Наполи е со просек од 2,66 бодови по натпревар, односно со вакво темпо, на крај на сезона би требало да имаат 101.
На што ви се темелат претпоставките дека толку многу ќе паднат и не се фаворити за титула?
Точно е дека уште немаат играно со доста екипи од врвот, но само тоа, со муабетот "Спалети е тоа", некако не ми доволен аргумент. Башка се изначитав лани "Пиоли е тоа".
Начинот на кој играат и освојуваат бодови против послабите клубови е голем аргумент во нивна полза. Само едно лошо полувреме против Лече и тој еден кикс.
Неверојатна потентност во напад. Лесно создавање шанси, одлична реализација.
Многу ме интересира на колку бодови ќе бидат пред СП, а особено после 18 коло. Но и од просек кој им носи преку 100 бодови, да дојдат на 90 (тоа се 3-5 кикса), за кој друг клуб би се опкладиле дека може да освои 90 (а камоли повеќе) бодови?

За Милан си стои оправданието дека и да не освојат нема мука пошто тимот секако не е за да освојува сега туку некогаш во иднината коа ќе пораснат дечињата?
3 бода е разликата од неговиот тим, земал секое коло ги прогласува за шампиони Наполи кои секоја втора сезона имаат ваков старт.
И после се чуди зашто му викам дека ставовите му се со гзот напред.
Нели се јаки Милан? Нели после победата против Верона сите сме останале преплашени тука?
Што е проблемот сега? Зошто бараш тим кој би им парирал на Наполи?
Да измислиме тим и да се праиме слепи дека шампионот од лани е на само 3 бода разлика.
За Милан си стои оправданието дека и да не освојат нема мука пошто тимот секако не е за да освојува сега туку некогаш во иднината коа ќе пораснат дечињата?
Веќе неколку месеци повторуваш работи кои не сум ги напишал. Ќе те демантирам, но ти пак ќе си продолжиш со истите муабети.
Каде сум напишал дека Милан се деца и поради тоа не треба да освојат титула, туку тоа ќе се очекува во иднина?
Работата е што Милан минатата сезона освои титила, па не е сега под таков притисок. Овие во Наполи немаат од Марадона, со Сари и преку 90 бодови не им беа доволни, уште со ваков старт, не знам како би поднеле пак да останат без титула. Темпераментни се, нестабилни со емоции. Нормално дека нема буквално да извршат колективно самоубиство, но има такви "малерозни" клубови и навивачи, кои тешко се опоравуваат од такви работи.
Милан сигурно полесно ќе поднесе. Дури и полесно тие да освојат отколку Интер.
За Интер, поточно за Инзаги, таков впечаток имам од неговите изјави (па ни Мората и фудбалерите не заостануваат многу). Колку пати само и летово, па и пред дербито сега, повторуваше "до 75 минута"?!
3 бода е разликата од неговиот тим, земал секое коло ги прогласува за шампиони Наполи кои секоја втора сезона имаат ваков старт.
И после се чуди зашто му викам дека ставовите му се со гзот напред.
Јас секое коло, исто како и вие, очекувам Наполи да киксне и се надевам дека сте во право за тој пад што го очекувате.
Но, фер е да се признае кога некој е подобар. Моментално Наполи ми изгледа подобро, затоа така и коментирам. Милан игра променливо, се мачи на моменти, некогаш и на цел натпревар, ја нема таа леснотија како Наполи. Камо среќа да сте во право и да се промени нешто, не толку Наполи да падне, туку Милан да заигра подобро. Што е можно после СП, доколку се стабилизираат со повреди. Но и тогаш, ако остане ваков Наполи, повторно заслужува честитки и да се смета за фаворит за титула.
На почетокот не мислев така, но ова што го гледам ми изгледа многу добро и подобро од Милан.
Кој покажа повеќе до сега, кој беше подобар, поубедлив?
Кога играат со некој како Сасуоло, Верона, Торино и слични, а треба пари да вложиш, на кога би ги ставил полесно, на Милан или на Наполи?
И еве, повторно прашувам, освен на некаква традиција, на што друго ги темелиш очекувањата дека Наполи ќе има голем пад?
Нели после победата против Верона сите сме останале преплашени тука?
Што е проблемот сега? Зошто бараш тим кој би им парирал на Наполи?
Да измислиме тим и да се праиме слепи дека шампионот од лани е на само 3 бода разлика.
Не сум напишал дека Милан е многу јак после натпреварот со Верона. Напротив, тоа беше многу лош натпревар за Милан.
Провокацијата беше кон вас, токму поради лошиот натпревар, затоа што минатата сезона, после такви натпревари, пишувавте дека би било срамота од таков Милан да се изгуби титула, Круниќ и Салемакерс ли ќе освојат титула, се лицитираше со разлика во бодови и месецот од кога Милан ќе почне да паѓа.
И сега после Верона, прво Марли почна со провокација, а само се надоврзав дека откако се излетавте минатата сезона, сега веќе нема шанси, имате страв и пред очи ви е Раде со пурата. Тоа ми беше муабетот.
Наполи е со просек од 2,66 бодови по натпревар, односно со вакво темпо, на крај на сезона би требало да имаат 101.
На што ви се темелат претпоставките дека толку многу ќе паднат и не се фаворити за титула?
Точно е дека уште немаат играно со доста екипи од врвот, но само тоа, со муабетот "Спалети е тоа", некако не ми доволен аргумент. Башка се изначитав лани "Пиоли е тоа".
Начинот на кој играат и освојуваат бодови против послабите клубови е голем аргумент во нивна полза. Само едно лошо полувреме против Лече и тој еден кикс.
Неверојатна потентност во напад. Лесно создавање шанси, одлична реализација.
Многу ме интересира на колку бодови ќе бидат пред СП, а особено после 18 коло. Но и од просек кој им носи преку 100 бодови, да дојдат на 90 (тоа се 3-5 кикса), за кој друг клуб би се опкладиле дека може да освои 90 (а камоли повеќе) бодови?
Eве лично за мене прв фактор е Спалети. Ваков старт имаше и со Рома и со Интер и со Наполи па ниту еднаш не успеа да издржи до крај. Друга работа е фактот што успеаа да избегнат во глобала големи повреди. На повеќе играчи од еднаш. Рано е на почеток на сезона сме секако сеуште.
Друг фактор е распоредот кој им следи наредните неколку кола пред и после светското.
Две тешки гостувања со Аталанта и Интер и 2 релативно тешки натпревари со Удине и Јувентус дома. Е ако успеаат од ова горе доле да останат сеуште не поразени ондак не гледам освен некој голем крах ради повреди нешто друго да ги спречи. А исто и ако продолжат вака да играат секоја им чест и со стилот на игра па заслужуваат титула.
Eве лично за мене прв фактор е Спалети. Ваков старт имаше и со Рома и со Интер и со Наполи па ниту еднаш не успеа да издржи до крај. Друга работа е фактот што успеаа да избегнат во глобала големи повреди. На повеќе играчи од еднаш. Рано е на почеток на сезона сме секако сеуште.
Две тешки гостувања со Аталанта и Интер и 2 релативно тешки натпревари со Удине и Јувентус дома. Е ако успеаат од ова горе доле да останат сеуште не поразени ондак не гледам освен некој голем крах ради повреди нешто друго да ги спречи. А исто и ако продолжат вака да играат секоја им чест и со стилот на игра па заслужуваат титула.
Гледај до натпреварот со Удинезе...потоа имаат месец и пол пауза, па играат со Интер, Јуве итн. Се на се и да ги загубат овие три натпревари до СП, оставија страшен впечаток како во Италиа, така и во Европа

Затоа кажав и пред и светско имаа тежок распоред. Ако успеаат да го пројдат ко што треба без да изгубат премногу бодови не гледам до крај на сезона кај би паднале. Сеа не зборам за впечатокот него за борба за скудетото. Ако успеат се ова да пребродат секоја им чест. Имаат феноменална сезона до сега и во Италија и во европа. Не викам дека нема да издржат пошто и за Милан се збори тој муабет секоја година ќе паднат ќе паднат па пак никако тоа да се случи така да Наполи до сега покажа дека има тим за титула.
Ова ми е муабетот. Вака ако продолжат заслужуваат да освојат титула, што значи и дека заслужуваат сега да бидат сметани за фаворити.
Инаку, мене распоредот ми е најголема некоја надеж. Но, дека ќе паднат како минатата сезона, повторно да бидат испод 80 бодови, не очекувам. За мене тоа би било изненадување. Нека стои, па слободно зафркавајте ме за некој месец.
Кога се зборува за пад, се мисли на пад како минатата сезона, кој ќе ги исфрли од борба за титула.
Секако дека е малку веројатно да имаат повеќе од 100 бодови, но толку лесно да се очекува пад кој ќе ги исфрли од борба за титула?!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.