Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.324
- Поени од реакции
- 34.926
Не дека ми е жал за билмезите кои носат сакапа облека, но ова е загрижувачки тренд кој веќе некое време е пракса во САД. Не за облека ама за пари. Имено кај нив нема закон против употреба на голема сума кеш во продажба/купување (замисли, таков закон имаме овде) арно ама имаат некоја сива зона во регулативите според која џандарите може да конфискуваат поголеми суми пари ако „се посомневаат“ дека парите ќе бидат употребени за купување нелегални работи/контрабанда. И така има мноштво случаи каде секојдневен Џо извадил пари од банка и иде во друга држава на договорено да купи половно ауто... Го застануваат џандари на рутинска контрола и му ги одземаат парите. Ова не се изолирани случаи, повеќе ги има. Џандарите имаат инцентива да го прават тоа, пошто дозволено им е одземените пари да ги користат за полициски потреби(!). Не се заебавам.Холандската полиција ќе соблекува млади кои носат облека „прескапа за нив“
Холандската полиција од Ротердам започна пилот програма во која планираат да конфискуваат скапа облека и накит од млади луѓе кои ќе им изгледаат премногу сиромашно за да го имаат тоа на себе. Ако „осомничените“ не докажат како купиле нешто што го носат, тоа ќе им биде конфискувано. Џамахирија на европски начин.
Автоматски споено мислење:
Последно уредено: