Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.256
- Поени од реакции
- 36.594
Друже во таа индустрија платите се тие секаде, еве тука е под 40 000 бруто годишно, или тоа е околу 1700-1800 нето месечно (рачунај еднособен стан под кирија месечно е околу 2000 долари).Погоре 100 луѓе напишаа еве и ја ќе повторам. Со куртони газди што сакаат за 8 000 да им работиш 24/7 како коњ на -20 и + 50 нема разбирање. Затоа 250 000 ја имаат напуштено државава.
На пример Веро и Кам у ГТЦ не знам дали земаат бонуси за неделите. Исто и сите од моловите , Тинекс - Ист Гејт, Рамстор, Веро - Џамбо, Рамстор - Сити Мол. Стави се на нивно место, некој полуписмен гзолижач од админиатрација или афтохтонен што не иде на работа државно да го гледаш како луфтира муда у сабота и недела на вакво убаво време како викендов а ти од 7 сабајле растовараш палети или место да искочиш на пиво, журка у сабота, недела вечер ти до 22 редиш полици. Не иде.
На Малта ни еден маркет не работеше у недела освен по 1 дежурен од 10 до 16 часот на секој 10км радиус. И секако 99% од вработените беа мигранти зошто малтез не ти се нафаќа на тоа.
Дупла дневница, бонуси, прекувремено се уште е мисловна именка за македонски газди.
Идејата на таа индустрија е дека таму работат: луѓе измеѓу работни позиции, студенти, мигранти, и со тие плати ниту таму, ниту тука може да гледаат фамилија. Истото е и во хотелиерство.
Згора на се 90% од тие позиции не постојат повеќе (самопослужни апарати се, а во маркет 4 пати поголем од Веро во Џамбо имаш едвај 2ца што редат роба, 1-2 каси со вработен човек, и уште 1 дете кое помага за отворање на кеси или ако некој не знае да ја користи самопослужната каса). На неколку делови веќе има продавници што се 100% автоматизирани, немаат ниту еден вработен, 1-2 пати само доаѓаат да дополнат роба и се останато е сензори/камери.