Кризата е заради санкциите кон Русија. Ако нема санкции ќе нема и криза. Но Русија никогаш не била допадлива држава за западниот свет, а авторитарен лидер како Путин никогаш нема да биде прифатен како лидер на Европа, така што - тоа е што е.
Репликава беше само колку да ти покажам дека многу ми е јасно што се случува и да те информирам дека многу лесно си поминувам во животот без разлика на ситуацијата.

Нема да имам понатамошни реплики.
Не се обидувај да ме претставиш како дволичен - нема поента. Мислењата од почеток ми се дека Русија е виновна за војнава затоа што они извршија инвазија. Исто ќе беше ако ја нападнеа Естонија, Казахстан или Монголија. Ако тоа доведеше до светска криза - пак ќе јадев гомна против Русија.
Муабетов со "егзистенцијално прашање за Русија" е очигледна когнитивна дисонанца повторувана од многу членови. Јас до смрт ќе стојам на ставот дека ниту еден НАТО војник немаше ни метар да влезе во Русија (а не па да ја бомбардираат со ракети) ако Русија си гледаше во дворот. Ама неееее - морале они да
денацифицираат,
демилитаризираат,
бранат Руско население,
излезат на море, уништуваат соседна држава и тероризираат цивилно население затоа што нивната држава била под егзистенцијална закана