Значи, отиде уште една сезона. Интер шампион, за мене очекувано и повеќе од заслужено, второ место за Рома и они го заслужија тоа, трето Јувентус-очекувано, е четврто Фиорентина, можеби многумина изненади.
Браво за Фиорентина, одлична сезона за нив, наредна година ќе си играат ЛШ.
Лузери на годината - Милан.
Ги гледам сега како плачат во фан клуб: Милан и ме фаќа жал помалце, сега и Торино им е крив.
Ако де, ќе си играат УЕФА Куп, ќе станеле шампиони наводно.
И ја користам оваа прилика уште еднаш да честитам на Интер и неговите навивачи и на навивачите на Фиорентина кои се во помал број.