Пораз е нешто што те натерал противникот да го направиш непланирано, како на пример Харковската офанзива. Северната авантура е планирана и изведена точно како што е планирана и по план се повлечени трупите.
Сите големи градови и пунктови се заобиколени, нема никаква голема битка за освојување освен Хомстел кој е завземен првиот ден и едноставно напуштен после извесно време. Во сите гратчиња кои ги имаа Русите Украинците имаат влезено најмалку 2 дена после повлекувањето на Русите, Украинците во многу случаи не ни биле свесни дека Русите се повлекуваат или дека се повлечени. Според Укрански извори во северната авантура учествувале 30К војници, според Руски извори 9К, и во двата случаи е смешка да се тврди дека со оваа војска е можно нешто да се направи во Киев, тоа ни е јасно и нас, а не пак на воените стратези на Русија.
Од друга страна, доле стратешки се поврза Крим со Руското копно и се обезбеди футхолд во Керсон, за понатамошни офанзиви. Во моментот кога се постигна тоа, северот се повлече.
И тоа пази ја смешката, горе на север на 30км од Руска граница се прикажани проблеми со логистика и дека им снемало бензин на логистиката (возила со 500км ранг), додека на југ логистиката клизи.
ај те молам наведи ми уште една, било кога, изведена од било кого, диверзија направена слична на руската околу Киев.
Диверзија се прави за да се сврти внимание на непријателот, времено да се ограничи неговото дејствување, и да се врзе непријателската војска на определен рок. После диверзија, двете крила на офанзивата се консолидираат и реорганизираат. Ништо од ова не се случи.
Тоа што Русија нападнала со смешно мал број на војска е грешка а не оправдана тактичка одлука. Истата грешка ја платија скапо два пати, вториот пат во Херсон.
Ако мене и тебе, и на сите руски стратези ова им е јасно, некој донел многу глупи одлуки за напад.
Единствена ваква диверзија изведе Мајнштајн со Армиска група Југ во Украина, и успешно ја уништи борбената готовност неговата држава.
Само Мајнштајн победува со повлекување
Kaко бе вака црно-бело гледаш?
Правиш разлика меѓу тактичко повлекување од помал регион до следна природна бариера или дефанзивна линија - со бегање и целосно повлекување од војната/државата? Што ви прават во војска за вака или-или црно-бело да размислувате?
Русија се повлекла од Украина? Или војната не е завршена и уште трае?
Америте изгубија пошто целосно се повлекоа од Авганистан, г'з преку глава бегаа не само куп најнова техника туку и луѓе оставија на цедило. Тоа е пораз. Избегале без да ги остварат целите заради кои ја почнале војната (освен што целите биле други и тоа не е војна која е почната за да се победат Талибаните, но ајде да не дигресирам).
Па мора колоритно да гледаме кога треба русите да ги правдаме, се извинувам за моите грешки.
Тактичко повлекување се изведува на тесен фронт со оправдана тактичка цел, најчесто да се спаси војската во безнадежна тактичка ситуација.
Која тактичка цел ја освои Русија што тактички целосно се повлече од цел еден фронт?
“повлекување“ е тактички маневар! (како што напад и одбрана се основни тактички борбени маневри на вооружена борба)
-бегање-бежанија е пораз!
...туку зошто му ги објаснуваш овие елементарни работи, мислиш дека не ги знае па го едуцираш или немаш што поппаметно да работиш па си велиш ајде
де објасни ми зошто е комплетното повлекување од северот на Украина оправдан тактички маневар, а украинското губење територија во Донбас, Запорожје и Херсон не е тактичко повлекување?
Каква тактичка корист доби Русија од целосно повлекување?