Јас те сконтав, баш затоа контрирам на веганските тврдења, односно укажувам дека со нивните верувања, не правиме планетава да е "погодно" место за живот, а тие одма се љутат, нервозни се, краток фитиљ итн итн.
За ресурсите исто си во право, но доколку ги следиме правилата според кои функционира природата, нема никакви ограничувања, односно на планетава има можност и 50 милијарди народ да живее.
Врска болестите, статистички податоци:
Од 70тите па до сега процентот на храна од животинско потекло што е во исхраната кај човеците е 30%, за разлика од претходно. Се поголем е бројот на вегани, вегетаријанци. Болестите според твоево треба да се намалени, народ треба да е поздрав, поинтелигентен, да нема толку како што кажуваш тачки на светов, но во реалноста е сосема обратно. Интересна корелација.
Значи покрај моралот, емпатијата и тврдењето дека веганскиот начин на живот е корисен, нема баш цврсти факти.
Многу работи се и ќе се дешаваат на планетава, па небитно е што се дешава со мене, исто ко што за мене нема значение дека Боди
одвреме на време (според неговите јавни пишувања) крка пица со 4 вида сирења или некое мевце (ќебапче или што и да беше).
ПМС има други симптоми
.
Ова со Рон, веќе е тешка навреда, ама не го земам за грев, бидејќи од грижа и сакање е напишано. И јас од исти побуди пробувам да споделам факти, иако кај одредена група предизвикува негативни чувства.
Бидејќи си поелоквентен, оти не споделиш твое мислење за начинот на кој поради веганите, страда животински и растителен свет, а на долг рок и ние човеците.