Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.705
Ехее сега ќе се лажеме за факти од пред осум месеци :D
Аеродромот во Хостомел го заземаа откако Украинците успеаја да ја уништат пистата и со тоа да спречат авионски десант кон Гостомел. Буча не успеаја целосно да ја стават под контрола, Ирпин не успеаја да го заземат и претрпеа големи загуби. Автопатот кон Житомир не успеаја да го стават под своја контрола. Украинците ја поплавија реката Ирпин и со тоа спречија напад од пошироки размери.

Сите видеа од почетоците на војната кај северот од Киев се со елитни ВДВ трупи поддржани од Спецназ и Росгвардиа. За загубите таму ја не шпекулирам туку си имаш еден куп докази. Четири дена после инвазијата, таму горе е убиен Мајор Генерал на ВДВ, Андреј Суковетски. Прва загуба од тој ранг за Русија после ВСВ. Две недели после почетокот на инвазијата имаш еден тон објавени докази за загубени ВДВ сили кои излегуваат на површина. Почнуваат да се редат, загинати полковници, потполковници, мајори, цели полкови разбиени итн. Не постои држава на светот што може да поднесе такви загуби и да биде као it’s fine, don’t worry about it. Години ќе требаат за ова да се обнови.

Муабетиве дека ова било лажњак е ко Грците да им однеле златен коњ на Тројанците и да заборавиле војници да стават во него. И додека Тројанците го парчосуваат златниот коњ, ти ми велиш, види каква финта им направиме, дур се занимаваат со тоа, ние таму подоле зазедовме една штала и два селски бунари. Јак лажњак.
Автоматски споено мислење:

Сликано на 24 јуни дента на почетокот на инвазијата. Може одат на екскурзија во Ваташа.

Прегледај го приврзокот 352160Прегледај го приврзокот 352161Прегледај го приврзокот 352162Прегледај го приврзокот 352163
Dobro od kaj poletuvaa ovie Avioni vo Juni?
Od Sibir?

Gleam baajgi sneg ima po postava.

A kako shto gledam primer vremeto vo Juni vo Moskva(Znaci barem i eden krug od 300Km) bilo okolu 26 Stepeni i toa cel Juni vo prosek.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317

Февруари мисли
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Dobro od kaj poletuvaa ovie Avioni vo Juni?
Od Sibir?

Gleam baajgi sneg ima po postava.

A kako shto gledam primer vremeto vo Juni vo Moskva(Znaci barem i eden krug od 300Km) bilo okolu 26 Stepeni i toa cel Juni vo prosek.

Моја грешка. Ова е првиот ден од инвазијата, 24 февруари.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.434
Поени од реакции
11.352
другар ептен претера.
И САД и ЕУ и Украина ептен ја згрешија ама Русија никако да згреши, оти никогаш и не згрешила.
патетично е ова

да, колку и да ви се објаснува воена перспектива, експерти како тебе се држат до себекреирани факти.

Логиката ти е аквариум, а преташ ко риба на суво брат.

мешате тактика со стратегија, мешате воена терминологија и логика со кошаркарски поими, ама битно факти излагате на маса
Еве ти како воен стручњак по воена перспектива кажи зашто во 2001 изгубивте од учките? Еднаш го избегна прашањето па да ти се даде втора шанса
Вака ептен се прикажуваш ко воено поткован ама само изгледа на зборови пошто изгубивте од козоебачите
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.725
Поени од реакции
33.970
да, колку и да ви се објаснува воена перспектива, експерти како тебе се држат до себекреирани факти.

Логиката ти е аквариум, а преташ ко риба на суво брат.

мешате тактика со стратегија, мешате воена терминологија и логика со кошаркарски поими, ама битно факти излагате на маса
Jaс па мислам дека баш се криеш позади таа „воена терминологија и теорија“.
Да не претерам, ама двоцифрен број на ситуации има каде со факти се покажува дека не си во право во разбирањето на случувањата. Од она со мостот Керч-Крим па преку другиве работи.
Автоматски споено мислење:

Патем зафатен сум деновиве, не видов некој да напише дека пред неколку дена беше гаѓана и оштетена браната на Дњепар (Каковка, или како се викаше). Изгледа не е критично штом до сега немаше ништо ново, не дека редовно пратам.
Автоматски споено мислење:

Кај рибарите има едно светкаво метално парченце што се става во вода, и кога рибите ќе го видат како светка, им привлекува внимание, си мислат дека е храна, ќе го лапнат и ќе се закачат за јадицата. Ниту знаеш кога е сликано ниту во кој контекст. И сигурно ако сакаат да изненадат ќе сликаат вакви работи. Само ај, секој со својот ум.
Автоматски споено мислење:

Да, сигурно сакале со возушен мост или воздушен десант на 100 километри од граница, баш првиот ден кога ПВО им беше активна. Тврдењево не е ич патетично..
Јадици и кромид се гризат наголемо.
Синдром на преголема консумација западни медиуми.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.405
Изгледа го напуштаат Херсон Русите.

Ако е точно ова е огромен морален поттик на Украина. Шамар за Русија и тоа мушки.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Зарем мора да има пример во историјата за да тоа се деси во иднина, ете да замислиме дека некогаш имало некој таков пример и тој тогаш бил можеби првпат за нештото. И мене не ми текнува ваков пример во минатото да имало некогаш, но тоа не може да го анулира фактот дека северната офанзива е само маневар.

Ајде да ја анализираме твојата дефиниција: „Диверзија се прави за да се сврти внимание на непријателот, времено да се ограничи неговото дејствување, и да се врзе непријателската војска на определен рок.“ Ако во исто време имаме успешна офанзива на југот, и притоа со маневарот се врзале сили на север на определен рок. Ги имаме сите потребни атрибути да ја сместиме северната офанзива во само маневар за да се одвлечат силите од југот.

Види ја цела припрема на офанзивата. Русија (иако негираше) со месеци се гледаше трупање на сили на северот, се вадеа снимки од композиции на возови кои идеа на северната граница. САД инсистираше на тоа дека ќе нападнат на Север. Значи одлично припремен маневар да се тргне фокусот од вистинската намера.

Во моментот кога го обезбедија Керсон и Мариопол, а со тоа и оската Керсон - Крим - Доњецк, се повлекоа од северот без никаква борба и без буквално никаков притисок. Но мислам дека правиш превид со важноста на Керсон во моментов. Футхолдот од другата страна на Дњепар е од суштинска важност за Русите за понатмошниот тек на војната. Ако го изгубат сега тој футхолд, за нив речиси и ќе биде невозможно да продолжат на запад и на север од таму. Во тој случај таму фронот ќе биде затворен и ниедна страна нема да може да мрдне.

Значи Македонија, ваква каква што е осакатена, знаејќи ги овие податоци нема да тргне да го осваја Киев со таа сила, а не пак една Русија. Многу е подценувачки да мислиш дека е тоа така.

Немало воопшто напад за да има повлекување, има само маневар кој служи да му го одвлече вниманието на непријателот. Буквално растрчување на силите насекаде, за да се стекне впечаток дека нешто големо се планира. Најслично нешто што ми текнува, само во одбранбена позиција имаат Израелците напревно на линија на одбрана на Суец. Многу маневри за да се стекне впечаток дека многу луѓе ја бранат линијата.

Значи повторно, нема тактичко повлекување од северот. Војската што влегува не е сила која прави окупација, тоа е сила која маневрира за да држи на северот трупи, додека на југот успешно се оперира. Се избегнуваат директни судири за да се избегнат непотрени загуби, затоа се стекнува впечаток дека Руската војска на север е со низок морал и спремна да бега и да дезертира. После успешно завршената задача, групата се повлекува во Русија.
и сега што правиме со футхолдот?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Кај Русите тоа што шкрипи е што Либералите откако иницијално беа маргинализирани во фебруари-март-април. Полека почнаа да си ги враќаат позициите и нормално сега ќе си влијаат на терен за уште повеќе да си ја зајакнат моќта.

Во некое најоптимистично сценарио, Русија би можела воено да ја заврши војнава за едно 3-4 години после масивни внатрешни чистки. Во оваа констелација на внатрешна политика, Русија во Украина нема повеќе да има ниту една воена победа. Се што ќе се случува е постепени повлекувања за "консолидирање на линиите" и слични глупости. Секако повремено пропратени со некој изливи на "гнев" како оној вчера кои реално на подолг рок нема да имаат некаков ефект зошто ќе бидат еднократни.

