Интересно ќе биде ова светско, затоа што се игра крај на ноември, веројатно кога голем дел од играчите се во форма (не е лето па сите да туфкаат дека мора уште да играат утакмици).
Што знам, појма немам кој ќе освои.
Бразил има јак состав, ама се далеку од тоа што некогаш биле. Нивниот дел и не е баш лесен со Србија и Швајцарија, па вкрстување со последната група. Веројатно ако јужноамериканска земја освои, тоа би биле овие.
Франција - јак состав, можеби најдобар во Европа. Ама презаситени се и не играат некој атомски фудбал (незаинтересирано играат).
Португалија - доста силен тим, ама имаат слаб тренер. Веројатно ако испаднат порано од очекуваното ќе го шутнат Сантош?
Германија - не ми делуваат како порано, а и тоа од Лига Нации не ветува нешто.
Иако ми се стално интересни и би сакал тие да освојат место некоја Франција или Шпанија.
Шпанија - не се за потценување! Немаат некои играчи ептен јаки како порано, ама го имаат она шпанско во нив и може да тераат далеку.
Англија - солиден тим, лош тренер. Дали ќе тонат како во ЛН или ќе изиграат супер СП останува да се види. Иако навивам обично за нив, мислам дека максимум до 1/4-финале ќе стигнат.
Аргентина - интересни играчи имаат, ама како целина не ми изгледаат баш (и дали пак преку Меси ќе се игра нон-стоп?). Не знам одбраната каква им е?? Најлесна група имаат и треба лесно да ја поминат - дури мислам дека и нема гол да примат (а после ќе видиме). Полска и Мексико се доста вон форма или послаби од порано, па не би ме изненадило ако Саудијциве завршат со малку среќа и втори во таа група.
Холандија - океј играчи, ама јак тренер кој знае како со репрезентацијата. Ако Холандија истурка надалеку, тоа ќе биде најмногу ради Ван Гал (сакам да освојат, ама го немаат тој играчки капацитет - бар така мислам, може грешам). Би требало да ја освојат групата. Ете Сенегал без Мане ќе игра.
Данска - Јаки ми се Данциве и играат доста симпатично. Нека играат како во квалификациите и мислам нема да имаат проблем подалеку да истераат.
Белгија - јаки играчи, ама тренеров тапа. Многу фама околу нив со години, ама на крај ништо освен полуфиналето на прошлото СП. Ова е последно СП за таа генерација или??
Србија и Хрватска ќе бидат интересни. Мислам дека Србија може да изненади и доста добар тренер имаат кој знае да ги мотивира. Претходно имаа некои безидејни досадни ликови без асални тактички замисли. Хрватска може и групи да не пројде, а може и бар 1/4-финале да фати.
Уругвај - ќе видиме дали Пелистри и Нуњез ќе се покажат како добри замени за Суарез и Кавани.
Канада и Мароко би требало да бидат интересни за гледање. Тука има тивка еуфорија со продавање маички, реквизити и слично. Ако игра Дејвис (не знам дали е баш повреден), заедно со Дејвид и Осорио и Јустакио би требало да бидат опасни. А зошто да не и да заебат некоја европска земја.
Некои утакмици ќе бидат доста интересни
САД - Иран - од политички агол, башка на азиско тло
Уругвај - Гана - Суарез е веројатно најомразениот лик во Гана
Швајцарија - Србија - овде ќе има набој, утакмица ала 2018-та.
Мароко - Белгија - доста Мароканци живеат во Белгија, а и во репката белгиска има некој Мароканец. Во Мароко им се враќаат главните ѕверки, ама па имаат нов тренер - веројатно и нов систем на игра. Како и да е интересна утакмица може да биде.