Бугарските фашистички клубови можат да поднесат иницијатива до Уставниот суд за законитоста на новите законски решенија. Можат пред или откако ќе бидат избришани. Чисто информативно, ова не е САД, па требаат 4 судии да го прифатат предлогот, па речиси одма да настапи полемизирање пред, таму, Врховниот суд, туку тука требаат неколку години. Судскиот процес е премногу бавен. Ако не биде досудено во полза на бугарските фашистички културни клубови, ќе требаат уште неколку години да дојде на меѓународно ниво.
И дебатираш со погрешен член за членството на Македонија во ЕУ. Не сакам Македонија да влезе во оваа нереформирана ЕУ, не сакам политичко-бирократска економска унија, туку чисто економска унија. Не сакам европски законодавства кои ќе имаат примат над нашето право, право за кое ниту еден наш граѓани некогаш гласал и некогаш ќе гласа, туку економски мултилатерални договори кои ќе бидат темел за економската соработка, на кои може и не мора да пристапиме. ЕУ го загуби својот политички компас, а со тоа ја загуби и својата примарна цел на своето формирање. Така, лично, не ми е грижа дали ќе влеземе или нема да влеземе во ЕУ, а од друга страна, проговарачката рамка е зацртана, барањата од страна на Бугарија се оформени и конечни, бугарските фашистички клубови нема да бидат никаква пречка за евентуалното членство на Македонија во ЕУ. Никакво. Дури и бугарското МНР имаше блага, умерена, реакција.
И не е само ДПМНЕ, законските измени беа изгласани со широк партиски консензус. Имаат 3 месеци, од денот на излегувањето на измените во Службен весник, да си ги променат називите, да стават (пример) дејци, кои не се поврзани со фашизмот и националсоцијализмот. Ако не ги променат називите, ќе бидат избришани од Централниот регистар. Со тоа се затвора поглавјето за бугарските фашистички клубови. Правдата е задоволена.