Веќе и повеќе од очигледно е дека Руската воена команда е како пробушена гума и самата ги саботира воените операции. 7 месеци подоцна немаат префрлено оружје и стандардна опрема на ЛНР и ДНР, ниту пак оформуваат милиции во Керсон и Запорожје или пак Карков кога го држеа. Регионот Крим и доброволци ги опремуваат ДНР и ЛНР. Сите успеси кои ги имаа на терен беа или во региони каде што има нова власт и надзор ( Крим) или имаше надворешни трупи ( Чеченци, Вагнер, ДНР/ЛНР). Секаде каде што Руската војска сама тераше операции, тоа се некако заглавуваше во некакви проблеми и не можеа да напредуваат. На 10 км од граница Првата и Четврта Тенковска Дивизија кои треба да се главната ударна тупаница на Руската Армија не можеа села да заземат. Мислам смешно, за такви перформанси на терен се знае што се добива, трибунали и командирите во први редови да си ја вратат честа.

Вака очекувам зимава повлекување од Керсон, веќе следната пролет одсекување на Мариупол од Доњетск и после тоа некакви "мировни преговори". Чим се охрабрија Либералите веќе да излегуваат на Руска Национална Телевизија и да кажуваат флоскули како "Доста луѓе умреа, време е за преговори". Тоа е тоа. Војната и вака и така им одговара. Додека нај-борбените и патриотите гинат на фронт во Москва и Ленинград либералите си тераат журки. Мобилизација макар и парцијална ќе им го нарушела стилот на живот. :LOL:

Ова се случува кога ќе дозволиш нелојални елементи да држат позиции во власт зошто биле "способни". Сталин бил апсолутно во право со внатрешните чистки и имањето на чист синџир на лична одговорност и забрана зa "одлуки од комисии", најголем грев му било што не ги започнал вторите барем една година порано туку чекал додека не бил веќе пред смрт.

Имаше еден полковник беше имаше излезено на телевизија уште во март и имаше дадено говор како треба да се воведе воена економија, да се национализираат клучните индустрии за производство на воена опрема и опрема за фронтот и да се почне со парцијални мобилизации и оформување на доброволни бригади. Го натераа да се појави пак на телевизија да се извини дека инсинуирал дека војската не била спремна. Епа сега на Шоигу и Герасимов уште вечер треба да им се даде по еден куршум за да си го избришат самите срамот и неспособноста.
============================================================================================================================================

Многу слично како кај нас во 2001. Од внатре ти ги саботира воените опции и ти ја замрзнува војната. И потоа ти шири пропаганда дека воено решение не е возможно и мора да се преговара. И потоа за време на преговорите ти потпишува комплетно предавство и се почнува со реваншизам против сите кои воопшто и се бореле.
Првото предвидување го погодив иако дури и премногу временски простор сум дал.
Да видиме дали до пролет ќе издржи линијата кај Мариупол или и таа ќе падне уште зимава.

А гледам и уште едно високо официјално лице од овие од Рускине администрации во Украина го убиле, така пополека сите ќе завршат во гробови како што умреа и Гиви и Моторола и Мозговој и Захарченко. Али затоа Зеленски ќе си снима реклами за списанија зошто е дел од племето. Сите заробени од Азов во Мариупол ги пуштија.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
и сега што правиме со футхолдот?
Ништо, ако се повлечат Русите од Керсон, нема футхолд, нема иницијатива за ниедна страна на југот. Тој фронт ќе замре и ќе се префрлат дејствата на исток. Според мене прв стартешки пораз на Русија, без разлика дали е извојуван со битка или не.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Ништо, ако се повлечат Русите од Керсон, нема футхолд, нема иницијатива за ниедна страна на југот. Тој фронт ќе замре и ќе се префрлат дејствата на исток. Според мене прв стартешки пораз на Русија, без разлика дали е извојуван со битка или не.
не паѓаш на грб никако.
сега северниот фронт диверзија беше или неуспех?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ќе го префрлам постот од другата тема тука:

Имаме дискутирано со Јамајка околу тоа. Ваљда сега му се разјаснило.
Нека заврши периодов, па ќе видиме што е играта. Онака јавно пред публика најавување за повлекување од Керсон е малце смешно :) Ми изгледа на фанфари. Па сега излегоа и Пригозин и Кадиров, да ја правдаат одлуката, што е сосема обратно од праксата што до сега ја гледавме.

Керсон за Русите беше клучен град за цела прва фаза на операцијата (дури и без да спориме за маневарот на северот). Прво нешто што направија, го осигураа Керсон. Ако се повлечат од Керсон цела стратешка придобивка на првата фаза од операцијата ја фрлија во вода. И сега буквално би добиле stalemate на југот, што многу лесно можеа да го направат ако само ги уништеа мостовите и ја префрлеа одбраната на другата страна на реката. Во тој случај ќе имаа повеќе војска да го бранат Харков. Според информациите што ми се достапни, мое мислење е дека повлекувањето од Керсон е голема грешка на Русите. Дали е грешка што на време не мислеле да обезбедат логистика, или е политичка одлуката, јас во моментов мислам дека е грешка.

@Klinton, Како мислиш не паѓам на грб? Не гледам дека е пораз за Русите? Не го правдам овој потег, за разлика од Харков, футхолдот во Керсон имаше огромно стратешко значење за понатамошни офанзивни дејства на Русите. Ако денеска решија да се повлечат од Керсон, тогаш најмалку 5 месеци каснат со повлекувањето, ќе си го заштитеа северот. А дури можеби наместо да одеа да го освојуваат Керсон, ќе го осигураа цело Запорожје.

Но еве пак ќе кажам, ај да почекаме неколку дена па да излезат уште неколку парчиња од мозаикот. Генерално ако нешто типувам за вечерва тоа е Геран 2 вечер.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216
Првото предвидување го погодив иако дури и премногу временски простор сум дал.
Да видиме дали до пролет ќе издржи линијата кај Мариупол или и таа ќе падне уште зимава.

А гледам и уште едно високо официјално лице од овие од Рускине администрации во Украина го убиле, така пополека сите ќе завршат во гробови како што умреа и Гиви и Моторола и Мозговој и Захарченко. Али затоа Зеленски ќе си снима реклами за списанија зошто е дел од племето. Сите заробени од Азов во Мариупол ги пуштија.
Какви се прогнози не дадовте од почетокот на војнава. За секое заринкување имаше некоја позадина. Сега станува ептен очигледно на сите каков fuck up направија и сеа ќе им се криви либералите, војската, не знам што друго.

Во кој сон мислевте дека Русија може да излезе како победник тука. Да излезе реинкарнација на Наполеон нема да ги извади од ова срање.
 
Член од
14 август 2019
Мислења
23
Поени од реакции
30
Да бидеме искрени, се знаеше дека ќе се случи ова. Истото беше со Харков, наскоро ќе биде и со Запорожје. Голем ризик беше да се остане во дефанзива во Херсон а камо ли да тргнат запад кон Николајев и Одеса. После ова повеќе од јасно е дека е фокусот ќе се стави на Донбас каде про-руско настроеното население е бајги поголемо. И самите Руси знаеа дека референдумите во Херсон и Запорожје беа тешка превара и ќе се соочат со украински 'партизански' движења во следниот период. Искрено, жал ми е за оние луѓе кои мислеа дека ќе се воспостави таа таканаречена Новорусија...и самиот Путин изјави што е целта на оваа 'спец. операција' уште во февруари
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Ќе го префрлам постот од другата тема тука:

Нека заврши периодов, па ќе видиме што е играта. Онака јавно пред публика најавување за повлекување од Керсон е малце смешно :) Ми изгледа на фанфари. Па сега излегоа и Пригозин и Кадиров, да ја правдаат одлуката, што е сосема обратно од праксата што до сега ја гледавме.

Керсон за Русите беше клучен град за цела прва фаза на операцијата (дури и без да спориме за маневарот на северот). Прво нешто што направија, го осигураа Керсон. Ако се повлечат од Керсон цела стратешка придобивка на првата фаза од операцијата ја фрлија во вода. И сега буквално би добиле stalemate на југот, што многу лесно можеа да го направат ако само ги уништеа мостовите и ја префрлеа одбраната на другата страна на реката. Во тој случај ќе имаа повеќе војска да го бранат Харков. Според информациите што ми се достапни, мое мислење е дека повлекувањето од Керсон е голема грешка на Русите. Дали е грешка што на време не мислеле да обезбедат логистика, или е политичка одлуката, јас во моментов мислам дека е грешка.

@Klinton, Како мислиш не паѓам на грб? Не гледам дека е пораз за Русите? Не го правдам овој потег, за разлика од Харков, футхолдот во Керсон имаше огромно стратешко значење за понатамошни офанзивни дејства на Русите. Ако денеска решија да се повлечат од Керсон, тогаш најмалку 5 месеци каснат со повлекувањето, ќе си го заштитеа северот. А дури можеби наместо да одеа да го освојуваат Керсон, ќе го осигураа цело Запорожје.

Но еве пак ќе кажам, ај да почекаме неколку дена па да излезат уште неколку парчиња од мозаикот. Генерално ако нешто типувам за вечерва тоа е Геран 2 вечер.
Мене значењето на Херсон ми е исклучиво низ призма на податокот дека бил клучен за водоснабдувањето на Крим.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom