Искрено јас од Џукиќ многу повеќе очекував во Вардар,за играч што своевремено беше еден од најдобрите млади играчи на неговата позиција и има настапувано во Киелце и Мешков ова е многу малку што покажа до сега,плус кога ќе се земе во предвид дека работел со тренери како Талант,Лино,Дејвис и Каденас ова ќе му испадне катастрофален пад на кариерата.
Кога ќе ја видиме целосната слика не е ништо подобар од Гоце на пример,може дефанзивно краде некоја топка ама во напад стално знае да промаши зицер баш кога се крши резултатот,некако ја губи ептен главата кога има појака атмосфера,премногу се пали,скока,вика накај публика,провоцира и од преголема желба на крај ќе направи некоја глупост.
Повредава капак на кариерата ќе му биде,после ова не верувам да мрдне во појака лига од нашава,штета и за него и за Вардар,ќе мора да се пазари барем еден левак зимово,најдобро ќе биде ако можеме да собереме некој бек-крило играч и да крпиме со него,малку да го одмара Куни малку Гоце.
Инаку за муабетиве Куни во Пелистер мислам дека нема ништо,не верувам дека за ни едни пари би отишол Моралес кај нив,после тоа што ги одби ПСЖ и уште некои далеку постабилни клубови од Вардар мислам дека нема да може да ни се измоча во фаца и да оди таму,а и Пелистер што фајде ќе види од него,ги имаат веќе Хосни,Радовиќ и Велковски што ќе им е 36 годишен играч на залез на кариера што им го вадел курот пред година дена.
Би се закопал сам Куни со таков потег,би ја изгубил цела почит од нас што ја има,а во Битола сигурно нема да го пречекаат со раширени раце.