Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.995
- Поени од реакции
- 5.610
1. Ако нема репресии зошто ОМО Илинден Пирин и покрај милион пресуди од Стразбур уште не е регистриран? Се лупате по гради со вашиот „европејски“ дух, а се однесувате Живковистички, а на крај глумите жртви. Тотална погрешна политика.1. Овде нема репресии против Македонци. Тие ги имаат сите права што јас ги имам.
2. Како што за бугарските националисти сте Бугари, така и за српските националисти сте јужни Срби. Твојот црв потекнува од православната црква и нема право да има никакви претензии кон Охридската архиепископија - тоа ти го направија Србите и Грците.
3. Зошто треба да биде проблем? Да не беше проблем фашизмот? Тие клубови беа "фашистички". Дали ќе се претворат во други штом ќе бидат преименувани? Не се сеќавам дека Караѓорѓевиќ учел во македонско унијатско училиште, македонска гимназија, македонска гимназија, македонско воено училиште, дека бил наставник и инспектор во македонско училиште, а во сите официјални документи бил евидентиран како Македонец. . Од друга страна, за Гоце Делчев сето погоре е точно во контекст на бугарското.
5. Зошто твојот роднина беше испратен на Голи Оток и кој го испрати таму? Ако Ванчо бил толку крволок на македонскиот народ, зошто твојот роднина отишол кај него? Со спомените дел 2 има список на спонзори на книгата. 114 луѓе и организации - добро погледнете кои се овие луѓе, какви се, од каде се и дали се поврзани на некој начин со бугарската држава.
2. Што сме за српските националисти мене не ме интересира, јас ја гледам официјалната политика која ја води Србија кон Македонија. Официјална Србија денеска политиката што ја води кон мојата земја Македонија е пријателска и воопшто не е негаторска и асимилаторска, за разлика од официјална Бугарија која во секој можен аспект го отежнува патот на Македонија кон ЕУ, става вета кај стигне, нејзини официјални претставници во ЕУ како Џамбаски со секоја можна изјава не ги крие воопшто своите санстефански аспирации, а за тоа не добива осуда од никој во Бугарија. Има уште милион факти за `пријателска` Бугарија и нејзините чекори кон нас како држава.
3. Проблем е тоа што Гоце Делчев е МАКЕДОНЕЦ, а вие си го присвојувате, а згора на тоа да отворите клуб со тоа име во Македонија? Епа, ниедна нормална држава на светот нема да го дозволи тоа. Колку треба само да немаш самореспект и да си онака празен за да го сториш тоа? Отворете клуб во Охрид, крстете си го хан Аспарух, тој ви е афтохтона историја. Нема потреба да се срамите од сопственото минато, доста е да присвојувате туѓи. Во нормалниот свет во кој живееме, смешно е Русија да отвори клуб во Лос Анџелес и да го крсти Џорџ Вашингтон. Само вие се гордеете со туѓи перја, и би ви било гордост да отворите клуб во Македонија, со име Гоце Делчев.
4. Мојот роднина бегаше од Македонија поради неговиот сон Македонија да биде СЛОБОДНА и да биде независна од која и да било држава. Пребега зошто дозна дека е донесена одлука за негово испраќање на Голи Оток поради тоа, од страна на Југославија. Мојот роднина не замина кај Ванчо Михајлов, туку негов познаник му рекол дека еден човек сакал да го види и да поразговара со него, незнаејќи дека е Ванчо Михајлов, но рече дека и да знаел дека е тој пак ќе седнел зошто нема од кој што да се плаши. Од страна на Ванчо му беше понудена висока сума на пари, и разни бенефиции, но мојот роднина му кажал јасно и гласно дека тој заминал од Југославија зошто ја сакал Македонија независна, а дека не сака да ја смени Југославија со Бугарија. После неколку дена од таа средба, мојот роднина беше претепан, и пребега во Швајцарија. Кој го претепа, еве те оставам тебе да одгатниш...
Еве ти малку од неговото лично сведоштво (а во живо до детал ми има раскажувано):
- Првпат со Ванчо Михајлов се сретнав 1961 година во Рим. Контактот беше воспоставен преку Санде Перов од Берово. Тој дојде кај мене и ми вели, многу големи луѓе сакаат да се сретнат со тебе. А јас му велам, а кои се тие големи луѓе? Ќе видиш, ми вели тој. Ми ја кажа кафеаната каде што беше закажана средбата. Влегов и седнав на маса. За кратко време влезе човек кој рече дека се вика Асен Аврамов. Се поздрави со мене и ми рече да почекам малку. По десетина минути во кафеаната влезе тој - Ванчо Михајлов - раскажува Попов.
По меѓусебно запознавање и по краток разговор дошло до жестока расправа меѓу Михајлов и Попов.
- Без срам, онака дрско одеднаш ме праша, а што си ти Македонец или Бугарин? Му велам, јас сум чистокрвен Македонец. А тој на мене со повишен тон и со гневен глас ми вели, е па не си Македонец туку Бугарин. Македонците не постојат, тие се измислица на комунизмот! Збеснав. Тропнав на маса и станав. И му велам, слушај. Јас не сум ниту комунист ниту Бугарин, а сепак ти кажувам дека сум Македонец!...И така. Со него се сретнав уште неколкупати. Се обиде од мене да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО. Тој е најголемиот ликвидатор на македонските револуционери. Од негова рака настрадаа дејци како Јане Сандански, Петар Чауле, Тодор Паница
Последно уредено: