Е за ова ти зборам

Гледаш како од нервоза се пецате и само подлабоко тонете. Од опасните крокодили, сега отидовме на "паднатото" знаме на Комити. Веќе жими се ми е жал да ве коментирам....Пак ќе кажам, браво за старциве од кај вас што влечат се уште. Ама дај бидете озбилни. Не сте од вчера. Знаете како функционира група. Друже, 18 кореографии само минатата сезона направивме. Оваа година речиси сите се на платно цртани. Баклијади, димнијади на секој натпревар. Просек на луѓе дома е 250-300, а на гости 150 до 200. Сега со Воска буквално имаше 500 луѓе. Пази, играме факинг ВМФЛ, а групата до пред две години беше во претешка ситуација. Ама некои дечки, наместо да пишуваат дека се крокодили и дека имаат тетоважи, засукаа ракави, превземаа одговорност и буквално ја донесоа групата на врвот во најтешките услови. Преку 60 графити на ударни места за година дена направени. Фото и видео извештаи од сите натпревари. Маркетинг акции, герила најави за секој натпревар. Пример сега за во Виница. Сабота од 13:00ч во Виница јеботе, а пак отидовме 160 луѓе. И не го разбирам Интегрален како очекувал повеќе. Сабота е работен ден, башка Виница...ниту ривали, ниту дерби натпревар, ниту противничка екипа. Дај да бидеме објективни. Не сакам да наведувам повеќе наши акции и слично бидејќи се е тоа на крајот спорадично. Луѓето доаѓаат заради сплотеноста која владее на трибината. Па видете го навивањето и дружбата на видеата.Тврдам дека никогаш во историјата на Комити не било вака. Буквално, секој за секого скока и се бори. Секој секого почитува и конечно се створи здраво јадро кое функционира беспрекорно. Го пишувам ова, не за да буцкам и провоцирам, туку за да поттикнам активност кај сите групи.