Против Челзи изгоре во желбата. Не знам зошто, но сакаше ептен да се докаже. Инаку, заслужува да игра за Англија без проблем.
А Мегваер е подобар играч и од Тарковски и од Ми, сериозно сега. Дополнително и многу важно, генерално кога се дискутира на темава, Мегваер е многу подобар од двајцава за репрезентација.
Покрај тоа што за репрезентација некои играчи играат на еден начин, а за клубовите на друг, несекогаш подобрите индивидуалци влегуваат или треба да влегуваат во потесен избор на селекција.
На пример, Медисон сигурно е подобар играч од Лингард, ама Саутгејт такви како Медисон има четворица. Играч со карактеристики како Лингард можеби и нема. Посветете внимание на тој сегмент.
Освен Томори, Саутгејт треба да фрли око и на Данк, но и на Вајт, сега кога Џејмс и Вокер се повредени.