85г. Од времето на Бон тон група. Го барам насловот и пејачот или линк од песната ако постои. Рефренот оди вака: Одам, упорно по тебеее
и пеам нешто тивко за себе само,
никогаш никого не би засакал ко тебе, верувам во тоа
 
Друштво здраво, не може песнава од глава да ми искочи, а никако да ми текне од кој е или како се вика. Паметам дека ја пее помлада девојка. Делови од песната што ми текнуваат:

- И времето оваа вечер нека застане, а сонцето ќе го молам да не изгрее
- Во моите вени тече крвта јужначка, пламенот нека гори додека свири музика

Рефренот нешо вака идеше:
- Заведи ме, додека свири музика јас имам сила волшебна .... ..... една солза или две, ќе ги скријам од тебе

Да не ви доаѓа на ум која е песната?
 
Verica Karanfilovska, Zavedi me.
 
Дечки некој да ја има “Македонија“ од XXL?
Знам ја имаше на YouTube до скоро ама видеото е ставено private :(
 
Не барам една песна туку двата албуми од Funk Shui. Едниот е R.E.M. а другиот Æther.
Гледам има на Apple music ама јас немам тоа, на Јутјуб се само некој песни.

Би сакал да ги слушнам тие песни што ги нема на Јутјуб. Ако знае некој каде да се слушнат или симнат нека пише порака.
 
Последно уредено:
Не можам да ја најдам песната , веројатно е Маргарита Христова - Ти си ми се (можен наслов).
Ти си ми се, ќе полудам од љубов , ќе полудам од среќа ... итн
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom