Веганизам/Вегетаријанизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Evreite, narod poznat po pokazuvanje milost :icon_lol:
Кошер кујната е многу строга по ова прашање,лично сум сведок.Ептен имаат развиено свест по ова прашање,дури и плодовите што ги јадат се по ептен строга контрола.Животното го убиваат без да осети никаква болка,у дел од секундата и се најхумани по ова прашање.А тоа што ги ништат Арапине безмилосно,гледај на тоа дека услуга ти прават
 
А што е штетно да пиеш сопствена урина?
Лошо се изразив, технички ништо лошо нема да ти бидне, ама не гледам потреба од истото, како што не гледам потреба од пиење на компировата вода и 99% од тие народните лекови.
 
Значи откако го побивме едното тврдење на веганите дека се посовесни и погрижливи, сега иде потешката задача, а тоа е дали е веган или целосно карнивор е посупериорно.
Од каде ова дека не сме дизајнирани за месо, кога илјадници години, луѓето јадат месо?

Бидејќи е доста покомплицирано што е подобро, можеш ли да објасниш
зашто светската елита, која ги спонзорира сите научници, која има пристап до разни информации се месождери, здрави се и физички и ментално на 80+. По твоево таквите ликови не би требало после 60та да се живи....

Светскиот економски форум сметаш ли дека мисли добро за рајата, или само за своето дупе?
Има некои работи кои мора да бидат а има и некои кои не мора, тоа е таа хуманост и етика која ти ја кажував. Нема потреба животни да умираат за да ти биде убаво на гзот. Еден ден најверојатно ќе ти текне што е поентата, стварта е у состојба у која што треба да се најдеш за да разбереш. Не е стварта у голо процесуирање на информации.
 
Е оти да не ти биде убаво бе Боди, ами еден живот е, ај седи како монах и трпи оти се греота животните, или растенијата.
Ни плакета даваат, ни фала викаат ако си многу духовен. Фала му на госпо што не постои, иначе жар на мевот не ни бегаше.
 
Ама нели се согласи дека веганите исто се штетници, дури и поголеми бидејќи за свои потреби уништуваат нешто за што со ништо не придонеле да постои, туку е целосен резултат на мајката природа, што сега пак се повикуваш дека си хуман и етички се однесуваш, кога утврдивме дека не е така.... Значи и за на веганскиот гз да му е убаво, мора да умре животински свет.

Сега бидејќи (ова сериозно го мислам) ти си читал, а и самиот кажуваш дека ти си во состојба која сметаш дека разбираш, што те кошта да објасниш....
Ете те прашав зашто елитата јадат месо ко луди, а се здрави и долговечни?
Сметаш ли Светскиот економски форум му мисли добро на обичниот народ?
 
Универзумов ти вика фала по некад, блаженство го викаат тоа некои луѓе...bliss што би рекле англичаните.
 
Кошер кујната е многу строга по ова прашање,лично сум сведок.Ептен имаат развиено свест по ова прашање,дури и плодовите што ги јадат се по ептен строга контрола.Животното го убиваат без да осети никаква болка,у дел од секундата и се најхумани по ова прашање

Според теорија, така е, но во реалноста не сите евреи се дисциплинирани, затоа имаше видеа тајно снимени, во кланици за Кошер храна, каде јасно се гледа дека не се придржуваат до тоа правило, за брзо и безболно колење.
 
Ама нели се согласи дека веганите исто се штетници, дури и поголеми бидејќи за свои потреби уништуваат нешто за што со ништо не придонеле да постои, туку е целосен резултат на мајката природа, што сега пак се повикуваш дека си хуман и етички се однесуваш, кога утврдивме дека не е така.... Значи и за на веганскиот гз да му е убаво, мора да умре животински свет.

Сега бидејќи (ова сериозно го мислам) ти си читал, а и самиот кажуваш дека ти си во состојба која сметаш дека разбираш, што те кошта да објасниш....
Ете те прашав зашто елитата јадат месо ко луди, а се здрави и долговечни?
Сметаш ли Светскиот економски форум му мисли добро на обичниот народ?
За елитата народот е стока, тоа е барем едноставно да се разбере. Сепак политиките не се секогаш тоталитарни и не секогаш одат со сила, уствари патот кон пеколот ни го поплочуваат со мермер.
Состојбата како да ти ја објаснам...compassion, ако не го осетиш ова нема повеќе муабет.
Иначе штета се прави, сум спомнал и порано, дури и џаинистите кои гледаат на мравка да не згазат и одат боси и живеат прилично аскетски живот се осеќаат грешници. Полињата за жито ќе си останат полиња за жито, само што нема да има посредници(животни) за производство на месо....просто е.
 
Универзумов ти вика фала по некад, блаженство го викаат тоа некои луѓе...bliss што би рекле англичаните.
Универзумот ништо не ти вика.
Сонцето сабајле ќе изгрее и со тебе, и без тебе, и со твојата добрина, и без неа.
 
Ти кажува, само треба да се потрудиш да се синхронизираш. Тебе ти фали природа и медитација, премногу се имаш посветено на социјален живот. Ама за да уживаш у природата и да слушаш што ти кажува треба да се потрудиш малку.
 
:ајнапиво:
 
Од аргументи за хранливи вредности и посерување на сите аргументи дека вегетаријанската/веганската храна е поздрава од јадењето месо, префрлување на медитација и природа, т.е. етички вредности. Терај магарето ако се водиш по тие правила, тогаш легитимна е етичката вредност за тебе (ако се чувствуваш така подобро), ама да серете овде како таа исхрана била поздрава од јадењето месо е без врска. Апни си телешки џигер ко човек, ќе видиш колку телото ќе ти биде благодарно. :)
 
Според теорија, така е, но во реалноста не сите евреи се дисциплинирани, затоа имаше видеа тајно снимени, во кланици за Кошер храна, каде јасно се гледа дека не се придржуваат до тоа правило, за брзо и безболно колење.
Збориме генерално,ги фатија и со стеблата постари од 3 години што е спротивно на правилата.Јас работам со Кошери моментално,еден влезе по грешка со сладолед у кујната за месо и моментално ја затворија наредни 48 саати да не работи,па ја дезинфецираа,ја гореа со огнови и еден од побитните менаџери остана без работа
 
Од аргументи за хранливи вредности и посерување на сите аргументи дека вегетаријанската/веганската храна е поздрава од јадењето месо, префрлување на медитација и природа, т.е. етички вредности. Терај магарето ако се водиш по тие правила, тогаш легитимна е етичката вредност за тебе (ако се чувствуваш така подобро), ама да серете овде како таа исхрана била поздрава од јадењето месо е без врска. Апни си телешки џигер ко човек, ќе видиш колку телото ќе ти биде благодарно. :)
Тој аспект не го дискутирам, не успеале луѓе на дебатни емисии у живо со саати да се разберат, овде ние сигурно нема да се разбереме.
Ќе земам печурки ќе јадам, со печен сладок компир како замена за телешки џигер, пробај некад.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom