Ти благодарам на долгиот одговор
......Во моментот кога го обезбедија Керсон и Мариопол, а со тоа и оската Керсон - Крим - Доњецк, се повлекоа од северот .....
........
Значи повторно, нема тактичко повлекување од северот. .......
сум те фатил на „сец“ буквално во исти пост
Зарем мора да има пример во историјата за да тоа се деси во иднина, ете да замислиме дека некогаш имало некој таков пример и тој тогаш бил можеби првпат за нештото. И мене не ми текнува ваков пример во минатото да имало некогаш, но тоа не може да го анулира фактот дека северната офанзива е само маневар.
За ти да го препознаеш што е, мора да има пример во минатото.
Ти тврдиш дека е ова само маневар. „Маневар“ е класификација на нештото, спаѓа во определена категорија, „само маневар“ мене ми кажува дека е најобична и честа работа што редовно се случува. А сепак никогаш порано се нема случено.
Ако нема пример во минатото, тогаш тоа е комплетно нов настан кој нема ни име, може да се вика било како, не само маневар.
Комодус има објавено војна на Посејдон (римската верзија на Посејдон, богот на морето) и им наредил на војниците да го бодат морето со мечовите. Тоа е настанан кој нема претходен пример, нема таков пример и не се класифицира ни како маневар, ни како офанзива ни како дефанзива..... можеби како глупост....
Ајде да ја анализираме твојата дефиниција: „Диверзија се прави за да се сврти внимание на непријателот, времено да се ограничи неговото дејствување, и да се врзе непријателската војска на определен рок.“ Ако во исто време имаме успешна офанзива на југот, и притоа со маневарот се врзале сили на север на определен рок. Ги имаме сите потребни атрибути да ја сместиме северната офанзива во само маневар за да се одвлечат силите од југот.
не ги немаме сите атрибути. Сам прво ја нарекуваш офанзива а после маневар за одвлекување на непријателот.
Фактот што не можеш да најдеш пример за слична диверзија во историјата не е случаен. Ова не е диверзија и не е одвлекување. Тоа беше длабок пробив за да се онеспособи командион центар на една држава. Во таа цел, не успеа.... и сега маневар ќе го викаме
Види ја цела припрема на офанзивата. Русија (иако негираше) со месеци се гледаше трупање на сили на северот, се вадеа снимки од композиции на возови кои идеа на северната граница. САД инсистираше на тоа дека ќе нападнат на Север. Значи одлично припремен маневар да се тргне фокусот од вистинската намера.
не, ни малку не е одличен. Имаше едно чудо видеа во ЛНР и ДНР со возови товарени со тенкови, истите слики ги имаше од Крим, Белгород, близу Воронеж итн....
Успешно дефокусирање е фантомската армија на Патон која требало да нападне во Па Де Кале. Тоа е успешно дефокусирање, вистинските сили останале фокусирани и концентрирани таму каде што најдобро ќе послужат, а дефокусирачките сили се де факто - непостоечки
Во моментот кога го обезбедија Керсон и Мариопол, а со тоа и оската Керсон - Крим - Доњецк, се повлекоа од северот без никаква борба и без буквално никаков притисок. Но мислам дека правиш превид со важноста на Керсон во моментов. Футхолдот од другата страна на Дњепар е од суштинска важност за Русите за понатмошниот тек на војната. Ако го изгубат сега тој футхолд, за нив речиси и ќе биде невозможно да продолжат на запад и на север од таму. Во тој случај таму фронот ќе биде затворен и ниедна страна нема да може да мрдне.
Колку само ти е неточен болдот. Тешки загуби трпеа на север, цели единици дезертираа или се предаваа (тврдеа дека оделе на вежби) стотици униформи и калаши наоѓаа напуштени од војници кои се облекле во цивилка и пребегале. Џавелините и Карл Густав парче правеа од тенковските колони. Безброј видеа од украински заседи на конвои и оклопни единици излегоа на телеграм. Ако не си ги видел, слободно контактирај ме, ќе ти пратам едно чудо видео записи.
Никој не го потценува Херсон, ама Херсон секако беше освоен, не прави никаква логика да се повлечеш од цел фрон оти на некој друг фронт си го освоил Херсон
Значи Македонија, ваква каква што е осакатена, знаејќи ги овие податоци нема да тргне да го осваја Киев со таа сила, а не пак една Русија. Многу е подценувачки да мислиш дека е тоа така.
можеби ги потценувам русите, ама не се ни покажаа нешто за да ги ценам
Немало воопшто напад за да има повлекување, има само маневар кој служи да му го одвлече вниманието на непријателот. Буквално растрчување на силите насекаде, за да се стекне впечаток дека нешто големо се планира. Најслично нешто што ми текнува, само во одбранбена позиција имаат Израелците напревно на линија на одбрана на Суец. Многу маневри за да се стекне впечаток дека многу луѓе ја бранат линијата.
не не не не не
длабоко во Украина пенетрираа за да тврдиш дека немало напад.
Израел не влезе во Египет кај Суец, Израел играше дефанзива, а Русија овде играше офанзива. Комплетно различно
Значи повторно, нема тактичко повлекување од северот. Војската што влегува не е сила која прави окупација, тоа е сила која маневрира за да држи на северот трупи, додека на југот успешно се оперира. Се избегнуваат директни судири за да се избегнат непотрени загуби, затоа се стекнува впечаток дека Руската војска на север е со низок морал и спремна да бега и да дезертира. После успешно завршената задача, групата се повлекува во Русија.
брат, Бог да не чува мене и тебе од такви успеси