Сакам да споделам многу лошо искуство со
Tiverio од Струмица.
Имав нарачано неколку артикли, за кои ми беше кажано дека ќе пристигнат за 3 работни денови. Почекав 7 дена, но артиклите не биле ни пратени бидејќи ги немало на залиха, иако платив за нив. Пари не враќаат, затоа направив промена на нарачата, за која повторно ми беше кажано дека ќе пристигне за 3 работни денови, но еве ја пристигна дури после еден месец.
Најпрво, еден од артиклите што ги нарачав беше тотално промашен, т.е. ми пратиле нешто сосем трето од тоа што нарачав, иако тоа што го нарачав е поскапо од тоа што го добив според нивниот сајт.
Во пратката што ја добив, артиклите беа отворени, со што е можно да биле претхнодно употребувани или вратени од друго лице.
Описот на производите е лажен, а квалитетот никаков, најлошиот можен што може да се нарача од AliExpress, а да не ја отфрлам и шансата дека може да биде токсичен.
Ако случајно некој сака да нарача артикл од производите од IKEA што ги нудат, немојте да се залажувате, бидејќи немаат ниту еден на лагер, а ќе ви ги земат само парите. Според нив, они ја имаат прекинато соработката со IKEA, иако мислам дека всушност е обратно.
Поради овие причини, ве предопредувам да не нарачувате од кај нив, за да не ве зезнат и да си имате нервози.