Ти ако мислиш дека ако Русија фрли нуклеарка на Украина, западот ќе го прифати тоа туку-така и дека војната (а со тоа и кризата) веднаш ќе заврши - тој од аватарот не ти е рамен.
На нас останатите што не сме пристрасни кон Русија јасно ни е дека кризава ќе трае сè додека не се смени целокупната власт во Русија (а за да се случи ова треба да има пуч/граѓанска војна), или кога западот ќе стане целосно независен од Русија во поглед на ресурси. Но во никој случај не очекувам враќање на работите во нормала во скоро време затоа што не очекувам Русија да се повлече од Украина (нажалост).
Веќе имам кажано - војната многу лесно може да заврши ако Русија се повлече од Украина. Тоа нема да ја сопре кризата (инфлацијата) низ светот затоа што западниот свет нема да продолжи да соработува со Русија дури и при ваков исход (минимум ќе мора да има смена на Путин и компанија). Но ако Русија излезе како некаков победник? НИКОГАШ нема да се вратат работите во нормала. Има многу лицемерие во западниот свет, да - но не верувам дека би прегазиле сè што збореле и правеле изминативе 8 месеци.
Да, што ќе направи западот?
Единствено нешто што може да направи западот во таква ситуација е да им ги прати Полјаците да гинат, уште едни усвитени петарди, во ниту еден случај нема да видиш директен напад од САД врз Русија, ниту пак било која западна сила: Англија/Германија/Франција, оти дури тогаш ќе видиш што е рестарт на светот.
Поарно луд отколку дволичен како вас. Колку пари прати ти на Украинците за да ги поткрепиш, колку бегалци имаш во моментов во станот, и колку пари планираш да им праќаш секој месец за да ја изградат државата ако прекине војната?
Еве јас ти кажувам дека се додека има отворени донации за луѓе кои не можат да врзат крај со крај во Македонија, немам намера да потрошам ниту еден денар на некој од надвор. Дали ова ме прави полоша личност од вас кои навивате за да се разгорува огнот, или вас кои наместо да го гледате нашиот двор, и нашите проблеми, глумите многу загрижени за сите други?
Си видел колку народ ти трпи за леб во државата? Си видел колку народ не може да плати ниту една сметка? Си видел колку фирми се на раб пред колапс во државата? Си видел што ти прават шипците во твојата држава, па се загрижи како биле тероризирани други земји во светот?
Русија нема да се повлече од Украина оти за разлика од западот ова за нив е егзистенцијално прашање. Ако не покажат лекција таму, никогаш нема да направат држава.
Работите нема да се вратат во нормала ни ако победи Украина, последно нешто што сакаш е тоталитарна моќ само на една сила и немање на баланс во светот. Дури тогаш ќе видиш со кое темпо ќе менуваат влади и политики твоите грижливи сопственици. Силни Русија и Кина се единствениог гарант на мир во наредни 50-100 години, се друго значи слободен пазар на робови за западњаците, и уништување на земји преку ноќ ако им затреба нешто што има во таа земја.