Фан клуб - РК Вардар

Утакмицава со Вардар Неготино, една позициона акција не сме во ситуација са направиме, само контри или брзи центри на непоставена одбрана.
За 7 минути во второ полувреме, 7-1 им направивме, со 7 контри.
Автоматски споено мислење:

Победа од 41-19, со два примени голови на крај. Второ полувреме го добивме со 23-8.
Во цело полувреме дали имавме 5 позициони напади од кои реализиравме 2.
Крилава се изнадаваа голови во второ полувреме.
Почнав да гледам од 20та минута, од тогаш не играше ни Тале, ни Моралес, ни Столе, а Манасков поигра малку.
Мишевски и Лазаревски се повампирија исто, а и Добрковиќ беше солиден.
 
Последно уредено:
Утакмицава со Вардар Неготино, една позициона акција не сме во ситуација са направиме, само контри или брзи центри на непоставена одбрана.
За 7 минути во второ полувреме, 7-1 им направивме, со 7 контри.
Автоматски споено мислење:

Победа од 41-19, со два примени голови на крај. Второ полувреме го добивме со 23-8.
Во цело полувреме дали имавме 5 позициони напади од кои реализиравме 2.
Крилава се изнадаваа голови во второ полувреме.
Почнав да гледам од 20та минута, од тогаш не играше ни Тале, ни Моралес, ни Столе, а Манасков поигра малку.
Мишевски и Лазаревски се повампирија исто, а и Добрковиќ беше солиден.
Столе и Ѓукиќ седеа покрај терен карши клупата. Пикериве после секоја акција чекаа "амин" од Столе, ко тренер во сенка беше. :)
Инаку, чудо едно колку контри имавме у второ. Средниве бекови бидејќи не играа одбрана, не стигаа да влезат за да почнат акција - завршувавме во контра со максимум три додавања. Чувара ги искина од контри.
Тале, Куни и Манасков играа само петнаестина минути ми се чини. Тале лупна една од пола терен, Куни неколку пати скина мрежа. И седнаа да одмараат.
Не дека Вардар Неготино е некој репер, па играта нема да ја коментирам. Ама ми се чини дека се поправа атмосферата, дека меѓу играчите хемијата е сѐ подобра.

Инаку 0-2 губевме на почеток. :D
 

Како што дознаваме, овој бомбастичен трансфер треба да биде реализиран за многу кратко време, бидејќи Лемго има потреба од искусен голман, а должината на соработката би требало да не биде подолга од два месеца.

Првиот голман на Лемго, Словенецот Урх Кастелиц, заработил повреда коленото, поради која мораше да го оперира менискусот. Тоа значи пауза од шест до осум недели, па без него ќе требаше клубот да биде оставен на тројката голмани, меѓу кои најискусниот има 22 години, Фин Цехер.

Затоа Лемго побарал голман со искуство, а Борко е токму таков, па повеќе од веројатно е дека ќе го прифати предизвикот, овој ноември и декември да брани во најсилната лига на светот.


Станува збор за преселба за наредните два месеци, како позајмица од Вардар, што значи дека Ристовски ќе се врати назад во „црвено-црниот“ табор за клучниот дел од сезоната.

„Заминувам на два месеци, понудата беше интересна и по консултациите со семејството решив да ја прифатам. Ќе се вратам на почетокот од 2023 година, целта ми е да освојам нова титула со Вардар“, изјави Борко Ристовски за ЕКИПА.
 
Последно уредено:
Кој што сака нека збори Борко има солиден сенс за бранење пенали у клучни моменти, душманите ќе речат дека тоа е ради ширината ама свашта се збори :icon_lol:

soliden golman e samo sto veke mu projde vremeto. nema uste mnogu vo nego, ali ete za da izigra asalno na derbi i da odmori prv golman e sosema OK, zatoa vsusnost go baraat i svabite, sigurno nema da im e prv golman tamu.
 
И ја не го сакам Борко, ама ваков-таков, ни го има спасено гзот неколку пати. Така што, корисен е.
Борко е ноќна мора за "зелената ера"... Што е право, право си е, 2 години ги трауматизира...
 
svinjata debela vi ja donese titulata godinava, naredna godina kako sho izbega gnasata taka i titulata ke vi si odi :)
За жалење си опинок,тој што има освоено цел колектив на работник/пелистер нема од постоењето освоено,и гледај си го работник не замарај тука.
 
Многу се потценува придонесот на Борко,искуството што го има не се мери со ништо,видовме лани во Битола колку значи што го имаме во екипата,да беше било кој друг голман ќе се посереше во тие моменти на таа атмосфера,може не е дисциплиниран и знае да се опушти на моменти,ама има доста инат и муда што лани ни донесоа титула.
Плус да не заборавиме дека пробува да ги искористи максимално контактите што ги има и да донесе некоја пара во клубот.
 
На крај три разлика со Бутел. Имавме и +6, ама имаше моменти и кога ни се приближија на +1. Крајот на натпреварот сепак успеавме да го донесеме во наша корист благодарејќи на искуството.
Не дека игравме лошо, ама нашиве голмани апла немаа ден. Цела утакмица 5 одбрани дали имаа, за разлика од голманиве на Бутел кои буквално полудеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom