Не те демантираше тој, туку ти самиот си се демантираше.
Иницијално ние сите повеќето (како лаици) разбравме дека се жалиш на квалитетот/дотрајаноста на тенкот, и дека цевката процветала при користење. Потоа објасни дека тенкот е намерно саботиран од страната која не можела да го евакуира тенкот. Тенкот тука е најмалку крив, има хх можни сценарија каде од други причини морале да го остават и во сите тие сценарија можел да биде и најнов најсовремен тенк.
Фактот дека ги користат тие тенкови, и двете страни, мене ми кажува дека има потреба од таква техника во војната. Тоа што некои од вас (еднострано) тоа го толкувате како слабост на руската страна, тоа е наратива која ја повторувате од западните медиуми... Јас како лаик можам да направам паралела со моите алатки, имам секакви и евтини и скапи, и квалитетни и помалку квалитетни. На сите им наоѓам место и намена. Вез непотребно да опишувам примери, ама има место и време каде ќе ја земам најновата Макита брусилка ама има место и време кога ја земам најстарата и најкрш Блек&Декер од татко ми. Или кога ќе земам некоја од другите две брусилки. Или некој мајстор кога ќе ми побара брусилка (а не земал своја иако требало), секако нема да му ја дадам најновата светкава играчка што ја имам во купот играчки.
Такво елитистичко гледање „стара техника нема место на фронтот“ е став на некој што не морал да менаџира логистика на цела држава/армија, да води војна и да направи најдобро што може со тоа што го има - притоа пазејќи дека утре може да му испадне и многу поголема работа за сработување - од денешната работа што се сработува.