После браната почнува делтата на Дњепар. Тука одма после браната е 2.5 километри широк, а адите и околу реката се во голема мера големи мочуришта, кои се скоро непроодни. После кај Керсон басенот на реката уште повеќе се проширува. Ако видиш подобро не ни има многу мостови од браната надоле, мислам дека се само 2 кај Керсон. Има еден куп гратчиња долж обалата, да било лесно ќе имало еден куп мостови. Дњепар е доста добра одбранбена линија и со футхолдот ја губат предноста Русите на југ. Не е дека беше можен напад на Николаев и Одеса понатаму без да се обезбеди Дњепропетровск, ама барем имаа добар футхолд. Еве на пример за да се завземе Дњепропетровск, пак треба да се помине Дњепар. А мостови само во Запорожје(градот) и Дњепропетровск(градот), а реката и нагоре е најмалку 2км широка. Керсон беше поклон, кој мораше да се искористи.
Јас незнам зошто овие 9 месеци не изградија некаква одбрана, не мора којзнае каква и немора толку длабока, остави бафер зона и укотви се убаво, артилеријата на сигурно од другата страна на Дњепар и само делкај полека. Најглавната предност во војнава си ја уништија. Не само од аспект на ударна моќ, туку таму Украина секогаш ќе имаше врзано значителни ресурси, а тоа значи на остатокот на боиштата ќе биде порелаксирано.
Од политички аспект ова може да значи и дека ќе очекуваме подолга војна. Дека сега дефакто Украина окупира Руска територија и јас не верувам дека за Русија тоа ќе биде прифатливо во рамките на преговорите. А може па и да се задоволат со тоа што го добија, а тоа би значело дека целта на воената операција не ја постигнале. Е сега тоа на западот ќе биде претставено како пораз на Русија, во Русија како парцијална победа со оглед на тоа дека добиле 100тина иљади нови квадратни километри. Но генерално ќе биде политички удар за Путин. И трета опција би била, јас мислам крајно невозможна, но сепак, да се избркаат Русите до границите на Донбас од пред операцијата и да заврши војната без победник (од аспект на територијални придобивки).
Гледано од историски аспект, 50 тина години од сега, проширувањето на територија ќе се рачуна како победа, така да која и да било страна да биде поголема него пред почетокот на војната, историјата ќе ја прогласи за победничка.
Мислам дека не се откажале, и не верувам дека ќе откажат. Има многу работи што не ги знаеме. Има една чудна работа во цела оваа 9 месечна воена операција кај Русите. Значи сите освојувања што се случија, беа во првите 2-3 недели. После тоа немаше ниту еден сериозен напредок. Ама буквално ниту еден. Од прилика освојувањето на гратчињата се состоеше од непрестано бомбардирање и разрушување до темел за да после се пушти војска во веќе празниот град. Немаше никакви маневри, никакви обиколувања, никакви сериозни офанзивни дејства. Значи колку и да имаат Украинците одбрана, немаат одбрана сегде и немаат утврдени позиции сегде. Зарем не се најде едно место каде што ќе се направи маневар и ќе се обиколи некое место да се исече. Или да се направи сериозен пробив на една точка. Не. Не постоеше таков обид. До септември, Украинците речиси и да немаа обиди за контраофанзива. Значи буквално да се повторат барем делумно офанзивните дејствија на почетокот. Ама не. Се оставаше да се трупа војска за контраофанзива, буквално се дозволи пред очите да им се натрупа војска кај Харков, за што ние знаевме со денови пред да се случи офанзивата и ништо. Кажи ми колку требаше за да се уништи таа офанзива, па дури и да се оневозможи такво групирање. Видовма набргу дека имаат средства да го сторат тоа. Но не. Ништо не се превзема. Дали е некомпетентност, корумпираност и неспособност? Да беше некомптетентност, корумпираност и неспособност, немаше (како што викаш) речиси експресно после сите ескалации да вратат со ескалации (уништување на инфраструктирата), тоа уствари повеќе порака дека не се некомптетентни, одколку потреба да се уништи нешто. Буквално цело време Русија е таа која инсистира на дефанзива( по принцип на првата војна за Нагорно Карабах). Тоа е реално сценариото што го тераат. Можда е можно сега на зима да имаат некој излет да завземат нешто територија и после пак ќе гледаме реприза. На ти го, дај ми го.
Иначе не мислам дека се откажале, туку мислам дека идат на целосен колапс на Украина како држава, за да после на раат без загуби само ги превземат.
Јебига, навијачка атмосфера се створи. Кога ќе ти даде гол екипата се радуваш. Мада јас би почекал додека не се повлечат и Суровкин и Шојги ми беа како првачиња со стихотворби, а Кадиров и Пригозин со аплаузи ко да ги држи за уши некој. Како и да е, јас сум оптимист дека на крајот другата страна ќе се радува. ПС, сабајлево немаше дронови.